После дожд – сонце

По дождливата ноќ во Охрид и слабата снежна покривка на Петрино, сонцето и тоа како беше добредојдено. Голем број охриѓани излегоа на прошетка, а вообичаена слика на каналот „Студенчишта“ за време на викендите се и рибарите. Според УХМР, и утре не очекува претежно сончево, но малку потопло време, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.  WebOhrid

повеќе...

Почнува зимското сметање, стрелките одат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето. Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. Отпрвин договорот…

повеќе...

Циклон доаѓа кон Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност претпладне. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени. До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе…

повеќе...

Од денес календарски започнува есента

Календарски од денес на северната Земјина полутопка започнува есента. Новото годишно време ќе започне точно во 22 часот и 02 минути. Во исто време за жителите од јужната Земјина полутопка започнува пролетта. Денот ќе трае 12 часа и 14 минути. За првиот есенски ден метеоролозите најавуваат сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 16 до 23 степени. Есента ќе трае до 21ви декември…

повеќе...

Разладување со отворена врата при возење

Жешкото време и високата температура се непријатни и за возачите и за патниците кои се превезуваат. Возачите кои имаат понови автомобили не може да замислат возење без клима, а оние со стари автомобили кои немаат клима мораат да бараат начин за разладување, возат со отворени прозорци, па дури и врати. WebOhrid

повеќе...

Дестабилизацијата на времето ги избрка гостите од плажите

Ветерот, разбранетото езеро и слабиот дожд ги избрка туристите од охридските плажи. За момент се создаде метеж во сообраќајот од автомобили кои се упатуваа кон Охрид. Утре ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд, а ќе дува и ветер од северен правец. Температурите ќе опаднат и ќе се движат од 21 до 29 степени. Од вторник, не очекува стабилизирање на времето со постепено покачување на температурите. WebOhrid

повеќе...

Продолжениот празничен викенд го исполни излетничкото место Корита

Топлото време и продолжениот празничен викенд за Рамазан Бајрам го наполнија градот Охрид со гости. Речиси полни плажи, гужва во чаршијата, но сепак многумина се одлучија викендов да го поминат и на излетничките места. Љубителите на природата го искористија денот за прошетка во планина, правење скара со пријателите, но и ладење со чистата изворска вода на излетничкото место Корита, на планината Галичица. WebOhrid

повеќе...

Од денес календарски започнува летото

На северната Земјина полутопка денес 21-ви јуни, календарски започнува летото и ќе трае до 22-ри септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата. Летото почнува во 06:24 чaсoт, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. За првиот летен ден метеоролозите најавуваат променливо облачно време со услови за слаб дожд, со температура до 26 Целзусови степени. WebOhrid

повеќе...

УХМР предупредува на можна појава на невреме со град и засилен ветер

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни маси, претежно од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер и силни електрични празнења. Локално процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме, особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат изобилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник. Од УХМР најавуват дека е можна и појава на невреме со град и со засилен ветер и…

повеќе...