Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, додека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Од 17:00 часот патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови – Дебар и обратно, поради врнежи од снег сообраќајот е оспособен за патнички моторни возила, но во отежнати услови, додека забраната за движење на тешки товарни возила сеуште важи. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
повеќе...Tag: време
Македонија на удар на циклонот Викторија, ќе врне дожд и снег
Македонија денеска ќе биде на удар на циклонот Викторија. Не очекува променливо облачно попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Доцна попладне на повеќе места врнежите ќе се интензивираат па наместа ќе наврнат над 30 л/м2, особено во западните и јужните предели. На планините ќе се формира нова снежна покривка, наместа и над 20 цм нов снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 12 степени. Извор: Нет Прес
повеќе...Утре суво и потопло, во недела дожд и снег
Во Македонија утре се очекува стабилно, суво и потопло време. Во недела и во понеделник под влијание влажен бран од Медитеранот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места од дожд и снег, соопшти УХМР. Особено обилни врнежи се очекуваат во западите и јужните делови од земјата каде на повеќе мета ќе наврнат над 30 л/м2. Врнежите ќе продолжат и во понеделник. Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и затоплување на времето. Според агрометеоролозите, временските услови и…
повеќе...Од утре започнува летното сметање на времето
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, утре во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава. Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји. Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува…
повеќе...Во недела започнува летното сметање на времето
Во недела, на 29 март, започнува летното сметање на времето. Часовниците треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот. Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји. Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се…
повеќе...Снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. На Попова Шапка провејува снег со слаб интензитет кој не се задржува на коловозот.
повеќе...Не очекуваат врнежи од дожд и снег
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од осум до 15 степени. Во Охрид, времето денес ќе биде сончево и потопло, со максимална температура до 11 степени. Од утре, недела во попладневните часови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат со променлив, а во понеделник во западните и јужните делови со обилен интензитет.
повеќе...Календарски започнува пролетта
Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денес во 23 часот и 45 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17:44. Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред. За првиот пролетен ден метеоролозите најавуваат сончево…
повеќе...Забранет сообраќајот на локалниот пат Кратово – Каврак поради обилни врнежи од снег
Според ДЦС МВР, регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во с.Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила. На локалниот пат Кратово-Каврак забранет е сообраќај поради обилни врнежи од снег. Патниот правец Киселица –Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила.Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец –Злетово. Во општина Кратово сообраќајот во планинскиот дел не се одвива поради паднатиот снег во висина од 50 см. Како последица на последните снежни врнежи во прекин е сообраќајот кон селата: Ехлоец,…
повеќе...Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар
Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на крак Маврово – Дебар. Сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража е нормализиран. Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките места во северозападниот дел од републиката, додека во останатиот дел врне дожд.
повеќе...