Предавање на тема „Безбедно на инернет“ во ОУ „Христо Узунов“

Во рамките на Проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ во ОУ „Христо Узунов“ –Охрид, одделенскиот раководител Славица Настоска од V-3 одделение во соработка со психологот од училиштето, организираше активност – предавање од родителот Марија Гогова на тема Безбедно на интернет. Целта на ова едукативно предавање беше да се подигне свеста кај учениците за правата на децата на интернет помеѓу самите ученици и во комуникацијата со другите. Родителот кој е информатичар по професија, ги истакна придобивките од користењето на интернетот, местата каде можат да најдат интересни и корисни содржини,…

повеќе...

Решен проблемот со електричната енергија во ОУ „Григор Прличев“

Општина Охрид, утрово ги подмири обврските на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН- Македонија за потрошена електрична енергија во износ од 813.439. 00 денари. Струјата во училиштето е веќе вклучена а тоа значи дека наставата продолжува да се реализира во нормални услови, учениците ќе учат во топли и светли простории. Инаку, на вчерашната вонредна седница која беше свикана по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, со одлука на градските советници, општина Охрид се обврза да го исплати долгот кон ЕВН Македонија што училиштето го има за потрошена електрична енергија. Во изминативе денови…

повеќе...

Вработените и учениците од ОУ„Дебрца“ активно вклучени во проектот-Македонија без отпад

Денеска учениците и вработените од Основното училиште „Дебрца“ активно се вклучија во проектот „Македонија без отпад“. Во централното училиште и во сите подрачни училишта на Општина Дебрца учениците и вработените ги исчистија и хортикултурно ги уредија школските дворови. Учениците со своите вредни рачиња допринесоа за почиста животна средина. Како дел од акцијата беа одржани и едукативни предавања за чиста и здрава животна средина.

повеќе...

ОУ „Кочо Рацин“ доби донација на нагледни средства по физика

Деновиве основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид оствари успешна соработка со фирмата ЛТХ „Леарница“ од Охрид. Имено од страна на ЛТХ „Леарница“ на чело со Роберт Водушек како главен менаџер на фирмата беше одобрена донација за нагледни средства. Еднократната парична помош беше искористена да се подобри наставата по физика со нови нагледни средства. Училиштето испраќа голема благодарност до нив за разбирањето и соработката. Искрено се надеваат дека соработки од ваков тип, во кои би биле вклучени локални бизнисмени или фирми, со цел осовременување на наставниот процес, ќе се зголемат. Збогатувајќи…

повеќе...

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ на есенска екскурзија

Учениците од Основното Училиште „Григор Прличев“, денес ја реализираа првата есенска екскурзија. Најмалите, односно учениците од прво и второ одделение прошетаа по Кејот на Охридското Езеро. Четвртоодделенците, беа во посета на музејот „Никола Незлобински“ во Струга и продолжија во Вевчани, петоодделениците на прошетка во Музејот„ Заливот на коските“ во Градиште, па продолжија за Свети Наум, седмо и осмо одделение во посета на манастирот Рајчица, Св. Јован Бигорски и Маврово. „Според Правилникот за екскурзии, по објавен оглас, третоодделенците ќе одат на еднодневна екскурзија во Скопје, 6 одд. дводневна Скопје, Кавадарци (спиење),…

повеќе...

Мостот од кај ОУ „Христо Узунов“ ќе се дислоцира на нова локација

Веќе подолго време безбедносниот мост над улицата „Питу Гули“ е затворен. Иако мостот им служеше на децата од ОУ„Христо Узунов“, но и на жителите од Горна Влашка маала за безбедно преминување преку оваа улица, сега ќе мора да се дислоцира. Виновници за тоа се вандалите, кои немилосрдно удрија по него: кршеа, корнеа, руинираа кај ќе стигнат и што ќе стигнат. Токму за тоа, овој мост беше затворен и не е во функција на училиштето, односно учениците, па и останатите граѓани. „Мостот беше во права смисла направен за безбедност на поминување…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ вклучува гостин – претприемач во наставниот процес

ОУ „Живко Чинго“ Велгошти – Охрид, во согласност со наставниот план и програма по предметот Иновации, професорката Дубравка Сершиќ на часот вклучи гостин претприемач – Марија Филева Стоев, yправител на БВЦ дооел Охрид, фирма која е дел од Групацијата BWC (Budapest – Wien Chemicals), а функционира со 100% македонски капитал и веќе 20 години бележи успешно работење во трговска и производна дејност. Младата и успешна претставничка на претприемачкиот свет, ги запозна учениците со историјата на нејзиниот кариерен развој. Гостинката зборуваше за клучните фактори на успехот како што е образованието, постојаното едуцирање и следење трендови, идејни планови, како…

повеќе...

Новиот предмет Иновации со воодушевување е прифатен кај учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“

Основното училиште „Св.Климент Охрдски“ – Охрид во наставата вклучи успешни претприемачи од државата и пошироко. Новиот предмет Иновации со воодушевување е прифатен кај учениците во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид. Во согласност со наставниот план и програма на предметот, професорот Галина Малезаноска, првото предавање „Карактеристики на успешен претприемач“ го одржа со д-р Весна Игнатович – Стоилкович, основач на центрите за естеска медицина „Dr.-VAIS“. Учениците беа импресионирани од нејзиниот професионален успех на меѓународно ниво стекнат во 25-годишното работно искуство и работењето на нејзините центри во Ниш, Белград и Скопје. Секој ученик на крајот…

повеќе...

Првачињата од ОУ „Живко Чинго“ од вчера учат во нова училница

По барање на родителите, а со посебно залагање на раководството на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, од вчера учениците од прво одделение ќе учат во нова училница, во смена со своите врсници. Имено, ова училиште веќе подолго време се соочуваше со просторни услови за згрижување на сите ученици од прво одделение во една смена, заради недостаток на просторни услови, односно соодветна училница (занимална). Поради тоа, дел од учениците од прво одделение досега беа принудени да одат на училиште со другата смена, односно со поголемите ученици од предметна настава. Секоја учебна…

повеќе...

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Втор ден во училишните клупи во охридското село Коњско наместо ученици седат родители, а никој од надлежните не реагира. Родителите со право протестираат, отакако 1-ви септември им донесе непријатно изненадување. Во една училница беа седнати три генерации ученици, од прво, второ и трето одделение, да им предава еден учител. И ова се случува во 21-от век. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието. Тоа што од буџетските средства на општина…

повеќе...