Почувствуван земјотрес во Охрид

Денес во Охрид во 11:42 часот беше почувствуван земјотрес. Според сеизмолошките податоци, неговиот епицентар е 7 километри западно од Охрид, на длабочина од 2 километри под Охридското Езеро, со интензитет од 2.7 степени според Рихтер. WebOhrid

повеќе...

Подигнато спомен-обележје во Ливоишта во чест на Благојче Крстаноски

Денес во селото Ливоишта беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски, професионален војник на АРМ, кој го загуби животот на 8 април 1999 година на караулата Блаце. Спомен обележјето со сесрдна помош на Општина Охрид го постави Организацијата на резервни офицери на Република Македонија. На денешната церемонија во името на Општина Охрид се обрати градоначалникот Никола Бакрачески: „Денешниот ден е исполнет со емоции кои ја отсликуваат тагата по прерано загинатиот Благојче Крстаноски, но и емоции исполнети со гордост што Благојче го имавме меѓу нас, кој на олтарот…

повеќе...

Викендов на „Матка“ ќе се одржи 49 Илинденски кајак слалом

На патеката „Матка“ крај Скопје претстојниот викенд (8 и 9 април) ќе се 49 традиционален Илинденски кајак слалом – ИКАС. По тој повод во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција на која беа презентирани очекувањата на организаторите од реномираниот меѓународен спортски настан. „Со организацијата и поддршката на 49-от традиционален Илинденски кајак слалом „ИКАС“, Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја потврдува својата заложба за промоција на Матка како едно од најдобрите места на Балканот за овој спорт, но и за промоција на спортскиот туризам. Станува збор за една…

повеќе...

Во четврток Охрид и околните населени места ќе останат без вода

На 06.04.2017 година (четврток), екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид ќе вршат интервенции на водоводната мрежа, односно преземање редовни годишни активности како што се: измивање на резервоари и водоводни линии, поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти. Акцијата опфаќа измивање и дезинфекција на сите резервоари и водоводни линии поради што ќе има прекин на водоснабдувањето во град Охрид и околните населени места чии водоснабдителни системи се под надлежност на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид. Прекинот ќе трае во…

повеќе...

Институтот за јавно здравје на РМ ќе го одбележи 22ри март – Светскиот ден на водата

Институтот за јавно здравје на РМ денес ќе го одбележи Светскиот ден на водата (22ри март) пред Дом на АРМ, на улица Македонија (зад Мајка Тереза) од 10:30 до 14:00 часот со Саем на вода.  Граѓаните ќе добијат промотивен материјал со информации за значењето и влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето на населението и превенција од болести поврзани со небезбедна вода за пиење, и податоци од одговорите на анкетата на www.iph.mk за тоа колку и од каде најчесто се информираме за поврзаноста на водата со здравјето. Годинава светското…

повеќе...

Во тек е реконструкција на пумпната станица во Св.Еразмо

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета на Пумпната станица во Св. Еразмо, каде отпочнаа градежните активности околу реконструкција на Пумпната станица. Имено кај Пумпната станица во Св.Еразмо која е дел од водоснабдителниот систем за селата Оровник, Горенци, Требеништа и Подмолје, планирано е да се изврши прочистување на бунарот кој е длабок 80 метри, замена на старата пумпа со нова помоќна и поекономична пумпа, поставување на нов хлоринатор, замена на електрониката за автоматско функционирање на пумпата, како и замена на фасонските делови од истата. За реконструкцијата на…

повеќе...

Известување за услужни дејности поврзани со водениот превоз

Општина Охрид ги информира и потсетува сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, согласно член 52 од Законот за туристичка дејност, потребно е истите да се регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Физичките лица кои поседуваат вакво РЕШЕНИЕ потребно е да поднесат ново БАРАЊЕ за вршење на туристичка дејност бидејќи истото е со важност од…

повеќе...

Анкета за влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето

Институтот за јавно здравје на Република Македонија на официјалната интернет страница (http://iph.mk/anketa), постави анкета за влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето, по повод Светскиот ден на водата 22 март. Анкетата е по повод Светскиот ден на водата 22 март, со што Институтот за јавно здравје ја почнува годинешната кампања, како една од многуте превентивни дејности. Институтот  за јавно здравје на Република Македонија повеќе од десет години го одбележува Светскиот ден на водата во Македонија, со цел да ја подигне свеста кај општата популација за значењето на безбедната вода за…

повеќе...

Лазаревска: Локалната под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Езерото заради производство на струја

Бараме од локалната власт под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Охридското Езеро заради производство на струја. Преку вчерашната реакција на Општина Охрид стана јасно дека градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници знаеле за штетите што му се нанесуваат на езерото, но досега не презеле ништо за да го спречат алармантното намалување на нивото на водата. Ова денес го изјави Жаклина Лазаревска, Пратеник во Собранието на Р. Македонија од редовите на СДСМ. „Наместо да обвинува за политизација и партизација, локалната власт мора конечно да се зафати со…

повеќе...

СДСМ: Бакрачески и локалната власт веднаш да одговорат зошто е паднато нивото на водата во Охридското Езеро

ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?! Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат. Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на…

повеќе...