Во чест на 70-годишниот јубилеј на пензионерското организирање во Македонија, денеска во Домот на АРМ се одржа Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри. Ревијата се одржува по шести пати и е во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), под покровителство на Министерството за култура на Македонија. Претседателот на СЗПМ Драги Аргироски на отворањето рече дека годинешната ревија има околу 600 учесници и е особено популарна меѓу пензионерите бидејќи претставува традиционално обележје на третата животна доба и можност за враќање кон спомените од младоста. „Песните,…
повеќе...Tag: министерка
Формирање на асоцијацијата „Итер витис Балкан“ за промоција на винската традиција во регионот
Македонија и останатите земји од поранешна Југославија, заедно со Грција, Албанија, Бугарија и Романија, ја основаа асоцијацијата „Итер витис Балкан“. Откако ќе биде правно регистририна, во октомври се очекува асоцијацијата да биде сертифицирана како културна патека од програмата на Советот на Европа „Cultural Routes“. Македонија е веќе дел од „Итер витис“, а денеска во Скопје беше промовирана балканската винска патека (Итер витис Балкан). Таа ќе ги обедини земјите од Балканот, ќе ги афирмира нивното богато културно наследство и заедничката традиција во одгледувањето вински сорти и производството на вино. Тоа ќе…
повеќе...Министерката Канческа-Милевска се сретна со издавачот од САД, Џон О’ Брајан
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска се сретна со Џон О’Брајан, еден од основачите на реномираната издавачка куќа во САД „Далки аркајв прес“, кој беше почесен гостин на четвртото издание на интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“. Романот „Алма Малер“ на македонскиот автор Сашо Димоски токму преку овој издавач годинава ќе биде издаден на американскиот пазар. Од оваа издавачка куќа ќе се издаде и „Антологија на македонскиот современ расказ“, во превод на Пол Филев. „Ние неколку години, преку Годишната програма на Министерство за култура даваме поддршка на неговата издавачка куќа за…
повеќе...Реконципирана музејската поставка во Спомен-собата на Гоце Делчев
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети НУ Конзерваторски центар – Скопје, каде што во завршна фаза е Спомен-собата на македонскиот револуционер Гоце Делчев. „Ние и во Програмата на Владата ставивме реконципирање на музејските поставки во нашите институции. Спомен-собата на Гоце Делчев е реализирана во таа насока. Се работи за една мултимедијална, интерактивна музејска поставка, која е прекрасно изработена. Идејата е на Румен Ќамилов, а проектот е од огромно и исклучително значење во делот на едукативната мисија“ – рече Канческа-Милевска. Таа информира дека посетителите ќе имаат можност да се…
повеќе...Канческа-Милевска го посети манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“ во Лешок
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ денеска го посетија манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок, каде што се сретнаа со митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Во рамките на посетата министерката Канческа-Милевска најави три активности за заштита на дел од спомениците на културата во ова важно духовно, културно и историско седиште во Тетовско, и тоа: обновување на внатрешноста на конаците, отстранување на влагата од црквата „Света Богородица“ и обнова на старата манастирска црква што се наоѓа на два километри од манастирскиот комплекс…
повеќе...Орден за заслуги на Италија за Канческа-Милевска
Орденот од Италијанската Република е валоризација на многубројните проекти од областа на културата што ги реализиравме во изминатиот период во сите дејности од областа на културата, особено во меѓународната соработка. Ова е признание кое нашиот труд го прави исклучителен, забележан, верификуван и награден … Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимино Белели денеска на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ѝ врачи „Орден за заслуги на Италијанската Република“. Канческа-Милевска го добива Орденот за нејзините посебни заслуги, за придонесот и интересот да ни помогне во заемно ширење на нашите култури. Исто така…
повеќе...Реконструкција на стариот објект на НУБ, набавена целата опрема за дигитализација
Ќе се реконструира стариот објект на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – ќе бидат променети покривот, електричните инсталации, водоводната мрежа и санитарните јазли. Библиотеката ќе добие и нов ентериер, соопшти денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при работната посета на НУБ. Во јуни, кога ќе заврши првата фаза (санација на водоводна мрежа и сите санитарни јазли во стариот дел од НУБ), ќе биде објавен тендер за реконструкција на покривот, а потоа ќе следува третата фаза – целосно ентериерно уредување во стариот дел на НУБ, двете големи читални и…
повеќе...Во киното „Милениум“ премиерно прикажан филмот „Лазар“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во киното „Милениум“ присуствуваше на скопската премиера на играниот филм „Лазар“, по сценарио и во режија на Светозар Ристовски, која се одржа во рамките на 19. издание на „Скопски филмски фестивал“. Овој филм се прикажува премиерно во Скопје по неговата светска премиера во септември на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во филмот играат македонските актери Наташа Петровиќ и Дејан Лилиќ, како и актерите од Бугарија – Красимира Кузанова и Александар Сано. „Сметам дека овој филм кој обработува една доста интересна…
повеќе...Ташевска-Ременски: Ставрески веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните
Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го повика министерот за финансии Зоран Ставревски веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните и да престанат манипулациите со ранливата категорија на граѓани на кои овие средства им се единствени месечни примања. „Еве до каде одат лицемерните политики на Груевски и неговиот кум и министер за финансии Зоран Ставревски! Пред да стигнат лажните обвинувања и клевети дека министерката Ременски ги кочи проектите во Министерството за труд и социјална политика и правата на граѓаните на граѓаните на Република Македонија сакам…
повеќе...Македонија дел од глобалниот хакатон натпревар на НАСА
Сто и дваесет студенти од Македонија од денеска се вклучија во дводневниот глобален светски хакатон натпревар на Американската веселенска организација (НАСА) „NASA Space Apps Challenge„. Студенти по програмирање и дизајн, биологија, хемија, физика, географија, …. во наредните 48 часа ќе креираат иновативни решенија и ќе бараат иновативни идеи за решавање проблеми на Земјата, како и решенија за живот во Вселената. Тимовите ќе работат на предизвици поврзани со аеронаутиката, планетата Земја, вселенските станици, пат до Марс, соларен систем и вселенска технологија. „Овој натпревар се разликува од останатите затоа што е глобален,…
повеќе...