Нарконон Балкан – Центар за рехабилитација од зависности

Нарконон Балкан претставува Центар за рехабилитација од зависности (дроги, алкохол), кој се наоѓа во с.Конопиште – Кавадарци, а успешно работи веќе 12 години. Се издвојува од другите центри за рехабилитација по тоа што работи по лиценцирана програма (во светот постојат 60 центри од ваков тип, а овој Центар е единствен од ваков тип на Балканот), се е на природна база (со витамини и минерали), не се користат никакви лекарства. Во програмата, како многу важен дел од рехабилитацијата, е вклучена сауна и посебни масажи што ги олеснуваат физичките потешкотии, како и…

повеќе...

Повеќе лекови на рецепт за граѓаните: За 80 милиони денари зголемени квотите за аптеките

Од вчера осигурениците имаат повеќе лекови на рецепт во аптеките низ целата држава. Средствата наменети за аптеките се зголемени за дополнителни 80 милиони денари за лековите на рецепт до крајот на годинава. Тоа значи од досегашни 2,46 милијарди денари, новиот буџет за лекови на рецепт за 2016 година ќе изнесува 2,55 милијарди денари. Со цел да се овозможи еднаквост во прераспределбата на овие средства, Фондот одлучи да направи измени во Правилникот за квоти со воведување на линеарно зголемување и минимална загарантирана квота. Имено, од вкупно 776 аптеки, кои во моментов…

повеќе...

ПЗУ „Никодам-Медика“ – Велгошти

ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“ е лоцирана на улица „Илинденска“ бр.96, во Велгошти – Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Работно…

повеќе...

Од денеска 165 лекови со пониски цени

Од денеска цените на 165 лекови (оргинатори и генерички лекови) се намалени. Станува збор за деветто по ред намалување на цените на лековите согласно методологијата на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија. Вкупната заштеда од ова намалување на цените на лековите е над 653.000 евра. Малопродажната цена на лекот панцеф се намалува за 38,10 проценти односно од 1.229 денари на 761 денар, што ќе овозможи сериозна годишна заштеда од околу 480.000 евра. Повеќето лекови континуирано се намалуваат повеќекратно, а некои од нив континуирано…

повеќе...

Од утре ново намалување на цените на лековите

Од утре стапуваат на сила новите намалени цени на 165 лекови (оргинатори и генерички лекови). Станува збор за деветто по ред намалување на цените на лековите согласно методологијата на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија. Вкупната заштеда од ова намалување на цените на лековите е над 653.000 евра. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека досега со осумте претходни намалувања на цените на лековите заштедени се над 33 милиони евра во здравствениот систем. Дел од тие…

повеќе...

Драстично поевтинува испитувањето на влијанието на лековите врз пациентите

Над 30-тина типови испитувања за влијанието на лековите кои ги примаат пациентите и тоа пред се со малигни заболувања, но не ограничувајќи се само на нив, ќе се прават во лабораторијата за биомолекуларни фармацевтски анализи при Фармацевтскиот факултет. За тие испитувања пациентите досега плаќаа многу средства, некои од нив и до 11.000 денари, а сега тие ќе се прават само со партиципација, што значи многукратно се намалува износот кој тие треба да го платат за нив. Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе плаќа најголем дел од сумата потребна за…

повеќе...

Нови електронски услуги – електронски барања за рефундација за болничко лекување, лекови на рецепт и на вграден и потрошен материјал

Фондот за здравствено осигурување на Македонија продолжува да промовира нови електронски услуги, во рамки на месец февруари кој е прогласен за месец на електронски услуги. Денес, Фондот на својот портал промовира три нови електронски услуги за правата кои се гарантирани врз основа на закон за осигурениците кои досега беа достапни само во хартиена форма, а од сега ќе можат да ги добијат поедноставно, побрзо и поефикасно по електронски пат преку новите електронски услуги кои денеска ги промовираме. Денес директорите на Фондот ги промовираа следните три нови услуги: 1. Електронско барање за…

повеќе...

Две нови намалувања на цените на лековите наредната година

По осумте досегашни намалувања на цените на лековите, во вредност од 33 милиони евра, наредната година се планирани две нови намалувања, најави денеска премиерот Никола Груевски. „Досега имаше осум намалувања на цените на лековите во вкупна вредност од 33 милиони евра, кои наместо во фармацевтските куќи останаа во џебовите на граѓаните, односно на пациентите кои купуваат лекови. Она што е значајно е дека овој тренд ќе продолжи и во следната година и тоа двапати, еднаш во март и еднаш во октомври. Тоа значи дополнителни две нови намалувања на цените на…

повеќе...

Во последните три месеци спречени обиди за шверц на над 2750 пакувања лекови

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир, синоќа (04.11.2015 г.) по полноќ спречија обид за шверц на 10 илјади парчиња таблети АМИНАЛОН (200 кутии по 50 таблети). Лековите се пронајдени во торбите и куферите на македонски државјанин, патник во автобус кој сообраќа на редовна линија Софија-Скопје, пријавен за влез во државата. Ова е седми спречен обид за криумчарење и нелегално внесување на лекови и медицински препарати во Република Македонија, откриен од Царинската управа во последните три месеци, при што се одземени околу 2750 пакувања лекови и медицински препарати. Во сите…

повеќе...

Запленети златен накит, лекови, цигари, девизи и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и значителен број обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, лекови, цигари, делови од лифт, електрична опрема, додатоци за мобилни телефони, облека, рачни часовници, парфеми и фалсификати. Задржана е следната стока: Златен накит и девизи – 195 грама златен накит, откриен од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патниот правец Петровец – Скопје, на македонски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Скопје. Во рачна чанта на патничка во автобусот, македонска државјанка, се…

повеќе...