Ликовната колонија „Куманово“ со изложба во Париз

Ликовната колонија „Куманово“ традиционално се одржува од 1974 година на неколку локации како конаците на „Прохор Пчињски“, манастирот во село Матејче, а во последната декада делата се изложени во Меморијалниот центар АСНОМ … Во Aмбасадата на Република Македонија во Париз, Франција, синоќа беше отворена изложба на Ликовната колонија „Куманово“. Посетителите на оваа изложба, која се реализира со поддршка од Министерството за култура, имаа исклучителна можност да видат осумнаесет ликовни дела потпишани од врвни светски имиња, како Денис Боувен од Велика Британија и Паоло Чампини од Италија, како и од академски…

повеќе...

Работна посета на Прифатниот центар за баратели на азил-Визбегово на Ташевска-Ременски

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја посети Јавната установа за сместување на лица баратели на азил “Прифатен центар за баратели на азил“, Визбегово при што оствари средба со диреткорот Страшо Ангеловски и со вработените. Целта на посетата беше да се согледа состојбата со згрижувањето на моментално сместените азиланти во Прифатниот центар, но и да се поразговара за потребите и можностите што ги нуди Центарот. Од страна на одговорните во центарор беа искажани проблемите со кои се соочуваат. Беше констатирано дека треба да се обрати поголемо вниимание…

повеќе...

Отворена библиотека во Археолошкиот музеј на Македонија

Нова библиотека која го носи името на познатиот македонски археолог и проучувач на средновековната археологија во Македонија Кирил Трајковски, денеска беше отворена во Археолошкиот музеј на Македонија. Библиотеката содржи 3.500 печатени книги и 30 илјади книги и публикации во дигитална форма, на македонски, англиски, бугарски, германски, француски, српски и хрватски јазик. Донатор на библиотеката е британската фондација „Кирил Трајковски“. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска информира дека библиотеката ќе овозможи научната, стручната и целокупната македонска јавност да ги прошири и да ги надгради своите сознанија за наследството на нашите простори, но…

повеќе...

Работна средба на министерката Канческа-Милевска во рамки на меѓународната фондација Форум на словенски култури

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Софија, оствари работна средба со министерот за култура на Р. Бугарија Вежди Рашидов и со Андреа Рихтер директор на меѓународната фондација „Форум на словенски култури“. На средбата се разговараше за соработката во рамките на оваа еминентна организација чија цел е зачувување на културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки. Директорката на форумот Рихтер на средбата истакна дека за време на мандатот на министерката Канческа-Милевска како претседател на Управниот одбор на оваа еминентна организација е…

повеќе...

Министерството за култура откупи три драмски текста

„Госпоѓиците од Авињон“ од Сашо Димоски, „Најденко во магичниот круг“ на Татјана Гогоска и „Лична Ангелина (Чувари на честа)“ на Загорка Поп-Антоска Андовска се најдобри на конкурсот за откуп на драмски текстови, кој Министерството за култура го реализира втора година по ред. За откупените текстови Министерството за култура ќе им додели надомест на авторите во нето износ од по 100 илјади денари. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на денешната прес-конференција информира дека на новиот конкурс за откуп на драмски текстови, објавен на 1 октомври 2015 година, пристигнаа 39 драмски текстови…

повеќе...

Ременски: Ни милиметар не отстапуваме од условите за фер избори

Потпретседателка на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски,  денес во изјава за медиумите истакна: „Овие луѓе што се денеска собрани тука, меѓутоа и сите оние коишто не излегоа денеска на собирот на граѓани во Кичево, се согласни во едно, мора да се стави карај на штетните политики на Никола Груевски коишто изминативе десет години ги опустоши сите општини во Република Македонија. Овие градови низ коишто одиме, меѓукоишто е и Кичево, немаат млади луѓе затоа што младите не се во Кичево, затоа што младите заминуваат не само од…

повеќе...

Глумци од МНТ и актери аматери со Даунов синдром премиерно ќе ја изведат „Викај ги среќа“

Актери од МНТ и млади актери аматери со Даунов синдром на 20 март на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе ја изведат претставата „Викај ги среќа“ во пресрет на одбележувањето на 21 Март, Светски ден на Даунов синдром. Режисери на претставата, која ја подготвува Центарот за Даунов синдром во соработка со МНТ и со поддршка на Министерството за култура , се Златко Славенски и Куштрим Бектеши. Во рамки на одбележувањето на Светски ден на Даунов синдром ќе се одржат и повеќе други настани. Министерката за култура Елизабета Канческа-…

повеќе...

Македонија првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз

Македонското книжевно творештво годинава ќе биде претставено на три саемски манифестации – на Саемот на книгата во Франкфурт, на Саемот на книгата во Истанбул и првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз, кој од 17 до 19 март ќе се одржува во Салонот на книгата во оваа метропола. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На Саемот на книгата во Париз учествуваат повеќе од 1 200 издавачи, претставници на 50 држави од Европа и од светот и над 4 500 автори. Саемот е едно од…

повеќе...

Ташевска-Ременски: Исправени сме пред предизвикот за преземање и на нови мерки и активности за поголема видливост на родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на конференцијата организирана во рамки на проектот “ЕУ застапување” која беше на тема “ЕУ застапување во Македонија: Процесот на приспособување кон ЕУ од родова перспектива”. Министерката ја искористи приликата за да посочи дека во Република Македонија постои законска регулатива и стратешки документи кои се однесуваат на родовата еднаквост и унапредувањето на положбата на жената во сите сфери на општественото живеење. Воспоставени се институционални механизми за унапредување на родовата еднаквост на национално и на локално ниво и се очекува реална…

повеќе...

Стипендии за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарен кадар во културата

Министерството за култура додели 32 стипендии за 2016 година од Конкурсот за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарен кадар во дејностите од областа на културата. Најголем број од нив се за едукација во музичко-сценската дејност (16), 11 се за усовршување во областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн, четири стипендии се од областа на заштитата на културното наследство и една е за филмска дејност. На прес-конференција денеска беа претставени седум од уметниците кои со финансиска поддршка преку Конкурсот на Министерството за култура ќе се школуваат на редовни, постдипломски, докторски…

повеќе...