Од понеделник започнува вакцинирањето на населението против сезонски грип

ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид од 27.10.2014 г. (понеделник) започнува со вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центар за јавно здравје Охрид, секој работен ден од 8:30-15:00 ч. Овогодинешната вакцина против сезонски грип „Influvac“ е од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцина со аплицикација е 400,00 денари.  

повеќе...

Директорот на Институтот за јавно здравје присуствуваше на состанок на MediPIET во Тунис

Во периодот од 15-18 септември 2014 година делегација од Македонија предводена од Директорот на Институтот за јавно здравје, Асс. Др. Шабан Мемети како Национално контакт лице, присуствуваше на состанок на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија) кој се одржа во Тунис. MediPIET е проект поддржан од Европска Унија, a под научно водство на ЕЦДЦ (Европски центар за контрола и превенција на болести) и Шпанскиот Институт за Здравје Карлос III. Во проектот се вклучени повеќе од 25 земји од Медитеранскиот регион и дел од земјите од Црноморскиот регион. Целта на MediPIET…

повеќе...

Во септември ќе почне едукацијата на првата група доктори и медицински сестри во Франкфурт

Министерот за здравство Никола Тодоров во рамки на работната посета на Германија, денеска потпиша Меморандум за соработка со реномираната Универзитетска клиника во Франкфурт, која се наоѓа во рамки на „Гете Универзитетот“. Потпишаниот меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Гете Универзитетската клиника во Франкфурт, опфаќа соработка во голем број медицински области, како што се: интерна медицина, торакална и васкуларна хирургија, кардиологија и кардиохирургија, педијатрија, гинекологија, анестезиологија, неврологија и неврохирургија, ортопедија, офталмологија, дерматологија, радиологија и други. Воедно, во рамки на соработката со Гете Универзитетската клиника, соопшти Министерството…

повеќе...

Бесплатни здравствени прегледи на граѓаните на плоштадот „Чинар“

Во рамките на своите превентивни активности, медицински екипи на Центар за јавно здравје Охрид, од денес 14-ти јули па се до 18-ти јули (петок), во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Чинар“ ќе вршат превентивни здравствени прегледи на граѓаните – мерење на крвен притисок, стручни совети за заштита од надворешните влијанија и високите температури.

повеќе...

Утре ќе се изврши авионско запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид  ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство, во понеделник,  на 14 јули  ќе  врши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот  до 8.30 часот  ќе се одвива на на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите  на 14 јули (понеделник) 2014 година,  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно…

повеќе...

Тројца хирурзи се очекува да одат на субспецијализација во Центарот за трансплантација во Кембриџ

Тројца хирурзи од Македонија се очекува да одат на субспецијализација во Центарот за трансплантација во Кембриџ. До крајот на годинава се очекува да оди првиот кандидат, потоа во период од шест месеци вториот кандидат, а третиот кандидат ќе оди идната година. Идејата е после две години тие да се вратат како субспецијалисти од Кембриџ во делот на трансплантација на бубрег, црн дроб и мултитрансплантации (трансплантации на повеќе органи). Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска во просториите на Министерството се сретна со претставници од Центарот за…

повеќе...

Точков: Водата во Охридското Езеро преку 90% е од прва и втора класа, јавните чешми безбедни за пиење

Центарот за јавно здравје Охрид, согласно својата програма и процедури за работа пред секоја летна туристичка сезона врши комплетна контрола на квалитетот на површинската вода во Охридското Езеро од македонска страна, но и на сите оние водотеци или реки кои што се вливаат во Охридското Езеро. Редовно се следи состојбата и со квалитетот на водата за пиење и со квалитетот на водата од јавните или артески чешми кои што ги користат граѓаните и туристите во овој летен период, информира на денешната прес конференција Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија и броматологија…

повеќе...

Запрашување против комарци на 1-ви и 2-ри јуни – Пчеларите да ги заштитат пчелите

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното  соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 01.06.2014 (недела) и 02.06.2014 (понеделник) екипите на Центар за јавно здравје Охрид  ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.  Запрашувањето ќе се врши во,…

повеќе...

Завршна информација за состојбата на грипот во земјава

Во текот на 20-тата недела од 2014 година (од 12.05.2014 – 18.05.2014 година), во Република Македонија пријавени се 32 лица заболени од грип/заболувања слични на грип, во однос на 11 заболени лица во истата недела во претходната сезона на грип и 3 заболени лица просечно, во последните 10 години. Во сезоната 2013/2014, заклучно со 20-тата недела/2014, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.074, а морбидитетот на 10.000 е МБ=141,5. Во споредба со истиот период минатата година, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 16%, а…

повеќе...

Вкупниот број на заболени од грип во републиката во сезоната 2013/2014 изнесува 29.042

Во текот на 19-тата недела од 2014 година (од 05.05.2014 – 11.05.2014 година), во Република Македонија пријавени се 29 лица заболени од грип, што е намалувaње од 56,7% во однос на минатата недела, а зголемување од 3,6% во споредба со бројот на заболени во 19-тата недела минатата сезона. Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 2,4 пати. Во сезоната 2013/2014, заклучно со 19-тата недела/2014, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.042 (МБ…

повеќе...