Министерот за образовани и наука м-р Пиштар Лутфиу денеска присуствуваше на свеченоста по повод завршување на проектот за професионален и кариерен развој на наставниците. Во своето обраќање Лутфуи нагласи дека активностите од проектот завршуваат, но активностите за реализација на прифатените промени во оваа сфера допрва следат. „Реформите во образованието што ги спроведува Министерството за образование и наука веќе подолг период се насочени и кон подигање на квалитетот на работата на наставниците. Оттука многу ни значи поддршката што во оваа насока ја добиваме од УСАИД преку бројните обуки за наставници, но…
повеќе...Tag: наставници
Обука за примена на интерактивни методи во наставата во средните училишта
Повеќе од 7000 наставници од јавните средни училишта во земјата се опфатени со обука за подобрување на квалитетот на интерактивната настава, која започна вчера и ќе се реализира до крајот на јуни. Обуката е дел од проектот „Современи методи и техники на настава“ и има теоретски дел и поддршка во самата настава со практични примери, за да се поттикне креативноста на наставниците и учениците, да се развие критичкото мислење кај учениците и да се создадат предуслови за поголемо користење на дигиталните содржини. На првиот ден од обуката, заменик-министерот за образование и…
повеќе...Во Струга се одржува Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016
Втората едуконференција на наставници и информатичари 2016, во организација на здружението Пријатели на образованието, се одржува од 1 до 3 април 2016 година, во Струга. Конференцијата е наменета за наставници и студенти – идни наставници, со цел да им помогне во развивањето и подобрувањето на организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини. На Едуконференцијата за наставници и информатичари 2016 ќе се презентираат примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни. Ќе се дискутира на многу теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесници ќе имаат можност да следат…
повеќе...Македонските наставници ќе добијат обука за примена на интерактивни методи во наставата
Околу 7000 наставници од средните училишта во Р. Македонија ќе добијат обука за примена на интерактивни методи во наставата по примерот на Јуниверзити колеџот од Лондон. Предавачи од Лондон веќе спроведуваат неколкудневна обука на 80 советници од Бирото за развој на образование кои подоцна ќе треба да го пренесат своето знаење на наставниците. Македонските наставници ќе добијат обука за активно учење, креативна настава, критичко размислување и воведување на ИКТ во училниците. „Станува збор за еден од топ 20 универзитети од Шангајската листа со кој што Бирото за развој на образование…
повеќе...Проект „Континуирано усовршување на наставниците по физичко образование”
Четврта година по ред Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Бирото за рзавој на образованието и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, го реализира проектот за континуирана едукација на наставниците по физичко и здравствено воспитание во основното и наставниците по спортски активности од средното образование. Овој проект е во насока на поддршка на човековите ресурси кои го реализираат обемниот и сложен систем на училишниот спорт и наставата по физичко воспитание. По тој повод денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески го посети Факултетот…
повеќе...Заменик министерот за образование Ристовски се сретна со македонската наставничка Богдановиќ, една од најдобрите во светот
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска се сретна со Весела Богдановиќ, одделенски наставник во основното училиште „Кочо Рацин“ од село Ивањевци, општина Могила. Богдановиќ влезе во изборот меѓу педесетте најдобри наставници, во конкуренција од илјадници просветни работници од повеќе од 150 земји од светот. Станува збор за избор кој го организира “Varkey gems fondation”, чиј претседавач е поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Натпреварот меѓу најдобрите продолжува се до изборот на најдобриот наставник кој ќе ја освои титулата Global Teacher Prize, а со тоа и наградата од еден…
повеќе...Делегација од Лескоец (Македонија) во Лесковац (Србија)
Минатиот викенд , десетина наставници од ОУ „Ванчо Николески” -Лескоец, заедно со нивни ученици , на покана од збратименото училиште “Светозар Марковиќ “ од Лесковац, Република Србија, учествуваа во свеченостите по повод нивниот јубилеј – 110 години од основањето на училиштето. Десетината наши ученици -деветоодделенци од ОУ „Ванчо Николески” – Лескоец со своја сценско- балетска точка мотивирана од песната „Билјана платно белеше” и од стиховите на “Т’га за југ” успешно се претставија пред српската публика во исполнетата сала на Народното позориште во Лесковац. Во рамките на оваа посета , директорот…
повеќе...Стручно советодавни средби со наставниците од средните училишта коишто имаат најголеми отстапувања во добиените показатели од екстерното проверување
Бирото за развој на образованието во периодот на месец ноември реализира стручни советодавни средби со наставниците од сите средни училишта во Републиката коишто имаат најголеми отстапувања во добиените показатели од екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците во средното образование. На средбите на наставниците им се даваат насоки за надминување на евидентираните слабости во однос на добиените резултати од екстерното проверување на постигањата на учениците, по наставните предмети.
повеќе...