Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

По повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, редакцијата на WebOhrid упатува честитки до сите православни христијани, со желба за многу здравје, среќа, љубов, успех, благостојба и спокој во секој дом. Нека ни е честит големиот христијански празник Христово Воскресение- ВЕЛИГДЕН и За многу години. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! WebOhrid

повеќе...

Кривична пријава за скопјанец кој “хакирал“ веб сајт

Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при Централните полициски служби во Биро за јавна безбедност при МВР до Основното јавно обвинителство на Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Т. (44) од Скопје, за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, по член 251 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во текот на јуни минатата година А.Т. неовластено навлегол со администраторски корисник во компјутерски систем – компјутерска серверска единица „WIN-KLS5VM0LT8C“ во сопственост на компанијата „Некстсенс ДОО“ од Скопје на која била хостирана Интернет страницата www.exploringmacedonia.com и…

повеќе...

Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најдобра училишна веб страна“

Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најдобра училишна веб страна“. I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО 1. Секое основно и јавно средно училиште во Република Македонија може да учествува при изборот за најдобра училишна веб страна во една од двете категории: основно училиште и средно училиште. 2. Секое основно и јавно средно училиште во Република Македонија на повикот за најдобра училишна веб страна може да учествува со пријавување на само една веб страна. 3. Веб страната мора да е изработена од страна на редовни ученици во училиштето,…

повеќе...

Бесилка кај „Мини-маркет“

„Мини-маркет“ се издава веќе долго време. Просториите се празни и речиси не привлекуваат никакво внимание… но, тука е еден кабел-бесилка кој многу лесно може да фати за врат некој од случајните минувачи. Доколку оваа „бесилка“ е под напон, тогаш ова претставува спој на класична бесилка и електрична столица, па би се добила електро-бесилка, иновација која можат да ја употребуваат земјите кои сеуште ја применуваат смртната казна. WebOhrid

повеќе...

Веб страница за вработените во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација денеска ја промовираше веб страницата administrаcija.mk наменета за сите вработени во јавната и во државната администрација. На веб страницата се наоѓаат сите законски акти што се однесуваат на администрацијата, каталогот на работни позиции кој содржи 3.300 работни места и 12 примероци за систематизација кои треба да бидат олеснување за институциите полесно да ја направат сопствената систематизација. Веб страницата се промовира во пресрет на стапувањето во сила на двата закона за вработените во администрацијата кои ќе почнат да се применуваат од 13 февруари. – Секоја…

повеќе...

Со Вашиот глас WebOhrid нека биде „Сајт на годината 2014“!

Почитувани читатели и посетители на нашиот сајт! Нашиот медиум WebOhrid благодарение и по заслуга на сите вас постои веќе полни 2 години. Вие нé следите секој ден и сите овие 730 денови и секојдневно сте тука за да можете да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни локални и светски настани. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! Токму затоа денес имаме оправдано…

повеќе...

Време е за бизнис!

Време е за ајвар, време е за бизнис, но не само за оние кои што продаваат и препродаваат пиперки, туку време е за еден нов, необичен бизнис: „ПЕЧИМЕ ПИПЕРКИ ЗА АЈВАР евтино, квалитетно и брзо.“ Вакви огласи се залепени на повеќе бандери низ Охрид. WebOhrid

повеќе...

Контејнерите треба да бидат без капаци!?

Новите пластични контејнери кои веќе неколку месеци се поставени во централното градско подрачје имаат капаци кои служат за нивно затворање, а со цел да се спречи ширењето на непријатна миризба, како и да не влегуваат и излегуваат мачки, па дури и кучиња од нив. Но, за брзо време граѓаните го кажаа своето… капаците се отворени, а мачките повторно „напаѓаат“. Којзнае, можеби нашите сограѓани ги сожалуваат мачките да не останат без храна, па на ваков начин им овозможуваат да се прехранат!?! WebOhrid

повеќе...

Мостот од кај ОУ „Христо Узунов“ ќе се дислоцира на нова локација

Веќе подолго време безбедносниот мост над улицата „Питу Гули“ е затворен. Иако мостот им служеше на децата од ОУ„Христо Узунов“, но и на жителите од Горна Влашка маала за безбедно преминување преку оваа улица, сега ќе мора да се дислоцира. Виновници за тоа се вандалите, кои немилосрдно удрија по него: кршеа, корнеа, руинираа кај ќе стигнат и што ќе стигнат. Токму за тоа, овој мост беше затворен и не е во функција на училиштето, односно учениците, па и останатите граѓани. „Мостот беше во права смисла направен за безбедност на поминување…

повеќе...

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ со своја интернет страна

Од денес, македонскиот интернет простор е збогатен со уште една интернет страна, www.artcolony.mk на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, која секое лето се организира во реномираниот ресторан „Виа Игнација“, во живописното Вевчани. За време на пет годишното постоење, откако низ Ликовната колонија продефилираа повеќе од педесетина уметници, беа објавени десетици печатени публикации и беа организирани поголем број изложби, „Вевчанските видувања“ се етаблираат и на интернет просторот. На овој начин дополнително се афирмира самиот културен проект, но и културата воопшто, како и Вевчани. Интернет страната има македонска и англиска верзија, а…

повеќе...