Кошаркарите ги започнуваат претквалификациите за Светското првенство 2019

Нашата сениорска репрезентација утре попладне заминува за Косово каде и против кого ќе го одигра првиот натпревар во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019. Ждребот посака да сме сместени во група заедно со Естонија и со Косово – навидум лесна работа, но историјата нè научила дека не смееме ниту еден противник да го ’отпишеме’ предвреме. Првите две пласирани селекции обезбедуваат пласман во квалификациите за СП 2019, што за нашата селекција значи и пласман во квалификациите за Европското првенство 2021 година. „Се видовме пред 40-ина дена тука кога почнуваа подготовките.…

повеќе...

Охрид домаќин на фудбалската школа на ФК Барселона

За прв пат во спортската историја на град Охрид ќе имаме чест да бидеме домаќини на Кампот на школата за фудбал на Фудбалскиот клуб Барселона. Помогнати од општина Охрид, во духот на спортската афирмација на градот, Кампот ќе се одржува во периодот од 21 до 27 август на фудбалските терени на СРЦ Билјанини Извори. Активностите за време на одржување на Кампот ќе бидат под спортската палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона. Школата на Барселона е отворена за деца од 6- 16 години, кои ќе бидат…

повеќе...

Шахистите на „Алкалоид“ шампиони во Охрид

Европскиот шаховски првак „Алкалоид“ ја одбрани титулата државен шампион на Македонија на екипниот шампионат одржан во Охрид. „Алкалиод“ во сите пет кола оствари убедливи победи и популарните „фармацевти“ освоија 10 бодови, односно 27 поени по табли. Второто место го освоија шахистите на Гамбит Асеко СЕЕ со 8 бода, а трети беа гостиварчани со 6 поени. За „Алкалоид“ ова беше 20. домашна титула. За актуелниот европски и македонски првак на овој шампионат кој е најава за Европскиот екипен Куп настапија: Павел Елјанов (Украина), Дмитриј Андрејкин (Русија), Дмитриј Јаковенко (Русија), Јуриј Криворучко…

повеќе...

Во среда ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, по 38-ми пат, на 02.08.2017 год. (среда), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2017. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 часот од плажата на хотелот Парк. Пристигнувањето…

повеќе...

Утре започнува Интернационалната охридска регата 2017

Утре со почеток во 10:00 часот, на Градското пристаниште ќе се означи почетокот на Интернационалната охридска регата 2017. Организатор е Клубот за спортови на вода „Акватика“ во соработка со Општина Охрид. OHRID INTERNATIONAL SAILING REGATTA Notice of Race 29-30 July 2017 ORGANIZING AUTHORITY : The Organizing Authority is Yachting club “Aquatica Yachting” in conjunction with Municipality of Ohrid 1. Правила 1.1 Регатата ќе се одржи по упатството за едрење, , 1.2 , Дополнителни Упатства за едрење ќе бидат објавени на огласната табла од Регатниот Одбор. 1.3 Во случај на јазичен конфликт…

повеќе...

Вардар 1:0 Копенхаген

Вардар со минимална предност ќе патува на реваншот во Копенхаген во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Во одлична атмосфера и пред околу 12.000 гледачи на трибините на „Телеком Арената“, Вардарци го совладаа Копенхаген со 1:0. Победата на нашиот тим можеше да биде и поубедлив доколку беа искористени уште некоја од шансите кои ги направија на натпреварот. Вредниот триумф го донесе голот на Балотели кој што погоди во 65. минута. Претходно овој играч имаше прилика за порано да го донесе Вардар во водство, а Фелипе во финишот…

повеќе...

Школата на Барселона доаѓа во Охрид

Од 21 до 27 август на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе престојува кампот на Школата за фудбал на Фудбалскиот Клуб Барселона. Школата на Барселона е отворена за деца од 6 до 16 години, а тренинзите ќе се одржуваат на новиот терен со вештачка трева и на стадионот на СРЦ „Билјанини Извори“. Котизација за учество на кампот изнесува 19,700 денари, а во овој износ се вклучени: тренинзи со тренери од Школата на ФК БАРСЕЛОНА осигурување од повреди за време на тренинзите хотелско сметување 7 дена со вклучен доручек,…

повеќе...

Македонија учествува на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Ѓер 2017

Во периодот од 23 до 29 Јули 2017 година, во Ѓер, Унгарија се одржува Европскиот олимписки младински фестивал. На овој спортски настан за спортисти до 18 години, Македонскиот олимписки комитет учествува со следната, млада, олимписка делегација: 1. Арбреша Реџепи – Џудо (категорија -48 кгр) 2. Хамза Јашари – Џудо (категорија -66 кгр) 3. Еди Шерифовски – Џудо (категорија -73 кгр) 4. Горан Мицковски – Џудо (тренер) 5. Ана Јаневска – Пливање (дисциплина 50 и 100 метри слободно) 6. Андреј Шелезенев – Пливање (тренер) 7. Владимир Богоевски – Шеф на делегацијата.…

повеќе...

Нашата репрезентација го освои Трофејот Македонија

Македонската сениорска репрезентација го освои „Трофеј Македонија“ вторпат во историјата на одржување на овој турнир по 2011 година. Во интензивно динамичен натпревар, избраниците на Давитков ги надмудрија кошаркарите на Босна и Херцеговина и ги совладаа со 71-64.

повеќе...

Трофеј Македонија: Македонија 78-72 Холандија

Бевме доволно самоуверени за да шутираме од далечина, но шутевите кои не ги реализиравме нашите противници ги ’крадеа’ под нивниот обрач. Условниот домаќин на овој натпревар беше супериорен во скокот и сето тоа резултира со висока негатива која требаше да ја бркаме по десет минути игра (20-9). Ги построи Давитков своите избраници на малата пауза пред вториот период, па до крајот на првиот дел од натпреварот ја консолидиравме играта. Нашиот противник наталожи и 15 поени предност (27-12) која стагнира и во третиот период. Во последните десет минути нашите сениори блеснаа…

повеќе...