Во сабота, 19.08.2017, во 12:00 часот започнува престижниот Охридски пливачки маратон. Веќе 31 година овој настан е местото каде се истакнуваат истрајноста, дисциплината и храброста. Врвни пливачи со години се натпреваруваат на трката која трае малку под 6 часа. Тоа се околу 360 минути макотрпно пливање за кое е потребна сериозна физичка и психолошка подготвеност. На 31от Охридски пливачки маратон се пријавени 22 пливачи од кои 15 мажи и 7 жени од сите страни на светот кои ќе се борат за наградниот фонд од 10.000 долари. Доаѓаат пливачи од Франција,…
повеќе...Category: Спорт
Чедомир Јаневски е нов тренер на Вардар
Чедомир Јаневски е нов тренер на Вардар. Поранешниот фудбалер на нашиот тим ја презеде клупата и го замени Гоце Седлоски кој што поднесе оставка на местото стручен штаб на Вардар. Јаневски после 28 години повторно се враќа во Вардар, сега прв пат како тренер и ќе ја води екипата во следните две години. На вечерашната прес-конференција беше претставен од страна на претседателот на клубот Мирко Спасески. „Ме радува што уште една вардарова легенда се приклучи во нашиот клуб. По 28 години во нашиот клуб се врати Чедомир Јаневски. Му посакувам…
повеќе...Кошаркарите поразени од Естонија
Нашата сениорска репрезентација запиша нов пораз во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019. Од гостувањето во Естонија, сениорите се враќаат со пораз од 74-65 (16-18, 25-23, 13-14, 20-10) со кој и дефинитивно се комплицира пласманот во квалификациите. Во моментов, Македонија се наоѓа на делба на второто место со Косово, а последниот натпревар, закажан за три дена од сега (помеѓу Естонија и Косово) ќе го одлучи вториот патник во квалификациите од нашата група. СТРЕЛЦИ: Николовски (2 поени), Костоски (6), Стојановски (18), Тасовски (7), Ѓуроски (2), Чековски (10), Теодор (19), Младеновски (1)
повеќе...Одиграно 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија
Денес се одиграа натпреварите од 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Беласица 1:3 Пелистер Борец 4:0 Влазерими Трим & Лум Струга 1:0 Македонија ЃП Кожуф 1:1 (пенали 7:6) Новаци Могила 0:6 Силекс Неготино 3:5 Еуромилк Осогово 1:2 Брегалница Плачковица 0:4 Победа ССК Нова 0:6 Академија Пандев Тетекс 2:1 Турново Тиквеш 0:1 Ренова Зајази 2:4 Шкупи Победниците се пласираа во 1/8-финалето од Купот на Македонија. Тимовите на Работнички и Скопје директно се пласираа во следната рунда. Поради настап во квалификациите за Лигата Европа, Шкендија и Вардар дополнително…
повеќе...Натпреварот Вардар – Фенербахче ќе биде организиран по примерот на УЕФА Супер-Купот
Натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра утре (четврток) со почеток во 20:00 часот на „Телеком Арената“, во договор со МВР, ќе биде организиран по примерот на европскиот Супер-Куп кој што се одигра минатата недела. ФК Вардар доби казни од страна на УЕФА за минатите два натпревари, за истакнување на неонацистички знамиња, за употреба на пиротехника, за седење на скали и за извикување против УЕФА. При влезот ќе бидат одземени секаков вид на знамиња и пиротехника, а секој оној кој ќе седи на скали ќе биде веднаш…
повеќе...Традиција, убавина и одличен натпревар: 31 Охридски пливачки маратон
31от Охридски пливачки маратон започнува на 19ти август. Истиот ќе се одржи на патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри и започнува од манастирот Свети Наум и завршува на Градското пристаништето во Охрид. Трката ќе започне во 12.00 часот и околу 18.00 часот ќе се очекуваат првите пливачи кои ќе пристигнат на целта. Евгениј Поп Ацев во 2015 година беше првиот Македонец кој победил на маратонот во Охрид. Минатата година тој загуби од Томи Стефановски кој победи и во целосната серија и го најави свое пензионирање од пливањето. За…
повеќе...Во сабота ќе се одржи 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон
На 19ти август, сабота, ќе се одржи 31то издание на Охридскиот пливачки маратон кој од 1962 година се случува во водите на Охридското езеро. Првата маратонска трка се одржала дури во 1954 година во должина од 2,5 километри да по неколку години трката се претвори во 30 километарско макотрпно докажување на спортски и пливачки способности, истрајност, дисциплина и храброст. Патеката на охридскиот маратон започнува од манастирот „Свети Наум“ и завршува на градското пристаниште во Охрид. Поради долгата традиција овој маратон од 1998 година стана дел и од Гран при серијата…
повеќе...Одиграно првото коло од Првата МФЛ
Викендов се одиграа натпреварите од новата натпреварувачка сезона 2017/18 во Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Работнички 0:0 Ренова Шкендија 2:0 Вардар Победа 1:2 Пелистер Шкупи 1:1 Академија Пандев Силекс 1:0 Скопје # Прва МФЛ 2017/18 Натпревари Победи Нерешени Порази Голови Бодови 1. Шкендија 1 1 0 0 2:0 3 2. Пелистер 1 1 0 0 2:1 3 3. Силекс 1 1 0 0 1:0 3 4. Шкупи 1 0 1 0 1:1 1 5. Академија Пандев 1 0 1 0 1:1…
повеќе...Македонија 87-74 Косово
Нашата сениорска репрезентација ја запиша првата победа во рамки на претквалификациите за СП 2019. Избраниците на Јорданчо Давитков демонстрираа квалитет на паркетот, агресивната игра во одбраната го присили противникот на грешки кои знаевме да ги искористиме за таложење на предност. Првите поени Косово ги реализира од линијата за слободни фрлања, додека нам ни требаа неколку минути да го фатиме ритамот. Следеше период во кој доминиравме во одбраната, што не доведе на еден поен негатива на полувремето (40-41). Во вториот дел од натпреварот ја одржавме агресивноста во одбраната, но стабилните раце…
повеќе...Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен олимписки пливачки маратон
Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 км. Охрид 2017 кој во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ Охрид ќе се одржи утре во водите на Охридското езеро на потегот од Старото пристаниште до х. Милениум. На вечерашниот технички состанок претставници на организторот и претставниците на ФИНА ги запознаа пливачите, судиите и техничките лица со пропозициите за утрешната трка и ја истакнаа подготвеноста за старт на Олимпискиот Пливачки Маратон. 12 пливачи од 6 земји, 10 во машка и 2 во…
повеќе...