Денес во селото Ливоишта беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски, професионален војник на АРМ, кој го загуби животот на 8 април 1999 година на караулата Блаце. Спомен обележјето со сесрдна помош на Општина Охрид го постави Организацијата на резервни офицери на Република Македонија. На денешната церемонија во името на Општина Охрид се обрати градоначалникот Никола Бакрачески: „Денешниот ден е исполнет со емоции кои ја отсликуваат тагата по прерано загинатиот Благојче Крстаноски, но и емоции исполнети со гордост што Благојче го имавме меѓу нас, кој на олтарот…
повеќе...Tag: војници
Средношколците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се информираа за војничката професија
Денес во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се одржа презентација на тема „Популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија“. Презентацијата беше организирана од страна на претставници на Министерството за одбрана и припадници на Армијата, потполковник Митко Богданоски, професор во Воената Академија и капетан Жарко Блажески. Целта на оваа презентација беше информирање на средношколците за правата, обврските, животот и работата на војниците, професионалните војници и старешините, како и зголемување на нивниот интерес за најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и…
повеќе...Нови 125 војници во редовите на Армијата на Република Македонија
Министерството за одбрана и Владата продолжуваат со политиката на прием на професионални војници и пополнување на Армијата на Република Македонија. Ова е првата група од 125 професионални војници за оваа година, а веднаш започнуваме и со нов конкурс за 90 професионални војници и 25 лица со високо образование со специфична струка која и е потребна на Армијата, како лекари, психолози и инженери. Тоа го истакна министерсот за одбрана, Зоран Јолевски на свеченоста за прием на 125 професионални војници, која се одржа денеска во скопската касарна Илинден. Министерот додаде дека 48…
повеќе...29та генерација војници на доброволно служење воен рок дадоа свечена заклетва
Заменик министерот за одбрана, Беким Максути денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во – Велес, им ја честиташе свечената заклетва на 29та класа војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија. „Да се биде дел од Армијата на Република Македонија е чест и гордост не само за Вас војниците туку и за Вашите родители, за Вашите семејства, за секој граѓанин. Со заклетвата, Вие се обврзавте да го чувате и браните уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитет на државата и да му служите на народот“ – истакна заменик министерот…
повеќе...Решен статусот на војниците и пожарникарите
Се решаваат проблемите на граѓаните. За разлика од порано, кога министрите и директорите на јавните претпријатија седеа во своите удобни фотелји и не знаеја со какви предизвици се соочуваат луѓето, оваа Влада покажа дека може да се работи и на поинаков начин, преку директни средби и теренски посети да се воочат условите и отворените прашања, да се најде решение во рамки на можностите. Згрижување на поранешните професионални војници Се исправа неправдата кон поранешните професионални војници во АРМ. Владата донесе одлука – 112 поранешни припадници на професионалниот состав на Армијата ќе…
повеќе...Јавен оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Македонија
Врз основа на член 37 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14,33/15 и 193/15), член 1 од Правилникот за начинот за спроведување на постапката за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.165/2014), Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр.01-4108/1 од 19.08.2014 година…
повеќе...Заокружен процесот за прием на 250 професионални војници во 2015 година
Денеска, Министерството за одбрана го објави Решението за прием на кандидати за професионални војници во служба на АРМ. Од Министерството истакнуваат дека кандидатите поминале низ ригорозен процес на селекција, која и овој пат вклучувула 24-дневен селективен курс, организиран и воден од Полкот за специјални операции. Со заокружувањето на приемот на втората група од 125 професионални војници целосно се реализираше најавениот процес за прием на 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија. Со приемот на професионалните војници, Армијата на Република Македонија продолжува со пополната на своите редови и тоа со…
повеќе...Министерот Јолевски ги повика заинтересираните млади луѓе да се пријават на огласот за пилоти во Армијата
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за време на денешната презентација на петтата генерација слушатели во Центарот за обука на пилоти ги повика сите граѓани на Република Македонија, кои имаат завршено високо образование, говорат англиски јазик и се помлади од 28 години да се пријават на конкурсот за обука на пилоти. Оние кои ќе го поминат селективниот процес воден од искусни пилоти-инструктори од Израел ќе имаат можност да добијат висококвалитетна обука и да станат пилоти на Армијата на Република Македонија. Јолевски за кадетите истакна „Пред нас се талентирани…
повеќе...Учество на припадниците на АРМ на „6-те Воени светски игри “ во Јужна Кореа
Екипа на АРМ од 2-ри до 12-ти октомври, учествува на „Шестите воени светски игри“ во Јужна Кореа, кои се во организација на Меѓународниот совет на воени спортови (МСВС). На најпрестижниот и најголем спортски настан каде учествуваат сите армии во светот, членки на МСВС, припадниците на АРМ ќе се натпреваруваат во следните спортски дисциплини: борење-слободен стил, трчање на 800, 1500, 5000 и 10 000 метри, како и маратон на 42 километри. Шестите воените светски игри се одржуваат во градот Мунгијонг, Јужна Кореа под мотото „Пријателството низ спортот“, каде припадниците на АРМ ќе…
повеќе...Јолевски: Најдобрите ќе бидат селектирани да бидат идни пилоти на Република Македонија
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денес во касарната „Страшо Пинџур“ имаше свое обраќање по повод Денот на воздухопловната бригада при што порача: „И оваа година министерството за одбрана продолжува со реализација на поставените приоритети и цели меѓу кои е и подобрување на условите за живот и работа на припадниците на АРМ. Веќе е започнат процесот за потполна на единиците на АРМ со нови професионални војници и отворен е повикот за отпочнување на обука за образование на нови пилоти.“– истакна Јолевски. Со своето обраќање министерот Јолевски упати апел…
повеќе...