Концерт на Аца Лукас на 25-ти јули во Охрид

На само неколку дена до закажаната вистинска журка под отворено небо со хитовите на непоправливиот рокер, Аца Лукас, организаторт на концертот најавува промотивна цена на влезницата од 300 денари, но само до петок. Веќе во сабота на 25-ти јули, оносно на самиот влез на Плажа Немо за каде што е закажан и настапот на Лукас, влезницата ќе ве чини 400 денари. Со почеток во 22.00 часот, Лукас на плажа Немо ќе почне да ги реди своите најголеми хитови. И нема да биде сам. Најавува специјални гости со чија помош ќе…

повеќе...

ДНК ја завршуваат јулската турнеја низ Македонија со концерт во Охрид

Веќе традиционално, кога се зборува за концерт на ДНК, во равенката секогаш се вклучува Охрид. Новитет оваа година, е што Охрид е последниот град кој Панчо и Андреј ќе го поминат во својата јулска турнеја. Последниот концерт е закажан за Недела (26.07), во Плажа бар Кадмо. „Во нашиов случај, по почетокот – турнејата се познава. Започнавме од Скопје, каде поминавме традиционално супер. Велес па Пиво фестот во Прилеп беа нашите следни дестинации, каде поминавме истотака одлично. Крајот на неделава настапуваме во Претор и Пробиштип. Промена за оваа година, е фактот…

повеќе...

Се уредува и опремува плажата Сараиште

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески а на барање на жителите од стар град, периодов интензивно се работи на уредување и опремување на градската плажа Сараиште во стариот дел на Охрид. По претходно расчистување на просторот од пловните објекти, делот од плажата наменет за сончање ќе доби нов песок а ќе бидат поставени и канти за отпадоци и клупи за седење. Теренот веќе се подготвува и се поставуваат инсталации за тушеви и соблекувални. Од година во година плажата Сараиште привлекува бројни посетители и капачи пред се мештани и охриѓани од…

повеќе...

Повредена мечка се појави на плажа во Струга

Вчера околу 13,50 часот пријавено е дека на плажата пред автокампот „Треска“ во Струга дошла мечка која била повредена во пределот на предната лева нога. Од страна на полициски службеници цела вечер беше обезбедено местото на настанот, со цел да нема влегување на граѓани во кампот. Известени се инспектори по лов.

повеќе...

Охридскиот Црвен крст продолжува со реализација на оригами работилници

Во рамките на едукативните програми за поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид продолжува со реализација на оригами работилници овој пат на отворено, покрај брегот на Охридското езеро-на просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид (плажа „Парк“). На овие работилници предводени од Наташа Алексиќ – инструктор за оригами, младите ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини и да изработуваат најразлични фигури и предмети од хартија, кои понатака, преку хуманитарни аукции ќе бидат искористени за собирање на средства за поддршка на хуманитарните активности…

повеќе...

Отворена првата „Библиотека на плажа“ во Дојран

Денес и официјално се отвори првата „Библиотека на плажа“. Пред присутните новинари и посетителите, градоначалникот на Општина Дојран,  Борче Стамов го поздрави овој проект и соопшти дека од денес сите љубители на пишаниот збор ќе може бесплатно и книжевно да уживаат на Градската плажа во Дојран. „Чест ми е што денес на Градската плажа во Дојран се отвора Првата Библиотека на плажа. Покрај многуте културни случувања ова лето во Дојран, покрај инвестирањето во плажите и подобрувањето на сместувачките капацитети, ова е само чекор до целта, а тоа е во Дојран…

повеќе...

Утре во Дојран се отвора првата библиотека на плажа

Првата ,,Библиотека на плажа” се отвора утре, на Градската плажа во Дојран. Ова ќе биде уживање за сите посетители кои бесплатно ќе можат да читаат и уживаат додека се на плажа. Со почеток од 11 часот, на градската плажа во Дојран, претставниците од медиумите и сите посетители ќе може да читаат книги од библиотеката на плажа во друштво на Градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов, како и Дејан Павлески, првиот човек на Клуб Матица. Првата Билбиотека на Плажа ќе започне со работа Среда на 15.07.2015 година.

повеќе...

Лагадин ќе добие медитеранска плажа

Министерството за транспорт кон средината на идниот месец ќе почне да ја уредува плажата во Лагадин. Прокетот чини 75 милиони денари, а плажата ќе биде готова во август летово, дознава економски.мк. Плажата Лагадин се протега почнувајќи од хотелот „Два бисери” кон југ во должина од 500 метри, зафаќајќи го просторот помеѓу патот (Охрид – Св.Стефан – Пештани – Св.Наум) и водената површина од езерото. На потегот од петстотини метри предвидени се повеќе содржини: почнувајќи од сервисниот пункт, два шанка, два објекта со тоалети, тушеви и гардероби, објекти за сместување на…

повеќе...

Познати локациите каде ќе се градат петте најсовремени плажи во Охрид

Пет најсовремено уредени плажи ќе добие Охрид. Истите ќе бидат уредени по највисоки стандарди , со сите можни содржини за забава и рекреација. По неодамнешниот работен состанок со претставници од Министерствата за транспорт и врски и за одбрана како и со претставници од Капетанијата, градоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека веќе се утврдени локациите за модерните плажи. „Таа што ќе биде кај постоечката плажа Љубаништа и другата на потегот кај Лагадин ќе бидат во должина од 500 метри. Една од тие модерни плажи ќе биде лоцирана помеѓу каналот Студенчишта и хотелот…

повеќе...

Избрани петте идејни решенија за плажа на Охридското езеро во општина Дебарца

Заврши анкетата на Министерството за транспорт и врски, на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, кои пристигнаа на конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажата, објавен од Министерството за транспорт и врски. „Согласно резултатите од електронското гласање, од вкупно 3.072 гласови, идејното решение бр.1 доби 21% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр.2 доби 14% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр. 3 доби 56% од вкупниот број на гласови, идејното…

повеќе...