ЈП „Охридски Комуналец“ го одбележа „Денот на дрвото“ со засадување на украсни садници на три локации. Првата локација беше на влезот од градот каде беа засадени 50 дрва од сортата „Софора” (Јапонски Багрем), украсно цветно дрво. Втората локација на која садеа вработените на ЈП „Охридски Комуналец“ и вработените од „Капетанија“ – Охрид беше потегот од „Билјанини извори“ до Хотел „Славија” помеѓу двете коловозни ленти. На овој дел пеа засадени 120 дрва од сортата „Аризонски Чемпрес”. Третата локација каде беа засадени 50 дрва од сортата „Каталпа” беше потегот од мостот према Хотел „Парк”…
повеќе...Tag: дрво
ОУ „Христо Узунов“ традиционално дел од акцијата „Ден на дрвото“
Како и при секоја акција за „Денот на Дрвото“, ОУ „Христо Узунов“ Охрид и денес организираше акција за засадување на дрва во рамките на училишниот двор, со присуство на наставниците и учениците од училиштето. Оваа година беа засадена садници кои ќе имаат и заштитна и естетска функција на делот на влезот во Училиштето од страната на улицата „Питу Гули“. „Традиционално ја обогатуваме уреденоста на училиштето и внесуваме воспитна компонента кај учениците за да развијат посебен однос кон природата. Тоа го правиме и на овој ден и секој друг ден во…
повеќе...Успешно реализирана акцијата „Ден на дрвото“ во Дебрца
Aкцијата „Ден на дрвото“ – Засади ја својата иднина, успешно се реазлизира во општина Дебрца. Активностите започнаа утрово со засадување на садници од сортата аризонски чемпрес во паркот на ОУ „Дебрца“. Градоначалникот Трајкоски во придружба на секретарот, Илија Дуклески, директорот на ЈКП „Дебрца“ Васил Јончески, вработените во општина Дебрца, наставниците и учениците засадија дрвца со што придонесоа во разубавување на средината во која учениците го минуваат поголемиот дел од училишните денови. Општина Дебрца и во иднина ќе ја поддржува акцијата „Ден на дрвото“ која ја спроведува Владата на Република Македонија,…
повеќе...Охрид ќе биде дел од акцијата Ден на дрвото – засади ја својата иднина
По повод акцијата, Ден на дрвото – засади ја својата иднина, утре напладне претставници од општина Охрид ќе засадат садници од видот лагистремија во непосредна близина на споменикот на Светите Кирил и Методиј кај градскиот парк. На денот на Дрвото во среда- 3 декември 2015 година во Охрид ќе се пошумува на локалитетот Мауцкер каде ќе бидат засадени 8 000 садници македонски даб. На просторот од Билјанини извори до населбата Св. Стефан, меѓу двете коловозни ленти на булеварот „Св. Наум Охридски“ ќе се засадат 500 стебла аризонски чемпрес. На патеката…
повеќе...Дрвени гуми!?
Автомобилските гуми речиси е невозможно да се распаднат. Новите технологии го продолжуваат животниот век на гумите, но што е со старите гуми!? Најголем дел од нив завршува во отпад, но тие ослободуваат штетни материи доколку се запалат и дојдат во контакт со почвата и подземните води. Затоа, голем дел од гумите се применуваат како нишалки во училишните дворови, заштита на кајчињата и бродовите на пристаништата, покрај патеките за картинг, покрај огради и.т.н. Природата се бори против најразличниот отпад, па и против гумите. И покрај нивната цврстина, разните временски прилики и…
повеќе...Дрво падна врз автомобил „Југо“ во Охрид
Синоќа во Охрид, на улицата „Мирче Ацев“ поради обилните снежни врнежи се скрши дрво, при што падна врз автомобил „Југо“ со охридски регистарски таблички кое беше паркирано. Како што дознаваме направен бил увид и записник од страна на крим техника. WebOhrid
повеќе...СВР Охрид го одбележа Денот на дрвото
Десетина полициски службеници денес учествуваа во акцијата Денот на дрвото. Кај месноста Орман тие засадија повеќе борови и јасенови садници. СВР Охрид традиционално ја подржува оваа акција за подигнување на еколошката свест и градење здрава животна средина. „Секоја година учествуваме во акцијата Денот на дрвото и на предвидените локации заедно со граѓаните и претставниците на институциите засадуваме садници, ги пошумуваме голите предели и учествуваме во раззеленувањето и подобрувањето на нашата животна средина.“ велат од СВР Охрид. Денешната акција беше повод и за уредување на дворот на СВР Охрид каде се…
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ активно се вклучи во акцијата Ден на дрвото
ЈП „Охридски Комуналец“, како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавните парковски површини, дрвореди и скверови на територијата на општина Охрид, активно се вклучи во акцијата Ден на дрвото-засади ја својата иднина. Активно се вклучивме во традиционалното одбележување на оваа акција каде Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претседателката на Советот Гордана Коњаноска, директорите на јавните претпријатија и раководители на општински сектори, симболички засадија зимзелени садници во градскиот парк. Вработените од „Паркови и зеленило“ ја потпомогнаа акцијата со распределување и доставување на садниците кои ги донира ЈП „Македонски Шуми“…
повеќе...Традиционално одбележан Денот на дрвото во ОУ „Христо Узунов“
Традиционално ОУ „Христо Узунов“, Охрид го одбележа Денот на дрвото во кругот на училиштето. Директорот на училиштето, м-р Тони Симоноски со вработените и во присуство на преставникот на Министерството за животна средина, Дејан Пановски засадија неколку садници во дворот на училиштето и посочија на потребата за нивно одгледување и зачувување. Истовремено на учениците им беше пренесена порака дека секое засадено дрво е симбол на иднината и симбол на доброто за својот град и својата земја.
повеќе...Универзитетот „Свети Апостол Павле“ се вклучи во акцијата „Ден на дрвото“
Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ја поддржа и активно се вклучи во акцијата за пошумување, во рамките на иницијативата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Веќе традиционално, интернационалните и домашните студенти наставно научниот и административниот кадар на Универзитетот, засадија зимзелени дрвца во дворот на Универзитетот. „Со задоволство ги засадивме овие дрвца, Денот на дрвото преставува одлична прилика да инвестираме во нашата иднина и да испратиме порака дека мора да постои рамнотежа помеѓу развојот на индустријата и технологијата и зачувувањето на животната средина“…
повеќе...