Минусни температури во цела Македонија – утре се очекува снег

Температурите во сите делови на Македонија утринава беа под нулата, а најниските температура се измерени во Битола и во Берово каде живата на термометрите се спуштила до минус 10 Целзиусови степени. Според мерењата во Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура во Лазарополе, Прилеп, Скопје Струмица и Тетово изнесувала минус осум Целзиусови степени, во Демир Капија, Куманово и Крива Паланка била минус седум, во Дебар, Дојран Гевгелија, Крушево, Маврово и Штип минус шест, во Охрид минус пет, а во Претор минус два Целзиусови степена. Во текот на денот се очекува умерено…

повеќе...

Владата донесе заклучоци и препораки во врска со аерозагадувањето

Владата на Република Македонија денес на вонредна седница расправаше во врска со зголеменото ниво на загаденост на воздухот, при што донесе повеќе заклучоци и препораки. Владата усвои заклучок со кој се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) во Градот Скопје и Општината Тетово (каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници), да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест…

повеќе...

До вторник стабилно и суво, од среда со услови за снег

Стабилно и суво време не очекува до вторник, а во среда ќе настапи извесна промена на времето. Ден пред Нова Година не очекува постудено време со услови за локални врнежи од дожд и снег.

повеќе...

Календарски почнува зимата

Рано утрово, календарски започнува зимата, поточно во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото. Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година,…

повеќе...

Првиот снег се очекува кон средината на јануари

Зимата кај нас официјално почнува во вторник, на 22 декември, во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото. Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно,…

повеќе...

УХМР: Oд утре затоплување

Од УХМР информираат дека од утре ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а преку денот температурите ќе бидат повисоки. Кон средината на оваа недела се очекува повторно затоплување, односно релативно топло време за овој период од годината.

повеќе...

Падна првиот снег на планината Кожув

Падна првиот снег на планината Кожув за оваа сезона. Снежната покривка изнесува околу 18 сантиметри. „Засега снежната покривка изнесува околу 18 сантиметри, но снежните врнежи и понатаму се интензивни. Очекуваме до крајот на денот согласно прогнозата за временските услови, снежната покривка да достигне од 25 до 30 сантиметри“, изјави Ангел Наков, извршен директор на ски центарот „Кожуф“ компанија чие седиште е во Кавадарци. Извор: Нет Прес

повеќе...

Остатоци од кашест снег на дел од коловозите

Поради магла намалена видливост до 100 метри има на планинскиот премин Пресека, на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 30 до 40 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 50 до 60 метри. Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонија Пат. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, Маврво, како и на планинските премини Стража…

повеќе...

По невремето зголемени активностите на ЈП „Охридски Комуналец“

После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниот ден. Невремето беше проследено со силен ветер, што допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред хотелот „Палас“. Денес се расчисти и просторот околу малото пристаниште. Активностите се реализираа по добиен налог од Општинскиот инспекторат и подигнати се вкупно 30м3 отпад. Интензивирани беа и активностите за расчистување и подигнување на паднатите лисја од коловозите, тротоарите и другите…

повеќе...

Од утре дожд и ветер, на планините снег

Дождот ќе почне попладнево. Утре пороен дожд во западните и крајните источни делови. МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ 1 Берово, 2 Струмица, 4 Скопје, Битола, Кр. Паланка, 5 Куманово, 6 Пожар, Гевгелија, Штип, 7 Пожаране, Лазарополе, Крушево, 8 Маврово, Ѓуриште, 10 Тополчани, Прилеп, Тетово, Претор, 11 Охрид, 12 Д. Капија. НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот. 1 во Лазарополе ВРЕМЕТО ДЕНЕС Променливо облачно, во крајните западни делови со повремени врнежи од дожд кои во ноќнте часови ќе се прошират насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел. Ќе дува…

повеќе...