Од утре до 11 јуни ќе се спроведе екстерното тестирање

Од утре до 11 јуни ќе се спроведе екстерно тестирање за учебната 2015/2016 година во јунската сесија. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. ДИЦ претходно ја објави базата прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето. Така, на учениците што ќе бидат тестирани утре, предметот за кој ќе бидат тестирани им беше соопштен во петокот попладне.…

повеќе...

Започна полагањето државна матура

Државната матура денеска се спроведува во сите средни училишта без никакви проблеми. Матурата почна во предвидениот термин и се одвива согласно планот и динамиката, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, при посетата на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Тој информираше дека резултатите од државната матура ќе бидат обезбедени триесет дена по завршување на последниот испит. Инаку денес матурантите полагаат мајчин јазик (македонски, албански и турски) и литература, кој е задолжителен за сите пријавени кандидати. За македонски јазик и литература се пријавени 10.730 кандидати, албански јазик и литература 5.424, а…

повеќе...

Ристовски: Досега набавени 100 интерактивни табли за училиштата

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека се набавени уште 20 интерактивни табли кои во текот на месец јуни ќе бидат распределени во дваесет училишта. Од почеток на проектот за опремување на училиштата со информатичко-комуникациска технологија кој што Владата и Министерството за образование и наука го почнаа пред две години, вкупно се набавени 100 смарт-табли и истите придонесуваат за модернизација на условите за настава и за дополнителен развој на ИКТ-вештините на учениците. „Министерството за образование и наука со одлука на Владата се обврза секоја година да набавува…

повеќе...

Еко караванот на Министерството за животна средина и просторно планирање патува низ скопските училишта

Со одржување на еколошки час во ОУ „Кирил и Методи“ во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со УНДП и Милиеуконтакт ја започна кампањата за одбележување на 5 Јуни светскиот ден на животната средина. Еколошкиот час се одржа во подвижната лабораторија на Министерството, која што популарно е препознатлива како Еко-караван и која што е обновена со помош на Милиеуконтакт. Тема на едукативниот час беа климатските промени, глобалното затоплување, последиците предизвикани од нив, а беа презентирани и инструменти за собирање на валидни податоци за процесите што се…

повеќе...

Студенти тутори ќе држат часови на ученици од основните и средните училишта

Министерството за образование и наука интензивно работи на подготовките за имплементација и реализација на нов проект наречен Интерактивен портал за тутори, кој ќе почне да се спроведува од септемрви. Проектот го презентираше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој потенцираше дека Интерактивен портал за тутори е дел од владината програма за работа до 2018 година, и дека неговата цел е исклучително благородна и ќе обезбеди повеќедимензионален ефект. „Имено, Интерактивниот портал за тутори е системска платформа која предвидува студенти волонтери на доброволна основа да се пријавуваат и да обезбедуваат…

повеќе...

Завршија овогодинешните училишни игри без граници

Денес се одиграа финалните натпревари од Училишните игри без граници – Охрид 2015/2016. Во прекрасен амбиент во училишната спортска сала од ОУ „Григор Прличев“ во присуство на голем број на учесници, посетители и гости завршија овогодинешните игри без граници. Дваесет и четири екипи од пет основни училишта од Општина Охрид кој што се пласираа во втората фаза на игрите, низ исклучително интересни едукативно- психофизички игри се натпреваруваа во одлична тимска атмосфера при што: третото место и го освои екипата „ТС” од 5-то 3.одд од ОУ „Христо Узунов”, второто место и припадна на…

повеќе...

Ученици од Словенија и Црна Гора во посета на Охрид

Заменик градоначалниот Ангел Јанев, денеска имаше средба со ученици и наставници од Основните училишта „Второ основно училиште“ од Цеље, Словенија, „Душан Обрадовиќ“ од Жабљак, Црна Гора и домаќинот Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид. Претставниците на трите училишта заеднички ќе реализираат бројни активности во рамките на проектот „Сепак заедно“, а имаат планирано слободно време за дружење и меѓусебно запознавање.

повеќе...

Заврши проектот „Птиците и човекот“ кој се реализира во основните училишта во Охрид и Дебрца

Денес, по повод Светскиот ден на птиците преселници, симболично заврши проектот „Птиците и човекот” кој што со поддршка на Македонското еколошко друштво, Извидничкиот одред „Пионер“ го реализираше во изминатите 60-тина дена. Во проектот беа вклучени вкупно дванаесет основни училишта од кои десет во Општина Охрид и две во општина Дебрца. Учениците од второ и трето одделение се запознаа со феноменот на птиците преселници како и нивното значење за зачувување на животната средина. „Непосредното излагање на извидниците кај учениците побуди отворена комуникација каде што им беа аудио и визуелно претставени птиците преселници застапени…

повеќе...

Бројни награди за охридските основци на Државниот натпревар по математика

На 41от Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование кој се одржа на 07.05.2016 година во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ – Скопје, охридските основци освоија бројни награди. Ученичката Христина Митреска од VIII одделение од ОУ„Христо Узунов“ од Охрид под менторство на наставничката Виолета Китеска освои трета награда и се здоби со право за учество на Јуниорската македонска математичка олимпијада. Освоени места и право на учество на Јуниорската македонска математичка олимпијада имаа и учениците од ОУ„Григор Прличев“: Петар Мишов VII…

повеќе...

Доделени наградите од манифестацијата „Детски семафор“

Заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стефан Димоски, денеска им ги врачија наградите на најдобрите во натпреварите што се одржаа во рамките на сообраќајно воспитната манифестација „ Детски семафор“ . Целта на манифестација, како што беше речено на денешната свеченост е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот. За освоено прво место во машка конкуренција на Петар Вељаноски од ОУ „Кочо Рацин“ му беше врачено признание и велосипед,…

повеќе...