Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура ја прими младата балерина Стефанија Гаштарска, која на Светскиот балетски натпревар во Романија, кој се одржа од 19 до 21 март, во конкуренција од 200 учесници од целиот свет, го освои сребрениот медал. На средбата, на која присуствуваа и директорот на Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски–Луј“, Јован Бицевски, и професорката Соња Здравкова-Џепароска, министерката за култура ѝ го честиташе високото признание на Стефанија. Канческа-Милевска истакна дека учеството на Стефанија на балетскиот натпревар во Романија претставува не само нејзин личен…
повеќе...Tag: министерка
Јанкулоска : „Тоа што го ветивме тоа и го остваруваме“
„Како Влада низ еден партнерски дијалог во интерес на сите засегнати и во соработка со македонскиот полициски синдикат, работевме на Стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата со слични служби од јавната администрација и постигнавме договор усогласувањето да биде со платите во Царинската управа, при што освен тоа што ќе се обезбеди: етапно усогласување на платите во МВР ќе се признае и посебната улога на МВР во општеството заради ризиците, функциите кои ги врши и специфичните задачи во кои не се вклучени други структури на јавната…
повеќе...Аплауз на настапот на израелскиот танцов театар
Со бурен аплауз и овации синоќа во Македонскиот народен театар беше награден настапот на израелскиот танцов театар од Тел Авив со што започна реализацијата на богатата културна програма со која во текот на оваа година, во Република Македонија и Израел, ќе се одбележат две децении дипломатски врски меѓу двете земји. Преку претставата насловена „Ојстер“ во режија на Инбал Пинто и Авшалом Полак која критиката во еминентните меѓународни весници и списанија, веќе ја оцени како возвишена и посебна форма на танцувачки театар, македонската публика синоќа имаше можност да ужива во необичен…
повеќе...МНТ го продаде 100.000-тиот билет
Донка Радоешка од Скопје денеска во Македонскиот народен театар го купи 100.000-тиот билет по отворањето на новиот објект на таа национална установа на 7 декември 2013 година. Таа стана добитник на ваучер со што ќе има можност да биде почесен гостин на претставите на МНТ кои ќе може бесплатно да ги гледа во театарската сезона 2015/2016. „Оваа година првпат во мојот живот на Бадник ми се падна паричката. Добив билет за Василичарскиот концерт, а сега добив и ваков билет, па можеби нешто значи тоа париче за Бадник“, рече Радоешка. Појасни…
повеќе...Промовиран шестиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“
Јазикот е значаен сегмент од целокупното културно наследство на еден народ. Тој е компонента која го детерминира потеклото на народот, неговото минато и без него идентификацијата во светски контекст е невозможна. Токму затоа јазичното богатство вметнато меѓу кориците на Македонскиот толковен речник е непроценливо богатство за нашиот народ. Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во обраќањето на денешната промоцијата на шестиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“, кој содржи зборови од буквата „т“ до „ш“. Таа подвлече дека оваа публикација е од највисок национален интерес и претставува…
повеќе...Македонија со ниска стапка на заболени од туберкулоза
Најнови стандарди за дијагностицирање, лекување и превенирање на туберкулозата вклучени во Националната стратегија за туберкулоза, се применуваат во Република Македонија, која е меѓу земјите со ниска стапка на регистрирани случаи со туберкулоза со помалку од 20 лица на 100.000 жители. Во 2014 година се откриени 285 нови случаи со туберкулоза со стапка од 13,8 на 100.000 население, што е за 38 случаи помалку споредено со 2013 година, кога бројот на новооткриени изнесуваше 325 лица, истакна на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров на одбележувањето на Светскиот ден на туберкулозата, под…
повеќе...Обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии
Во согласност со една од приоритетните програмски активности на Министерството за култура за континуирано зајакнување на знаењата и вештините на музејските работници во Македонија, Британскиот совет во соработка со Министерството за култура на Република Македонија организира обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии, со цел привлекување на публика. Обуката, која утре и задутре (23 и 24 март) ќе се одржува во „Порта Македонија“, е во функција на поддршката на проектите на Министерството за култура, кои се однесуваат на воспоставување постојани поставки и осовременување…
повеќе...Кинескиот поет Беи Дао, добитник на „Златен венец“ на СВП за 2015
Кинескиот поет Беи Дао е лауреат на наградата „Златенвенец“ на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. Одлуката денеска во Македонската академија на науките и уметностите ја соопшти претседателот на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Славе Ѓорго Димоски. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето пред присутните рече дека Струшките вечери на поезијата се наш национален бренд и потврдуваат дека Република Македонија е земја која силно ги респектира различностите, културните вредности и автентичните поетики кои го чинат европското и светското културно богатство, но оваа манифестација на извонреден…
повеќе...Министерска конференција во Виена
„Џихадизмот, преку радикалниот екстремизам и тероризмот, претставуваат сериозна безбедносна закана за сите земји од светот, вклучувајќи не и сите нас. Поради тоа, сите ние треба да соработуваме и преку соодветни мерки за навремена превенција и одговор, да ги спречиме можните безбедносни проблеми кои овие групи би ги направиле во нашите земји“. Ова, меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање на министерската Конференција што во организација на австриските министерства за внатрешни и надворешни работи се одржува во Виена, а на тема “Справување со џихадизмот…
повеќе...Потпишана Програма за културна соработка меѓу Македонија и Албанија
Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска вчера во рамките на еднодневната работна посета на Република Албанија, оствари билатерална средба со албанската колешка Мирела Кумбаро … На средбата, двете министерки за култура ја потпишаа Програмата за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015–2020 година. Канческа-Милевска и Кумбаро изразија задоволство од односите во областа на културата меѓу двете земји и се согласија дека со потпишувањето на Програмата за културна соработка се отвораат многу нови можности за размена на…
повеќе...