СДСМ: Кандидатот Ногачески и носителот Крцоски во посета на секој дом во Дебрца

Кандидатот за градоначалник Зоран Ногачески и носителот на листата за Совет во Општина Дебрца Игор Крцоски, изминативе неколку дена активно го посетуваат секој дом ширум територијата на општина Дебрца, со цел да им ја презентираат програмата за развој на општина Дебрца. „Ги посетуваме секој дом, секоја куќа секое семејство во Општина Дебрца сакајќи да им ја претставиме мојата програма и програмата на мојата политичка партија – „За Живот во Дебрца“,“ – изјави Ногачески и потсети дека кампањата „Врата до врата“ е носечката активност на „Коалицијата за Живот во Македонија“ предводен…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: СДС користи службени простории за партиски состаноци

Во врска со соопштението од СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „Зарем уште еднаш би сакал Ногачески и СДС да има  лице да зборува за вистина и уште да обвинува, а притоа самите тие да пропаднат во сопствените лаги. Па за волја на вистината и како што секогаш сме се обраќале со факти и овај пат фактот кој е контра Ногачески е неизбежен. Прво би сакале да прашаме дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од Зградата во училиштето во с.Мешеишта? Дали истата…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Општинската зграда во Мешеишта е претворена во изборен штаб на Трајкоски

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Општинската зграда во Мешеишта е претворена во изборен штаб на Трајкоски. Кој сега ги злоупотребува општинските простории за партиски цели? Четири години Трајкоски ги злоупотребува општинските простории и службените возила за партиски цели. За среќа, на 15 Октомври доаѓа крајот. По локалните избори наместо за партиски цели општинската зграда на поранешната општина Мешеишта, во село Мешеишта ќе ја ставиме во функција на граѓаните. Ќе отвориме општинска канцеларија и канцеларија на општинското комунално претпријатие, каде граѓаните ќе можат да добиваат дел…

повеќе...

Меѓународен ден на преводот

Иако овој ден се одбележува уште од 1953 година од страна на Меѓународната Федерација на преведувачи, сепак, оваа година, Обединетите нации за првпат го прославуваат Меѓународниот ден на преводот. На 24 мај 2017 година, Генералното собрание ја усвои резолуцијата 71/288 за улогата на јазичните професионалци во поврзувањето на нациите и за поттикнување на мирот, разбирањето и развојот, и официјално го прогласи 30 септември како Меѓународен ден на преводот. Одбележувањето е наменето како можност да им оддаде признание на професионалците во областа на јазикот за нивната работа, која има важна улога…

повеќе...

Заврши седумдесет и петтата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати годишните извештаи за материјално-финансиското работење за учебната 2016/2017 година и програмите за работа во учебната 2017/2018 година на ОУ „Христо Узунов“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Живко Чинго“, ОУ „Св.Наум Охридски“, ОМУ „Методи Патче“, ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“, Јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ и ОЈУ „Кузман Шапкарев“. Советниците ги прифатија и одлуките за имплементација на проектот „Меѓугранична соработка…

повеќе...

Ракометарките поразени од Шведска за почеток на квалификациите за ЕП 2018

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај првиот фаворит групата, Шведска, за почеток на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП Франција 2018. И покрај поразот од 38-26, избраничките на Симе Симовски покажаа солидна игра пред се во нападот, многу подобра во однос на средбите против истиот противник во рамки на јунскиот бараж за СП. Предводени од Елена Ѓеорѓиевска и Сара Ристовска, нашите ракометарки стигнаа до почетно водство од 2-0, но следуваше серија на Шведска за пресврт и водство на домашниот состав кое го одржа и зголеми до полувремето.…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е соочен со пораз на изборите и губи контрола во лагите со кои ги манипулира охриѓани

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со прес-конференцијата на СДСМ, односно кандидатот за советник Мишел Силјаноски. Во реакцијата стои:  „СДС е соочен со пораз на изборите и губи контрола во лагите со кои ги манипулира охриѓани. Јован Стојаноски е во паника бидејќи знае дека охриѓани нема да дозволат да бидат потценети и понижени на 15 октомври. Затоа не запира со лажните ветувања. Тој нема нити програма нити конкретни проекти како да го подобри животот на охриѓани. Нема ниту еден реален и издржан проект. Затоа го применува принципот…

повеќе...

Светски ден на срцето

Светскиот ден на срцето се одбележува на 29 септември секоја година. Во мај 2012 година, светските лидери се обврзаа да ја намалат глобалната смртност од незаразни болести за 25% до 2025 година. Кардиоваскуларните болести се одговорни за скоро половина од сите смртни случаи од незаразни болести, што ги прави убиец број еден во светот. Светскиот ден на срцето е, според тоа, е совршена платформа за заедницата на кардиоваскуларните болести да се обединат во борбата против тие болести и да го намали глобалниот товар на болеста. Создаден од Светската федерација за…

повеќе...

Ќе се служат свети литургии за претстојните празници

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30 септември 2017 година (сабота), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие) Вечерта во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ – Плаошник во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба. Во 18:30 во катедралната црква Св.Софија – Охрид свечена академија по повод јубилејот 50…

повеќе...

Нови наслови во охридската Библиотека – септември 2017

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови: „Спасителот” – Ју Несбе „Другиот брег на Босфор” – Тереза Ревај „Се’ баш се’ ” – Никола Јун „Фатен на дело” – Харлан Кобен „Надја” – Андре Бретон „Извештаи на рисот” – Славе Ѓорѓо Димоски „Автобиографија” – Григор Прличев

повеќе...