Бројни награди на учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на државниот натпревар во Прилеп

Учениците на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се вратија со бројни награди од Државниот натпревар на средните електротехнички, машински и сообраќајни училишта во Република Македонија кој се одржа на 9-ти мај во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп. Ученичката Стефани Божиновска, техничар за патен сообраќај III година, го освои првото место за научен труд, под менторство на професорот Милески Ѓоко. Во истиот образовен профил ученичката Тамара Шикалоска го освои второто место. Ученикот Димитар Плеушкоски, електротехничар енергетичар III година, го освои второто место, под менторство на професорот Владо Јанкулоски. Ученикот Орхан Демироски, електротехничар за…

повеќе...

Награди за најдобрите на натпреварите во „Јахја Кемал“

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга, изминатиот период учествуваа на повеќе натпреварувања, со што се закитија со многубројни награди и признанија. Тие се натпреваруваа во читање (март-април), био модел натпревар, фото натпревар по екологија, натпревар по македонски јазик, натпревар во хербариум, натпревар по албански јазик, натпревар во експерименти, натпревар во карикатури, турска олимпијада, натпревар по мајчин јазик (8-ми март), натпревар по читање (февруари), турнир во фудбалче, турнир во пинг-понг. Директорот Исмаил Ердил на најдобите ученици им врачи подароци, медали и сертификати. Од „Јахја Кемал“  упатуваат честитки до нивните ученици и им…

повеќе...

Бројни награди за охридските млади музички таленти

На Државен натпревар на млади музичари 2015, што се одржа во Скопје од 22-ти до 25-ти април во категориите пијано, виолина, солфеж, хармоника, флејта и кларинет, младите музички таленти од Основното Музичко Училиште „Методи Патче“- Охрид освоија 17 први награди од кои 2 специјални први, 3 втори, 4 трети награди и 1 диплома за учество. Кристина Љушкоска –флејта и Џеврије Туле-пијано со освоени Први специјални награди ќе учествуваат на вечерашниот концерт во Факултетот за музичка уметност во Скопје како најдобри учесници на натпреварот. Освоени награди : Пијано Џевриjе Туле I…

повеќе...

Ученици од „Јахја Кемал“ освоија бронзен медал на Меѓународна научна олимпијада

Учениците Имран Селимоска и Севги Тале од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга,  освоија бронзен медал на Меѓународната научна олимпијада, која се одржа викендот.

повеќе...

Министерот Адеми присуствуваше на доделувањето на наградите на најдобрите учесници на Републичкиот натпревар по Албански јазик

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на доделувањето на наградите на најдобрите учесници на Републичкиот натпревар по Албански јазик. „Овој натпревар, како што и самите знаете се возобновува по цели 15 години, и претставува одлична можност за учениците преку литературата да ги одмерат своите знаења“, истакна министерот Адеми. Министерството за образование и наука, напомена министерот, ги поддржува ваквите натпревари, и затоа донесе одлука сите здруженија кои организираат натпревари, без разлика дали станува збор за државни или меѓународни, истите да бидат акредитирани од страна на државата. „Денес…

повеќе...

Охриѓани освоија бронзени медали на Македонската математичка олимпијада и Европската математичка олимпијада

На 4-ти април во Универзитетот ФОН-Скопје, се одржа Македонската математичка олимпијада 2015, за учениците од средното образование. Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски ученици во IV година во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид под менторство на професор Валентин Чачор освоија бронзени медаљи. Во периодот од 14-ти до 20-ти април во Минск, Белорусија се одржа 4-тата Европска Женска Математичка Олимпијада -EGMO 2015 на која учестваше 4-член тим што ја претставува Македонија во состав Теодора Бујароска, Теа Стоилкоска, Сања Симоновиќ и Анастастија Трајанова. Теодора Бујароска ученик во ОСУ „Св Климент Охридски“ – Охрид под…

повеќе...

Младите таленти од студиото „Арт балет“ со многубројни награди на светски натпреварувања

Студиото, кое е отворено со кредит преку проект на Владата за самовработување, денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која рече дека е искористен проектот за самофинансирање и за сопствен бизнис во унапредување, а особено во делот на културата. Таа и се заблагодари на директорката на „Арт балет“, Тамара Ѓурчиновска, која е балетски педагог и кореограф, за нејзиниот силен ентузијазам за отворање на студиото. Да се создаде едно вакво студио и да се дејствува едукативно во еден кадар, кој е многу важен за нашата држава, и тоа во делот…

повеќе...

Конкурс за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2015 година

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ врз основа на членoт 24 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ бр. 08-721/1 од 20.03.2013 година, распишува: К О Н К У Р С за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2015 година Со државната наградата „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес…

повеќе...

Грст награди и признанија за охридските Бреинобреин генијалци

На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7-ми март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од интернационалната Бреинобреин програма. Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат, танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот на БРЕИНОБРЕИН програмата за Европа, Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот беше…

повеќе...

Доделени наградите на најдобрите во спортот на „Спортски ден“ во Велгошти

Традиционално одржан Спортски ден во Велгошти по повод роденденот на Тодор Александров. По повод роденденот на Тодор Александров, денес во спортската сала во Велгошти, која го носи неговото име, беа доделени награди на најдобрите во спортот, на спорсткиот турнир именуван како „Спортски ден“. Вклучени беа сите основни и средни училишта од Охрид како и Основното училиште од Општина Дебарца. Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, шах, пинг – понг, мал фудбал, кошарка. На најдобрите во шах (машки и женски) наградите- медали им ги додели советникот Коста Трифуноски. Првото место го освои Јован Љаткоски…

повеќе...