Потпрограмата „Медиа“, која е интегрален дел на Програмата на ЕУ „Креативна Европа“за периодот 2014-2020, е достапна и за македонските медиуми зашто Република Македонија и македонскиот аудиовизуелен сектор официјално станаа нејзини полноправни учесници. За оваа потпрограма е наменет најголем дел од вкупниот буџет на „Креативна Европа“ (56 отсто, односно 800 милиони евра на европско ниво). „Медиа“ досега не беше отворена за македонските медиуми поради неусогласенот на домашната со европската легислатива (Директивата на ЕУ). Конкретна пречка беше членот за саморегулација на медиумите кој постоеше во почетните верзии на законите (Законот за аудиовизуелни…
повеќе...Tag: министерка
Конзервирана ранохристијанска базилика на локалитетот „Манчевци“
Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска го промовираше локалитетот „Манчевци“ во Охрид, каде е извршена конзервација на ранохристијанска базилика од периодот меѓу 4 и 6тиот век. ж „Станува збор за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид. За проектот спроведен во неколку фази од Министерството беа издвоени 5,5 милиони денари, во чии рамки беа извршени системско археолошко истражување на локалитетот, консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а беа поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот“, истакна Канческа – Милевска. Локалитетот „Манчевци“…
повеќе...Поставена првата темелна плоча на објектот на Турскиот театар
Новиот објект на Турскиот театар-Скопје, кој се гради во близина на Железничката станица, до крајот на годинава треба да има завршена карабина. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја посети локацијата каде што ГП „Бетон“ денеска ја постави првата темелна плоча на зградата во која ќе биде сместен театарот, на површина од 2.600 метри квадратни. „Досега интензивно се работеше на ископ на градежната јама, имаше мал застој зашто беа откриени подземни водина местото на објектот каде што се вршеше испумпување и целосна хидроизолација. По завршување на овој процес, се пристапи кон…
повеќе...Старото градско јадро на Битола ќе биде прогласено за културно наследство од особено значење
Членовите на собраниската Комисија за култура наскоро ќе ја посетат Битола за да направат обиколка на Старото градско јадро на градот, кое треба да биде прогласено за културно наследство од особено значење. Предлог-законот, чиј предлагач е Министерството за култура односно Владата, денеска Комисијата го даде на натамошно читање. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека Старото градско јадро на Битола претставува своевидна реткост и непресушен резервоар од разновидни културни, историски, уметнички, научни, технички и други општествени значења, карактеристични за еден подолг период, од XV век до денес. „Старото градско јадро…
повеќе...Канческа-Милевска присуствуваше на филмскиот фестивал „Џифони иксуство“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во текот на вчерашниот ден престојуваше во градот Џифони, Република Италија, каде што присуствуваше на еден од најголемите и најзначајни филмски фестивали за деца и млади во светот, „Џифони искуство“, на кој Република Македонија учествува по 14-ти пат. Во рамките на посетата, Канческа-Милевска оствари работна средба со градоначалникот на градот Џифони (Giffoni Valle Piana ), Паоло Русомандо, на која присуствуваа и амбасадорот на Република Македонија во Република Италија, Оливер Шамбевски; амбасадорот на Република Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели и директорот на Агенцијата за филм,…
повеќе...Министерката за култура во работна посета на Република Италија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојува во Република Италија каде што ќе присуствува на Македонскиот ден во рамките на 45. јубилејно издание на еден од најголемите и најзначајни филмски фестивали за деца и млади во светот, „Џифони искуство“, кој од 17 до 26 јули се одржува во градот Џифони. Во рамките на посетата, министерката за култура ќе оствари работна средба со градоначалникот на градот Џифони, Паоло Русомандо. На средбата на која ќе присуствуваат и амбасадорот на Република Македонија во Република Италија, Оливер Шамбевски , амбасадорот на Италијанската Република во…
повеќе...Отворена изложба на фотографии од Македонија и од Израел
Изложба на фотографии од авторите Кери Харт од Израел и Љупчо Благоевски од Македонија насловена „An Israeli eye on Macedonia, a Macedonian eye on Israel“ беше отворена синоќа на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето. Постановката се организира во соработка со Амбасадата на Израел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија по повод одбележување 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји. „Државата Израел е наш голем пријател и поддржувач, земја со која во изминатите 20 години градевме релации коиконтинуирано…
повеќе...Капиталните едиции во продажба
Сите капитални едиции промовирани во последните неколку години и сите поддржани изданија во Годишната програма на Министерството за култура може да се купат во пет библиотеки во Македонија … Делата се достапни во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во универзитетските библиотеки „Св. Климент Охридски“ од Битола и „Гоце Делчев“ од Штип и во библиотеките „Кочо Рацин“ од Тетово и „Григор Прличев“ од Охрид. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска информира дека иако овие едиции се дел од библиотечните фондови на националните институции, нивната интенција е книгите да…
повеќе...Соработка меѓу Македонија и Бугарија во областа на креативните индустрии
Делегации од министерствата за култура на Македонија и Бугарија денеска имаа неформална средба посветена на секторот креативни индустрии, иницирана од Културно-информативнот центар на РМ во Софија, кој беше и домаќин на средбата. Претставниците разменија искуства за разработените документи и стратегии за развој на креативните индустрии како гранка која генерира економски раст и отвора работни места. Деана Данаилова, раководител на одделот меѓународна дејност во Министерството за култура рече дека имаатнационален фонд Kултура кој ги поддржува креативните индустрии. Секоја година тој поставува приоритет во некоја област и преку конкурс се распределуваат средствата…
повеќе...Нови 60 аудио книги за лица со оштетен вид
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, министерот за култура Елизабета Канческа-Милеска и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица Жарко Селкоски промовираа 60 нови наслови на аудио книги од Проектот „400 Аудио книги за лица со оштетен вид“. Новите аудио книги се лектири од основното и средното образование, детски приказни, научна литератира, книги за историјата на Македонија и бестселери. Аудио книгите, како што најави на промоцијата министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, ќе им бидат отстапени на НУБ „Климент Охридски“ по пет копии од секој наслов,…
повеќе...