Литературните творби „Охрид во чест на Свети Климента“ под шифра „Триконхос“ и „ Ѕвездата кон Бога“ под шифра „АЕИ 321“ се добитници на наградите на Литературниот конкурс, кој по повод 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, за учениците од охридските основни и средни училишта, го распиша градоначалникот Никола Бакрачески. Добитниците на наградите, авторството треба да го докажат со третиот примерок и потврда дека се редовни ученици во некое од основните и средните училишта во Охрид, кои најдоцна до утре, 4.12.2015 година ( петок) треба да ги…
повеќе...Tag: награди
Високи успеси за средношколците од „Ванчо Питошески“ на Државниот натпревар „Лидер на струка – 2015“
Високи успеси постигнаа учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, на II државен натпревар за избор на најдобар ученик – „Лидер на струка – 2015“ кој се одржа во Крушево, во организација на Центарот за средно стручно образование и Министерството за образование и наука. На изборот за најдобар ученик од струката учениците се натпреваруваа во теоретски знаења и практични вештини од областа на угостителството и туризмот. Ученикот, Наум Нестороски го освои второто место во рамките на образовниот профил – келнер. Трето место, освои ученичката Наталиjа Наумоска, којашто се натпреваруваше во рамките на образовниот…
повеќе...Доделени признанијата за „Најдобра училишна веб страна“
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ги додели признанијата за „Најдобра училишна веб страна“ за учебната 2014/2015 година . Овој проект Министерството за образование и наука го започна минатата година, а неговата цел е да се поттикне креативноста и квалитетот во изработката на училишните веб страни, но и натпреварувачкиот дух меѓу учениците. „Во категоријата за основните училишта, каде во потесниот круг влегоа ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, ОУ „Кочо Рацин“ од Куманово и ОУ „Ванчо Прке“ од Штип, за најдобра училишна веб страна, избрана…
повеќе...Избран најстариот жител и брачниот пар со најмногу години во брак во Охрид и Дебрца
Тмурното и врнежливо време во Охрид, не го попречи доживувањето на „Сончевата есен на животот“, саботен настан кој ги разгали срцата на старите лица, пензионерите и сите оние кои ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за да уживаат во програмата подготвена од Црвениот крст Охрид, во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица. Под модераторство на актерот Љупчо Тодоровски-Упа со рецитирање на стихови од поезијата на Блаже Конески, на сцената со својот настап блескаа КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од…
повеќе...Доделени признанија за најдобрите албански студенти
Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и министерот за економија, Беким Незири ги посетија најуспешните албански студенти и при што министерот Незири им додели признанија за нивните постигнувања. Во своето обраќање, министерот за образование, Адеми истакна дека целта на средбата е да им се даде признание на истакнатите студенти на ДУТ и ЈИЕУ, но исто така преку нив да им се оддаде почит на основачите на овие две институции за високо образование на албански јазик. „Овие универзитети се веќе воспоставени и од ден на ден докажуваат дека тие се…
повеќе...Наградени трите најиновативни проекти за регионален развој
Проекти од областа на туризмот и образованието се наградени на изборот за најиновативен проект за регионален развој, што го реализира Министерството за локална самоуправа, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и со швајцарската Агенција за соработка и развој (СДЦ). Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, на доделувањето на наградите за „Најиновативен проект од Програмата за рамномерен регионален развој во период од 2009 до 2014 година“ изрази очекување дека манифестацијата ќе прерасне во традиција, ќе придонесе вработените во центрите за регионален развој на планските…
повеќе...Доделени наградите за најдобри општествено одговорни практики за 2014
Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија денеска свечено ги доделија националните награди за општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија спроведени во 2014 година. За наградите конкурираа 34 претпријатија со вкупно 50 проекти, од кои 10 мали и средни со 13 проекти и 24 големи со 37 проекти, во различни категории на општествена одговорност. Најмногу од претпријатијата, 21. конкурираа во категоријата „Вложување во заедницата“, првпат аплицираа девет, а најголем дел од оние кои аплицирале – по седум се од финасискиот и услужниот сектор, додека…
повеќе...Избрани најдобрите литературни и ликовни творби
По објавениот конкурс за избор на најдобри литературни и ликовни творби на тема „Природата порачува- спасувај не загадувај“ , што го распиша Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Локалната самоуправа, жири комисијата ги објави наградените трудови. Од пристигнатите литературни творби првата награда во висина од 7.000,00 денари ја освои Ана Марија Јанковска, VII одделение од ОУ „Христо Узунов“ , втората во висина од 5.000,00 денари, Никола Сандрески, IVодделние, од ОУ „Кочо Рацин“, а третата награда во висина од 3.000,00 денари, Сара Ламбеска, VI одделение, од ОУ „Григор…
повеќе...Високи признанија за учениците и професорите од ОУТУ „Ванчо Питошески“
Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваа на Четвртиот Меѓународен натпревар „Гатус 2015“ – најзначајната угостителско-туристичка манифестација на Балканот каде што се закитија со три втори места. „Во конкуренција на 12 средни училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија, тие за својот труд, заслужено на своите гради ги ставија СРЕБРЕНИТЕ признанија во трите дисциплини и тоа: – во дисциплината „Поставување на традиционална маса за 4 лица“ учениците Наум Нестороски, Адријан Османоски и Ерол Камбероски под менторство на професорката Марија Ристеска; – во дисциплината „Традиционално јадење“, учениците…
повеќе...20-ти јубилејни спортски натпревари на пензионерите на Македонија
Утре во Скопје ќе се одржат 20-те јубилејни републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија.На натпреварите ќе учествуваат 41-но здружение со вкупно 397 натпреварувачи од кои 208 во машка и 189 во женска конкуренција. Тие ќе се натпреваруваат во стандардните 11 спортски дисциплини. Јубилејните спортски натпревари се очекува да ги отвори Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, а спортистите ќе ги поздрваи претседателот на Сојузот на здружениајта на пензионерите на Македонија Драги Аргироски. Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца и годинава по 20-ти пат активно ќе учествува…
повеќе...