Нови 70 специјализации за доктори од јавното здравство

Нови 70 специјализации во угледни клиники во странство се обезбедени за доктори од јавните здравствени установи во Република Македонија по општа медицина, како и специјализанти, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. „Со имплементацијата на овој проект, ги продолжуваме континуираните заложби за зајакнување и унапредување на стручниот кадар во здравствените установи, како и подигнување на квалитетот на знаење и стручни вештини на докторите, особено од аспект на совладување на нови методи за кои досега пациентите беа испраќани во странство. На овој начин, ја пополнуваме празнината, која е настаната…

повеќе...

Во сезоната 2013/2014, заклучно со 18-тата недела/2014, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.013

Во текот на 18-тата недела од 2014 година (од 28.04.2014 – 04.05.2014 година), во Република Македонија пријавени се 67 новозаболени лица од грип, што е намалувaње од 28% во однос на минатата недела, а зголемување од 2 пати во споредба со бројот на заболени во 18-тата недела минатата сезона.  Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 5,9 пати. Во сезоната 2013/2014, заклучно со 18-тата недела/2014, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.013…

повеќе...

Во сезоната 2013/2014 бројот на заболени од грип изнесува 28.853 лица

Во текот на 16-тата недела од 2014 година (од 14.04.2014 – 20.04.2014 година), во Република Македонија пријавени се 105 новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што е намалувaње од 52,9% во однос на минатата недела и 50% во споредба со бројот на заболени во 16-тата недела минатата сезона.  Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 2,7 пати. Во сезоната 2013/2014 (заклучно со 16-тата недела) вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 28.853…

повеќе...

Во Македонија пријавени се 223 новозаболени лица од грип

Во текот на 15-тата недела од 2014 година (од 07.04.2014 – 13.04.2014 година), во Република Македонија пријавени се 223 новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што е намалувaње од 24,9% во однос на минатата недела и 53,4% намалување во споредба со бројот на заболени во 15-тата недела минатата сезона.  Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 2,7 пати. Во сезоната 2013/2014 (заклучно со 15-тата недела) вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува…

повеќе...

Целосно ќе се реконструира специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес-конференција пред специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, посветена на дел од градежните зафати во делот на реконструкција и адаптација на болницата, како и  изградба на еден дел во кој ќе биде сместен Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. „Болницата е повеќе од регионален центар и се изведуваат најсложени операции, и во идната програма како проект е целосна реконструкција на специјалната болница „Св.Еразмо“ од Охрид. Ќе имаме две фази, во првата фаза е предвидено реновирање на централната стара болничка зграда, реорганизирање на амбулантите,…

повеќе...

Тодоров: Здравството добро се развива

Здравството во Македонија оди напред и добро се развива. Меѓународна потврда за исправниот курс на македонското здравство добивме и од релевантна меѓународна организација – Европскиот индекс на здравствени корисници, кој оцени дека македонското здравство годинава напреднало за три места и е подобро рангирано од неколку европски држави или членки на ЕУ. Македонија исклучително високо котира на ранг листата на здравствените системи во Европа според вредноста на здравствените услуги што се добиваат, во однос на вложените средства и според овој критериум се наоѓа на седмо место. Ова денеска на свечен собир…

повеќе...

Намален бројот на заболени од грип

Во текот на 12-тата недела од 2014 година (од 17.03.2014 – 23.03.2014 година), во Република Македонија се пријавени 1.142 (МБ 5,6/10.000) новозаболени од грип / заболувања слични на грип, што е намалување за 34,7% во однос на минатата недела и 32% намалување во споредба со бројот на заболени во 12-тата недела минатата сезона. Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, се бележи зголемување за 76,2%. Во сезоната 2013/2014 (заклучно со 12-тата недела, 2014 година) вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува…

повеќе...

Учество на ФЗОМ на првата Конференција за ретки болести

Во Скопје се одржа првата ЦЕИ конференција за градење на регионална мрежа на организации за ретки болести, во организација на здружението „Живот со предизвици“ на које се потпиша Манифест со кој пациентите со ретки болести бараат поскоро усвојување на Национален план за ретки болести. Бранко Аџигогов, советник на директорката ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, во своето обраќање на конференцијата истакна дека ФЗОМ обезбеди безглутенски препарати за неколку ретки болести, а во наредните 30 дена за заболените од Алажил синдром ќе озбезбедат специјализирано масло и брашно, додека за заболените од Хантингтон –…

повеќе...

Точков: Водата во Коселска, Сатеска и Велгошка река сеуште негативно влијае врз еко-системот во Охридското Езеро

Центарот за јавно здравје континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во градските водоводи, во селските водоводи, но и водата во Охридското Езеро. „Сакам да напомнам дека во месец март беа земени 21 примерок од водата во Охридското Езеро, почнувајќи од Св.Наум, па до струшкото крајбрежје. Тие примероци на вода беа анализирани во лабораториите со физичко-хемиска микробиолошка анализа и примероците кои што беа земени од реките покажуваат дека водата во тие реки Коселска, Сатеска и Велгошка е со лош квалитет, односно сеуште негативно влијаат врз еко-системот на Охридското…

повеќе...

Од месец април наодите од микробиологија пациентите ќе можат да ги добиваат по електронски пат

Во насока на подобрување на квалитетот на здравствено-лабораториските услуги кои што ги нуди Центарот за јавно здравје и дејноста лаборатории, од наредниот месец, месец април, пациентите кои што ги користат овие услуги, кои што одат во микробиолошките лаборатории за да извршат одредени наоди упатени од страна на матичните лекари, резултатите од тие наоди ќе можат да ги добиваат по електронски пат, односно на е-меил, најави на денешната прес-конференција раководителот на Одделението за лабораториска дејност, Сашо Точков. „Тие наоди ќе бидат испраќани и до нивните матични лекари и навистина очекуваме дека и ќе ја…

повеќе...