Денес во 17 часот и 18 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според првичните податоци од Републичкиот сеизмолошки завод од Србија, епицентарот на овој земјотрес беше во централното подрачје од Охрид, на длабочина од 1 километар, додека пак неговиот интензитет изнесува 2,9 степени. Според податоците од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје, епицентарот на овој земјотрес се наоѓа 7 километри североисточно од Охрид. WebOhrid
повеќе...Tag: веб охрид
Време е за бизнис!
Време е за ајвар, време е за бизнис, но не само за оние кои што продаваат и препродаваат пиперки, туку време е за еден нов, необичен бизнис: „ПЕЧИМЕ ПИПЕРКИ ЗА АЈВАР евтино, квалитетно и брзо.“ Вакви огласи се залепени на повеќе бандери низ Охрид. WebOhrid
повеќе...Контејнерите треба да бидат без капаци!?
Новите пластични контејнери кои веќе неколку месеци се поставени во централното градско подрачје имаат капаци кои служат за нивно затворање, а со цел да се спречи ширењето на непријатна миризба, како и да не влегуваат и излегуваат мачки, па дури и кучиња од нив. Но, за брзо време граѓаните го кажаа своето… капаците се отворени, а мачките повторно „напаѓаат“. Којзнае, можеби нашите сограѓани ги сожалуваат мачките да не останат без храна, па на ваков начин им овозможуваат да се прехранат!?! WebOhrid
повеќе...Мостот од кај ОУ „Христо Узунов“ ќе се дислоцира на нова локација
Веќе подолго време безбедносниот мост над улицата „Питу Гули“ е затворен. Иако мостот им служеше на децата од ОУ„Христо Узунов“, но и на жителите од Горна Влашка маала за безбедно преминување преку оваа улица, сега ќе мора да се дислоцира. Виновници за тоа се вандалите, кои немилосрдно удрија по него: кршеа, корнеа, руинираа кај ќе стигнат и што ќе стигнат. Токму за тоа, овој мост беше затворен и не е во функција на училиштето, односно учениците, па и останатите граѓани. „Мостот беше во права смисла направен за безбедност на поминување…
повеќе...По пат одам – на пат прашам: Зошто служи огледалото на плевната во Велгошти!?
Ако патувате на пат кон Велгошти сигурно вашиот поглед нема да го одмине огледалото кое е поставeно на автентичната селска плевна над училиштето „Живко Чинго“ на пат кон црквата „Света Петка“. Она што е интересно е тоа што оваа корисна плевна на која стои старо ѕидно огледало неодамна беше реконструирана, но не во нов стил и изглед, туку токму онаква каква што и се изградила пред десетици години. И да биде уште поинтересно: огледалото одново е поставено тука, колку да се знае дека оваа плевна ќе биде уште долго активна…
повеќе...Писмо: „Писта“ од Ботун до Белчишта, а во Мешеишта!?!
Помина навистина долго време откако Општината Дебрца ни подметна „легнати полицајци“ во Мешеишта. Не се навикнавме на нив, ниту се означени ниту пак изгледаат дека се плански направени: некаде пошироки, некаде потесни, некаде повисоки, а некаде пониски… со други зборови – дива лига. Згора на тоа – урааа канализација!!! Ископани се сите можни улички низ Мешеишта. Успеавме сами да си ги санираме (барем малку) оние неасфалтираните улички, а на асфалтираните – ровови… ОПАСНО!!! Не дај боже некој што не ги знае да налета со автомобилот на нив! Без ниту еден…
повеќе...Атрактивни камп-приколки ја исполнија Туристичка
Летото во Охрид трае. Туристи има уште и тоа странски и полски и холандски, но и француски. И тоа забележително и атрактивно! Пример и доказ за продолженото охридско туристичко лето се и овие француски камп-приколки и камп-камионети кои ја исполнија Туристичка! WebOhrid
повеќе...Писмо: Кој и зошто ја заборава НОБ ?
По осамостојувањето,за жал,имаше и има периоди во кои се омаловажува НОБ и борбата против фашизмот,а некогаш и сега се негираат и нејзините успеси и нејзините херои. Со пепел не можат да се покријат за да се заборават 24 илјади млади луѓе кои ги дадоа животите(највредното кај човекот) свесни за своето загинување,но уште посвесни дека со нивната жртва ќе се создаде македонска држава кон која се стремеле нивните прадедовци,дедовци и татковци во последните стотина години.Република Македонија дефинитивно треба да ја напушти’’инвалидската количка’’во која е сместена,не може да остане трајно нејасно,по чија…
повеќе...Омега Експрес
Омега Експрес е компанија за превоз на патници во земјава и странство. Исто така врши превоз на патници во организирани екскурзии како во Македонија така и во странство. Компанијата постои повеќе од 10 години, и е една од најдобрите превозни копании во Македонија кои поседуваат сопствени високо квалитетни и удобни возила кои ви овозможуваат удобно патување. 075 / 45 38 39 078 / 45 38 39 omegaekspres@yahoo.com http://omegaexpress.weebly.com
повеќе...Поставени реквизити за најмладите
Од први јули, на потегот помеѓу хотелот Палас и Студентскиот дом „Никола Карев“, поставени се различни детски реквизити. Најмладите во Охрид летово можат да се забавуваат со овие детски реквизити, кои навистина претставуваат атракција, а за нив и голема радост. Детските реквизити ќе бидат во нашиот град до крајот на месец август. WebOhrid
повеќе...