Во Велгошти ќе се врши проценка на штети на земјоделските насади од невремето

Поради настанатите штети на земјоделските насади од невремето, Комисијата за проценка на штети, денес во 11 часот ќе врши увид во Велгошти.

повеќе...

Од понеделник заладување за пет до шест степени

Опаѓање на температурата за пет до шест степени се очекува од утре вечер кога Македонија ќе ја зафати влажен бран, проследен со поројни врнежи, грмежи и засилен северен ветер. Како што информира УХМР, промената на времето ќе почне утре попладне и во вечерните часови, а на места ќе наврнат и над 25 литри дожд на метар квадратен. Поројни врнежи и грмежи се очекуваат особено во северозападните и источните делови од земјава. И во понеделник ќе има повремени врнежи дожд, најмногу претпладне. Кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста…

повеќе...

Од ноќеска започнува летното сметање на времето

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, ноќеска по полноќ во 2 часот почнува летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава.  Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји. Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се…

повеќе...

Од денес календарски започнува пролетта

Денес, на северната полутопка на Земјата, во 11 часот и 28 минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски започнува есента. Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. За првиот ден од пролетта метеоролозите најавуваат сончево време со мала доумерена облачност, со максимална температура до 23 степени. Пролетта ќе трае до 21ви јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 25…

повеќе...

Снежно мартовско утро

Утрово Охрид се разбуди со слаба снежна покривка. Студениот бран во текот на ноќта донесе снег, кој полека се топи поради порастот на дневната температура. Во 08:00 часот во Охрид беа измерени 3 ºС. WebOhrid

повеќе...

Уникатен Охрид – уникатни зајдисонца

Охрид со својата местоположба е уникатен по многу нешта, а деновиве најзабележителни се зајдисонцата. Денес пред зајдисонце имавме прилика да забележиме мало вертикално виножито над стариот дел на градот. Само за споредба погледнете го зајдисонцето вчера (21.02.2017). WebOhrid

повеќе...

Нови врнежи од снег и заладување

Врнежи од снег со слаб интензитет најави за ноќеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите ќе почнат од југозапад откако нашето подрачје ќе потпадне под периферно влијание на циклонска активност во Медитеранот. Утре врнежите од снег ќе бидат повремени. Во југоисточните делови ќе има и дожд и снег, а во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините ќе биде од пет до 10 сантиметри. Во среда претпладне ќе има врнежи од снег со слаб интензитет, а…

повеќе...

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Плетвар, Стража, Пресека

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на планинските превои Плетвар, Стража, Пресека и на патниот правец од крак Маврово кон Дебар и обратно. Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај. Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден поради големи снежни наноси. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонијапат. Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Кичево,…

повеќе...

Од утре нови врнежи на снег

Од утре попладне во северозападните делови, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините за 10 до 20 cm. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка. Утре ќе дува умерен, повремено и засилен јужен ветер, што ќе…

повеќе...

Забрана за тешки товарни возила на Маврово, Ѓавато и Деве Баир

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Маврово, Ѓавато и на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир. Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман,Гошинце и Алешевце. Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.

повеќе...