Дожд и снег до сабота, од понеделник стаблно време

Метеоролозите за попладне најавуваат врнежи и до 25 литри дожд на метар квадратен, а на повисоките места и во дел од низините во северниот дел на Македонија и снег. На планините во следните часови и во текот на ноќта ќе наврнат нови 20 сантиметри снег. За утре се предвидува засилен ветар од северен правец, нови врнежи од дожд посебно во источна Македонија. Во овој дел од земјава врнежите ќе бидат поинтензивни, посебно во сабота. На планините во првиот ден од викендот ќе има нови врнежи од снег, посебно во југоисток,…

повеќе...

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. На патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лескоица има пропаѓање на патот од 200м на кој е извршена санација. Поставена е содветна сигнализација за внимателно управување со возилата.  На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Според информациите добиени од Ј.П. Македонија…

повеќе...

Утре се очекуваат обилни врнежи од дожд, надлежните ја следат состојбата

Денеска се оддржа состанок на Координативното тело за превенција од природни непогоди. На состанокот се разгледуваше моменталната хидролошка состојба во Република Македонија и беа предвидени потребните мерки за превенција во наредниот период. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, во недела во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд од 20л/м2 до 40л/м2. Исто така, согласно прогнозата во среда се очекуваат нови врнежи од дожд со интензитет од над 30л/м2. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови на Република Македонија. Исто така, беа дадени насоки на…

повеќе...

Во недела се очекуваат обилни врнежи од дожд

Кооринативното тело известува (според информаците добиени од УХМР) дека во недела 22-ри февруари, под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекува обилни врнежи на дожд. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Координативното тело повторно упатува на препораките до Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР. · градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, · градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК,…

повеќе...

Не очекува дождлива пролет и нова опасност од поплави

Еден од најпопуларните метеоролошки сервиси на светот, „Aкjуведер“ објави сезонска прогноза за оваа пролет во Европа. Според овој портал за временска прогноза, пролетта на Балканот ќе биде постудена од вообичаено, односно температурата во просек ќе биде пониска. Циклонската активност ќе биде поизразена на југ на Европа, односно каква што беше зимава, ќе продолжи и во почетокот на пролетта. Исто така, според прогнозите на порталот се очекува Балканот да биде погоден од поплави. Ова е сезонска прогноза која се однесува на март, април и на мај и, сепак, има свои ограничувања.…

повеќе...

Од утре не очекува заладување и снег

Од утре, особено во западните делови на земјава се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Кон крајот на денот под влијание на продор на многу студена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, а повремено и силен северен ветер, кој во наредните денови ќе предизвика значителен пад на температурите, информираат од  УХМР. Како што велат од УХМР, особено силен ветерот се очекува во понеделник, кога брзината ќе достигне и над 80 километри на час. Во понеделник и среда ќе има и повремени слаби врнежи од снег. Утринската температура најниска ќе…

повеќе...

Исчистени наносите од песок и земја низ улиците во Пештани

Улиците во Пештани кои деновиве беа затрупани со наноси од песок и земја од невремето, денес се исчистени од страна на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и ЈП Македонија-пат“. Фото: А.Андриоски

повеќе...

Состојба во Македонија по обилните врнежи од дожд

Битолски регион Во општина Битола, во атарот на с.Кукуречани, над селото појавено е свлечиште во должина од околу 30 метри. Во изминатите два дена, подигнат е насипот на р.Драгор во близина на селата Трн и Карамани. Исто така, подигнат е насип на Логовардскиот канал, со цел да се запре навлегувањето на вода во селото Логоварди. Во општина Могила, од страна на ЕЛС Могила се изработуваат списоци на стари и изнемоштени лица од населените места кои ќе бидат евакуирани во старски домови. Према повеќе населени места не функционира јавниот превоз на…

повеќе...

Од утре се очекуваат пообилни врнежи и засилен ветер

Утрово во општина Битола се одржа состанок на локалното Кооринативното тело за спасување со кризи, на кој што присуствуваше и министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, при што се разгледа моменталната состојба во општина Новаци и предизвиканите штети од поплавите. Согласно најавите од УХМР, од утре под влијание на влажен бран од запад ќе има врнежи од дожд, а локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во…

повеќе...

Нов бран на врнежи од утре, препораки од координативното тело

Кооринативното тело известува (според информаците од УХМР) дека нов бран врнежи се очекува утре во вечерните часови и во петок попладне после 14 часот. Имено поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд (локално над 25 л/м2) ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер. Координативното тело исто така информира дека поради големото количество надојдена вода на река Црна поради рушење на 9-от канал и насипите, а со цел да не се поплави населеното место Новаци, денеска ќе се пресече Регионалниот пат 1311, делница…

повеќе...