Утре ќе се одржи јавна расправа за Законот за угостителска дејност

Поради потребата од допрецизирање и евентуални измени и дополнувања на одредени членови од Законот за угостителска дејност, Секторот за туризам и локален економски развој, утре (среда) во 13 часот во малата сала на општина Охрид организира јавна расправа. На јавната расправа се поканети пратеници во Собранието на Република Македонија, советници од Советот на општина Охрид, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Факултетот за туризам и угостителство, ХОТАМ, туристички агенции и вршители на угостителска дејност. Имајќи ги во предвид постоечките одредби од Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на…

повеќе...

Oд недела во сила забраната за емитување платено политичко рекламирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите медиуми дека во недела, 20 декември 2015 година, во 00:00 часот, настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет портали). Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15) и важи до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.

повеќе...

Јавна објава до сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на општина Охрид

Врз основа на законот за комунални такси (Сл.весник на Република Македонија бр.61/2004,64/2005,92/2007 и 123/2012), а согласно Законот за општа управна постапка (Сл.весник на РМ бр.38/2005,110/2008,118/2008 и 51/2011) Градоначалникот на Општина Охрид, објавува: JAВНА ОБЈАВА До сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПОВИКУВААТ: 1. Да го подигнат решението за Комунална такса за фирма за 2015 година во најкраток можен рок. *за обврзници кои немаат добиено решение. 2. Да ги измират заостанатите обврски: *за обврзници кои должат по основ на  Комунална такса за фирма.…

повеќе...

Во текот на вчерашниот ден издадени 2.022 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 24.09.2015 до 25.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.022 странски државјани, од кои, 1.215 се од машки пол, 268 се од женски, 486 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 53 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан –1.190, Сирија-616, Ирак-123,додека другите се во помал…

повеќе...

Груевски: Закони важат подеднакво и за странските и за домашните инвеститори

Погрешна е тезата дека им помагаме повеќе на странските инвеститори отколку на домашните. Сите закони што ги носи Владата важат подеднакво и за странските и за домашните инвеститори, изјави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на индустриската зона во општина Василево. „Тоа е лажна теза на социјалдемократите дека повеќе внимание обрнуваме на странските инвеститори, отколку на домашните. Тоа го прават затоа што нема што да кажат бидејќи во нивно време ниту странски компании доаѓаа, ниту пак домашните имаа некаков прогрес“, истакна Груевски. Она што ние го правиме, како што рече,…

повеќе...

Измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност објавен во „Сл. весник на РМ“ број 129 од 31.07.2015 година, пропишани се следните измени и дополнувања: Продолжување на рокот за примена на повластена даночна стапка од 5% Секој извршен прв промет на станови и станбени згради до 31.12.2018 година, ќе се оданочува со повластена даночна стапка од 5%. Измени во законските одредби со кои се регулира даночниот третман во слободните зони Дефинирање на поимот „промет наменет за крајна потрошувачка во слободни зони“. Добрата кои се внесуваат…

повеќе...

Акциски контроли за заштита од бучава во угостителски објекти во Охрид

Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид, изминативе денови ги изврши самостојно, но и во содејство со надлежните инспекциски служби од Локалната самоуправа. Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди. Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти односно…

повеќе...

Детско седиште во автомобил станува задолжително

Како новитет се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од пет години во патнички автомобил на задното седиште, како и превоз на дете до две години на предното седиште, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење. Со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој е во собраниска процедура како новитет се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од…

повеќе...

Од 1-ви август се укинуваат придонесите за хонорарците

Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1 август 2015 година. Ваквото решение Владата го предложи откако анализите покажаа дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведе ги исцрпеа ефектите што се сакаа да се постигнат. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информираше дека законските измени за укинување на обврската за плаќање придонеси за здравствено и пензиско огисугурување за договорите на дело, авторските договори и слични договори се донесени на седница на Владата. – Измената што се предлага, односно укинувањето на плаќањето на придонесите за договорите на дело и…

повеќе...

Старото градско јадро на Битола ќе биде прогласено за културно наследство од особено значење

Членовите на собраниската Комисија за култура наскоро ќе ја посетат Битола за да направат обиколка на Старото градско јадро на градот, кое треба да биде прогласено за културно наследство од особено значење. Предлог-законот, чиј предлагач е Министерството за култура односно Владата, денеска Комисијата го даде на натамошно читање. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека Старото градско јадро на Битола претставува своевидна реткост и непресушен резервоар од разновидни културни, историски, уметнички, научни, технички и други општествени значења, карактеристични за еден подолг период, од XV век до денес. „Старото градско јадро…

повеќе...