Езерото празно, чека зголемување на водотеците

Охридското Езеро од ден на ден е се повеќе и повеќе празно. Искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено. Топењето на снегот од околните планини, евентуални нови врнежи од снег или дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Езерото. Во секој случај, оваа година сигурно нема да се повтори сликата од годините кога Езерото беше преполно. А, дали се претера со празнењето, останува времето да покаже! WebOhrid

повеќе...

Галеб улови крап

Повреден крап доплива кај старото пристаниште. Но, со оглед на тоа што нивото на вода на овој дел од Охридското Езеро е намалено, тој заврши како плен за галебите. И покрај тоа што крапот е релативно поголем, галебот храбро го колваше. WebOhrid

повеќе...

Со одбележувањето на Денот на рибарите завршија Богојавленските празнувања

Денес на Сараиште со капење во осветените води на езерото, беше одбележан „Денот на рибарите“, со што се заокружуваат Богојавленските празнувања. За големиот народен собир традиционално, Локалната самоуправа за сите присутни подготви рибна чорба, греана ракија и вино, плашици и пача. Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека и со оваа уникатна традиција Охрид станува препознатлив, а бројот на гостите што за Богојавление присустуваат во Охрид постојано расте. „Ова е ден кога граѓаните се ослободуваат од секојдневните стеги, кога можат да поразговараат во една релаксирина и весела атмосфера за нашите обичаи и…

повеќе...

Црвен крст Охрид со низа активности за Водици, но и со препораки до скокачите по крстот

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2017 (среда), традиционално Градончалникот на општина Охрид-Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2017 г. (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и…

повеќе...

Празнична свеченост по повод празникот „Богојавление“

Со промоција на документарниот филм „Танцот на пастрмката“ и изложба на подводна фотографија, што ќе се одржи на 17 јануари во Центарот за култура „Григор Прличев“, започнуваат чествувањата за претстојниот празник „Богојавление – Водици 2017“. Главната манифестација ќе се одржи на 19 јануари, каде во 10 часот на Градското пристаниште ќе започне големиот Богојавленски водосвет, а претходно во 07 часот ќе се одржи Утрена богослужба, во 08:30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија, а во 09:45 часот поаѓа литиите кон Градското пристаниште. Во 12 часот на „Сараиште“ ќе се…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на ул „Ариф Мустафа“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект кој настана во утринските часови ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Ариф Мустафа“ до 12:00 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на санација на дефектот.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на ул.„Славеј Планина“ и дел од „Партизанска“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија на ул.„Партизанска“, ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Славеј Планина“ и дел од ул.„Патизанска“ во период од 09.30ч.до 13.00ч.

повеќе...

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на главна водоводна линија ф450мм, утре, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „1-ва Мак.ударна бригада“,„15-ти Корпус“, дел од ул.„Питу Гули“ и дел од с.Лескоец. Прекинот ќе биде од 08:00 часот па се до отстранување на дефектот.

повеќе...

Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа

Градоначалникот Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат во Требеништа, каде започна да се врши Реконструкција на водоводната мрежа во селото. Согласно проектната документација предвидено е да се изгради целосно нова водоводна мрежа, со вкупна должина од 6,5 км, изведена од полиетиленски цефки со дијаметар ф-110мм, ф-90мм и ф-75мм, во моментов изведени се над 2,0 км водоводна мрежа. Реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа е дел од Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води” кој го реализира Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски…

повеќе...

СДСМ: Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Денеска охриѓани и стружани го доживеаа најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење. Граѓаните од Охрид и Струга денеска останаа без вода за пиење поради долгови на меѓуопштинското водоснабдително претпријатие Проаква. Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е лошото, недомаќинско менаџирање на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Токму сегашниот директор на Проаква, Паскалоски е човекот кој го заглави до…

повеќе...