Утре почнува Базар викенд во јавна соба – Место за шопинг на дизајнерски парчиња, ракотворби и добра забава

Викендов во просториите на центарот за дизајн и иновации Јавна соба во Скопје, а во соработка со МАТА, ќе се одржи предновогодишен Базар викенд каде 20 домашни мајстори (креативци) ќе ги претстават своите уникатни парчиња, одосно накит, аксесоари, украси за домот и разни ракотворби.  Она што претставува бенефит од целото концептуално претставување на овие уникатни парчиња, е големиот попуст, со кој ќе се овозможи на посетителите, по интересни цени да го задоволат својот вкус. За задоволството да е комплетно, организаторите обезбедија доволно греано вино, кафе, чај. Базарот ќе се одржи…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на детето во ОУ „Христо Узунов“

Светскиот ден на детето, 20-ти Ноември, посветен и на Конвенцијата за правата на детето, денеска се одбележува под мотото „Стоп на насилството врз децата“. Во пораката по повод Светскиот ден на детето македонскиот Народен правобранител истакнува дека почитувањето на правата на детето е една од најважните работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот. Во Основното училиште „Христо Узунов“ со игри, песни и читање на правата…

повеќе...

Првиот официјален настан GIT OPEN со покажаниот интерес говори за потребата од постоењето на Girls in Tech Macedonia

Girls in Tech Macedonia го одржа својот прв официјален настан, GIT OPEN, кој ги претстави активностите на организацијата во изминатиот период како и планираните активности и проекти за следните неколку месеци. На GIT OPEN присутите имаа можност да се запознаат со целите и програмата на организацијата за следниот период. Од организацијата велат дека планираат и подготвуваат возбудливи настани за следните неколку месeци. Како дел од програмата на Girls in Tech Macedonia беа најавени неколку настани, меѓу кои и Lady Pitch Night, bootcamp, хакатон, конференција, итн. На овој собир беа претставени…

повеќе...

Француска вечер на Охридско лето

Уште еден концерт со врвен квалитет и реномирани уметници на Охридско Лето. Вечерва на програмата на фестивалот, ќе се одржи традициолниот концерт наречен „Француска вечер на Охридско Лето“. На овој концерт ќе настапат едни од најистакнатите и најеминентни уметници од Франција, брилијантниот кларинетист Мишел Летјек и гудачкиот Квартет Жирард. „Фестивалот Охридско Лето продолжува со реализирање на овогодинешната квалитетна, ексклузивна и атрактивна програма. „Ми претставува особено задоволство што Охридско лето и во ова 55то издание ја продолжува и традицијата за соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, како и…

повеќе...

Извонредниот Бакалов ги рушеше границите помеѓу различните жанрови на музика

Неповторливо доживување синоќа приредија оксаровецот Луис Бакалов заедно со уште двајца исклучителни пијанисти Марко Чампи и Алберто Пицо. На програмата беа композиции на Дебиси, Равел, Пјацола, Скарлати, Мориконе, Гулда, Џакомо, како и авторски дела на самите изведувачи. „Уште еден ексклузивен уметник на Охридско Лето, оскаровецот Луис Бакалов кој ја надополни низата на светски пијанисти кои годинава, на ова јубилејно издание, ја збогатија фестивалската програма. Во прекрасната црква „Света Софија“ фестивалската публика имаше ретка можност да ужива во музицирањето на тројца врвни пијанисти на две пијана“, изјави Гордана Јосифова Неделковска, селектор…

повеќе...

На „Охридско летo“ започна патешествието на претстава „Кирил и Методиј, who are you“

Teатарската претстава „Кирил и Методиј, who are you“ на текст од Јордан Плевнеш, а во режија на Мартин Кочовски своето патешествие го започна синоќа во Охрид. Праизведбата се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“, а интернационалната промоција ќе ја има на 2 септември во Букурешт. Режисерот Мартин Кочовски направи една исклучително силна претстава која ги руши сите можни табуа и носи новитет во театарската естетика. „Оваа екипа е збогатена со врвни актери од Грција, Бугарија и Македонија станува една чудна хемија и интересно друштво кое споделува една голема идеја.…

повеќе...

Моралес нe ја остави рамнодушна публиката на „Охридско лето“

Брилијантна техника, неверојатна леснотија, елеганција и исклучителна прецизност во свирењето и покажа шпанскиот пијанист Леонел Моралес на публиката на „Охридско лето“. На концертот што го изведе синоќа во „Света Софија“ овој голем виртуоз на пијаното долови дела Лудвиг ван Бетовен, Сергеј Рахманинов и Игор Стравински. Иако настапувал на речиси сите поголеми музички сцени во светот каде што одржува и мајсторски школи, сепак, Моралес не ја остави рамнодушна ниту публиката на „Охридско лето“ која го испрати со воодушевување и громогласен аплауз. Еден од поинтересните негови курсеви, е оној на кој Моралес…

повеќе...

Игор Киров и Хрватскиот народен театар од Сплит вечерва настапуваат на „Охридско лето“ со балетот „5 до 12“

Балетската претстава „5 до 12 “ ќе биде изведена вечерва на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Како што појаснува селекторот на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, на фестивалскиот репертоар, покрај богатата програма од музичкиот и театарскиот дел, има и едно исклучително атрактивно балетско дело кое ќе привлече огромен интерес кај фестивалската публика, а тоа, според неа, се гледа и од побарувачката на билети за денешната балетска претстава. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл е основан во 1940 година, од…

повеќе...

Концерт за виолина и пијано вечерва на „Охридско лето“

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на класична музика. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ.  Сихана Бадивуку-Хоџа своите студии ги започнува на возраст од само 16 години на Државниот конзерваториум во Киев, а една година подоцна заминува на Државниот конзерваториум во Москва, каде што ги завршува своите додипломски и постдипломски студии по виолина. Веднаш потоа започнува да работи како професор по виолина на Факултетот за уметности во Приштина, а подоцна и како концерт-мајстор…

повеќе...

Публиката на „Охридско лето“ не ги штедеше аплаузите за Дуке Бојаџиев

Блескав настап на познатиот македонски и светски композитор и пијанит Дуке Бојаџиев и совршен флуид помеѓу него и публиката понуди синоќа „Охридско лето“. На Антички театар се пееја „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Си заљубив едно моме“, „Не плачи мило либе, не жали“, но и нумерите од филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“ и композициите од последниот албун на Бојаџиев под наслов „Љубовта е патот“. Дуке Бојаџиев со новиот проект „Сон, верба, љубов“ не само што ја воодушеви публиката , туку таа потпевнуваше заедно со ѕвездите на сцената…

повеќе...