Донација за првачињата во општина Дебрца

Денес во просториите на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски се сретна со првачињата во Општина Дебрца. Како и претходните години така и оваа година, бизнисменот од Перт, Западна Австралија, Драган Капинков, кој е сопственик на фондацијата „Капинков“, донираше училишна опрема. Училишниот прибор и чанти на првачињата од општина Дебрца им ги додели градноначалникот Трајкоски, кој рече дека оваа учебна година во „ОУ Дебрца“ има запишано 34 првачиња, што значи зголемување на бројот за 10 првачиња од претходните години. Воедно градоналникот  Трајкоски им посака успешна учебна година и успешен образовен процес.

повеќе...

Завршува реконструкцијата на постоечките надворешни скали во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Во завршна фаза е реконструкцијата на веќе постоечките надворешни скали во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Како што информираат од училиштето, со овој проект ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во училиштето, а секако ќе се подобри и безбедноста на учениците кои учат тука. Реконструкцијата се реализира со средства од ОУ „Живко Чинго“, а наjголем дел со средства од Црковниот одбор од Велгошти. WebOhrid

повеќе...

Неуморно продолжуваат градежните активности во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Неуморно продолжуваат градежните активности во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, со цел учениците да имаат подобро катче, поудобен престој и поквалитетна настава. „Секоја година во училиштето се работи на нови проекти за подобро училиште. Всушност, во овој период се доградува, односно се продолжува кровот на училишниот главен влез, поради штетите кои се нанесуваат од неповолните временски услови.“- информираат од училиштето. Во текот на овој месец планирана е изградба на нови кабинети по останатите предмети како што се биологија, хемија, географија и историја. Имено, ова е дел од проектот кој започна со изградба на неколку…

повеќе...

Учениците од третите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ ја одбележаа Неделата на програмирањето

Учениците од третите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид активно се вклучија со активности поврзани со основните чекори на програмирање. „Еден од начините на кои можеме да придонесеме за образованието, е поддршка на секој ученик на планетата во развивање на вештините од 21 век. Технологијата стана интегрален дел од секојдневието на луѓето, при што се зголемува интересот на учениците, родителите, наставниците, владините и невладините организации, младите да не учат само како да користат технологија, туку креирајќи со помош на технологијата да станат иноватори и движечка сила на развојот и можностите…

повеќе...

Формиранa портокалова панделка во дворот на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вклучи во кампањата за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојките“, како дел од глобалниот активизам, што трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија. Под мотото „Обој го светот во портокалово, стави точка“ и „#HerForShe“ денеска во дворот на Училиштето учениците и професорите формираа голема „портокалова панделка направена од луѓе“, со цел симболизирање посветла иднина во која нема место за насилство. Претседателот на…

повеќе...

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост во ОУ „Св.Климент Охридски“

Секоја година во ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид се организираат различни активности со кои се одбележува 3-ти декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. Учениците со психофизички пречки во развојот, сместени во 3 посебни паралалки, како и оние кои се инклудирани во редовни паралелки, придружени од своите врсници од I, IV и VI одделение, денес учествуваа на креативни работилници на кои изработуваа накит. Освен за овие ученици, креативните работилници се организираа во скоро сите училници во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници, а на нив…

повеќе...

Разубавен училишниот двор во ОУ „Св.Климент Охридски“

Во училишниот двор во ОУ „Св.Климент Охридски“, ликовната секција под менторство на наставникот Димитрије Ристески започнаа цртање на дел од дворот, со цел истиот да добие попријатен амбиент и стане повесело катче за учениците.

повеќе...

Учениците од ОУ „Дебрца“ се вклучија во одбележувањето на Детската недела

Во рамките на Детската недела која секоја година се одбележува во првата седмица од месец октомври, под мотото „За подобро утре“  училиштето „Дебрца“ и Детската организација при ова училиште се вклучија во одбележувањето со низа активности. „Првачињата беа запознаени со Конвенцијата за правата на децата донесена од УНЕСКО, па согласно неа беа изработени цртежи со кои ги збогатија холовите на училиштата. Преку тие мали ремек-дела, ги искажаа своите права, но не заборавија и на своите должности. Учениците беа и во посета на Локалната самоуправа, и остварија непосредна средба со градоначалникот и вработените…

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ се приклучи во акцијата „Македонија без отпад“

Основното училиште „Григор Прличев“ се приклучи во акцијата „Македонија без отпад“. Училиштето веќе неколку години ја поддржува оваа акција „Македонија без отпад“ и спроведува едукативни предавања за заштита на животната средина од отпадоци и акција за чистење на училишниот двор. Поголемо внимание им се посветува на помалите ученици за да ги усвојат навиките трајно. „Со задоволство можеме да констатираме дека учениците во нашето училиште ги имаат стекнато тие навики и отпадот го фрлаат на соодветно место, а тоа може да се забележи и од училишниот двор.“ – истакнуваат од ОУ „Григор Прличев“.

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ врши упис на ученици во прва година

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2015/2016 г. Училиштето нуди можност за запишување во повеќе образовни профили и тоа: – Во угостителско-туристичката струка според наставните планови и програми за стручно образование за профилите: келнер, готвач (тригодишно образование); за профилите: угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар (четиригодишно образование). – Во спортската академија за спортски талентираните ученици според наставен план за спортска гимназија за профилите: спортска паралелка по ракомет, спортска паралелка по кошарка и спортска паралека по фудбал. Приемот на документи…

повеќе...