Ракометарките поразени од Шведска за почеток на квалификациите за ЕП 2018

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај првиот фаворит групата, Шведска, за почеток на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП Франција 2018. И покрај поразот од 38-26, избраничките на Симе Симовски покажаа солидна игра пред се во нападот, многу подобра во однос на средбите против истиот противник во рамки на јунскиот бараж за СП. Предводени од Елена Ѓеорѓиевска и Сара Ристовска, нашите ракометарки стигнаа до почетно водство од 2-0, но следуваше серија на Шведска за пресврт и водство на домашниот состав кое го одржа и зголеми до полувремето.…

повеќе...

ФФМ вложува во развојот на женскиот фудбал

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока е и вложувањето во развој на женскиот фудбал. Еден од факторите за напредок се и тренерите кои директно влијаат во подобрување на ситуацијата во женскиот фудбал. За таа цел ФФМ заедно со УЕФА помогна во едукацијата на 14 жени тренери кои се определија да работат во женскиот фудбал и имаа желба да се стекнат со УЕФА Б Диплома. На покана од УЕФА дел од нив, тие кои се активни во…

повеќе...

Сениорките во група против Италија, Шведска и Хрватска во квалификациите за ЕП во кошарка

Сениорките ќе го започнат својот поход кон Европското првенство в ноември, против селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска . Денес беше одржан ждребот на кој беа поделени 32. земји кои ќе земат учество на квалификациите за континенталното првенство. Вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини на групните фази беа изземени од ждребот и автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои в ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство. Првите два натпревари од евроквалификациите ќе…

повеќе...

СДСМ работи на активно учество на жените во политиката

Започна првиот семинар од третата генерација на Школата за женски активизам на којашто се обратија генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и координаторката на Форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова. Генералниот секретар во своето обраќање го поздрави учеството на избраните учеснички, нагласувајки ја важноста за учеството во школата за женски активизам што придонесува за поголемо вклучување на жени во политиката. Школата за женски активизам е образовен проект што претставува академски курс и тренинг за развивање и воспоставување стандарди за родова еднаквост, организиран од Форум на жени на СДСМ во…

повеќе...

Во Охрид одбележан Денот на мајката

ЖЦ „Бисера“ од Охрид традиционално и оваа година го одбележа 12ти мај – Денот на мајката. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид вечерва се одржа манифестација, на  која учествуваа дечиња од градинката „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите основни училишта,  меѓу кои и ОУ „Григор Прличев“ Охрид. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ пред присутните се претставија со две точки, под менторство на наставничката Фанче Наумоска. За најдобрите литературни и ликовни детски творби по објавениот конкурс на тема „Мајка“ беа доделени награди и признанија. Ова се наградените ученици од ОУ„Григор Прличев“ Мартин Ашталкоски IV 2 одделение…

повеќе...

Во Охрид ќе се реализира Проектот „Љубовни рецепти“ со истражување, едукативен камп и марш за ненасилство и женски права

Младински Совет Охрид, во соработка со центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, и младинското здружение „ФОКУС“ од Ресен, започна да го реализира проектот „Љубовни рецепти“. Проектот претставува кампања за освестување на младите девојки за родовиот идентитет, како и за нивна борба против насилството, пред се во адолесцентни врски. Целта е девојките да се освестат да го препознаат родно условеното насилство и да се оспособат да развијат механизми за да се соочат со истото, со што ќе влијаат врз промена на личните ставови, за да можат да остварат квалитетна љубовна…

повеќе...

ЖЦ „Бисера“ и Организацијата на жени Будва одбележаа 10 години соработка

Женскиот Центар „Бисера“ Охрид  и Организацијата на жени Будва оваа година одбележаа 10 години заедничка соработка. По тој повод, во Охрид синоќа се одржа модна ревија на модната креаторка од Црна Гора, Јелена Џукановиќ.

повеќе...

„Подари цвет – разубави свет“ – учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ги посетија жените пензионерки

По повод 8 Март – Денот на жената, под мотото „Подари цвет – разубави свет“ учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, традиционално ги посетија припадничките на понежниот пол во Здружението на пензионери. Учениците беа дел од креативна работилница, во која изработија цветови од хартија, приготвија вкусни колачи и десерти и им го честитаа празникот со стиховите од поетот Гане Тодороски: „Жената е… жената е … вита ива миризлива, мека трева што подгрева, боцкав венец крај кладенец, мрава, сешто што преправа, кревко птице назимниче, тивка соба во злодоба, прва љуба…

повеќе...

ФФМ донираше комплет спортска опрема за женските младински клубови

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (дресови, копачки, маици, шорцеви, фудбалски топки) на женските клубови во млади категории. Во „Куќата на фудбалот“ донација примија вкупно дванаесет клубови кои се натпреваруваат во младинските женски лиги. АС Јунајтед, Кочани, Габер, Младост, Шар Планинка, Билјанини Извори, Кратово, Џиџи, Топ Гол, Порече, Атлетико и Тиверија. Сузана Трпеска од Шар Планинка во врска со оваа донација го потенцираше значењето на доделената опрема и дополни: „Ова е позитивно за развојот на женскиот фудбал. Благодарност до ФФМ што и на овој начин се обидува да влијае…

повеќе...

Отворена изложбата на дела од жени сликарки од Охрид

По повод Меѓународниот ден на жената 8- ми март, и оваа година во организација на Женскиот центар „Бисера“, синоќа беше отворена изложба на дела од сликарки од Охрид. Изложбата беше отворена во Центарот за култура „Григор Прличев“, а ќе трае до 13-ти август годинава. Свеченоста со своја изведба ја збогатија ученици од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга и танцовата група „Соната“ Охрид. „Оваа година ја организиравме дваесет и втората изложба по ред на дела од сликарки од Охрид и одбележување 10 години меѓународна соработка со Организацијата на жени од Будва.“–…

повеќе...