Концерт на шпанскиот пијанист Моралес на „Охридско лето“

Пијанистот Леонел Моралес од Шпанија вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Леонел Моралес критичарите го опишуваат како изведувач со брилијантна техника, леснотија, елеганција и неверојатна прецизност во свирењето. Секој негов настап е испратен со громогласно ракоплескање и воодушевување од публиката низ целиот свет. Овој уметник дипломирал на Универзитетот во Хавана, под менторство на пијанистот Франк Фернандез, инаку студент на еминентниот руски пијанист Виктор Мерзанов, следејќи го методот на традиционалната руска школа. По завршувањето и на своите…

повеќе...

Игор Киров и Хрватскиот народен театар од Сплит вечерва настапуваат на „Охридско лето“ со балетот „5 до 12“

Балетската претстава „5 до 12 “ ќе биде изведена вечерва на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Како што појаснува селекторот на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, на фестивалскиот репертоар, покрај богатата програма од музичкиот и театарскиот дел, има и едно исклучително атрактивно балетско дело кое ќе привлече огромен интерес кај фестивалската публика, а тоа, според неа, се гледа и од побарувачката на билети за денешната балетска претстава. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл е основан во 1940 година, од…

повеќе...

„Јованка Орлеанка“ не ја остави рамнодушна театарската публика во Охрид

Енергијата која струеше на сцената, постигнатите паралели за тоа како реално се случуваат работите во животот, заситеноста и искуствата беа адут на синоќешната претстава „Јованка Орлеанка“ што ја изведоа актерите од Драма театарот од Габрово, Бугарија. Режисерот Петринел Гочев стави потпис на уште една претстава која не остави ниту еден гледач рамнодушен. Станува збор за уникатна претстава адаптирана за сценографскиот простор на дворот во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ . „Суштинското значење на овој театар е тоа што е жив театар и претставата „Јованка Орлеанка“ ќе биде уникатна за гледачите…

повеќе...

Балет „5 до 12“ утревечер на Долни Сарај -„Охридско лето“ сцена на врвни балетски остварувања

Балетската претстава „5 до 12 “ ќе биде изведена утревечер на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Како што појаснува селекторот на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, на фестивалскиот репертоар, покрај богатата програма од музичкиот и театарскиот дел, има и едно исклучително атрактивно балетско дело кое ќе привлече огромен интерес кај фестивалската публика, а тоа, според неа, се гледа и од побарувачката на билети за утрешната балетска претстава. „Ако минатата година имавме прекрасно доживување после балетот „14 часа“ и…

повеќе...

„Јованка Орлеанка“- приказна за светот на една девојка и светот на границите

Во рамки на проектот „Младо театарско Охридско лето“ кој годинава за првпат стартува на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе се одигра театарската претстава „Јованка Орлеанка“. Под режисерската палка на Петринел Гочев, во дворот на ОУ„Свети Климент Охридски“ ќе играат актерите од Драма театар „Рачо Стојанов“ од Габрово, Република Бугарија. „Ова е приказната за средбата на два света – светот на една девојка и светот на границите, челичните лопати и правото на силата. Историја на една девојка, со особен поглед, даден од Бога, девојка што живее еден свет, заеднички со нашиот,…

повеќе...

Одличен спој помеѓу виолината на Бадивуку и пијаното на Кастратовиќ

Bиолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ синоќа во црквата „Света Софија“ приредија одличен концерт за публиката на „Охридско лето“. Овие две истакнати музички уметници соработуваат на две децении и со своите заеднички настапи ги воодушевуваат љубителите на класичната музика. Бадивуку-Хоџа настапувала низ голем број земји во светот. Соработувала со голем број значајни оркестри и уметници, а како камерен изведувач често настапува со камерни ансамбли во кои членуваат истакнати музичари. Маја Кастратовиќ дипломирала на престижниот московски конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, а постдипломските студии ги завршува на Факултетот за музичка уметност…

повеќе...

Уметниците Никоска и Маџунков и Софискиот камерен оркестар приредија прекрасен концерт во „Света Софија“

Софискиот камерен оркестар синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“. Солисти на вечерта беа виолинистката Софија Никоска од Македонија и пијанистот Филип Маџунков од Србија. Концертот под диригентската палка на Бедрос Папазјан кој се одржа во црквата „Света Софија“ претставуваше вистинско доживување за фестивалската публика. Младиот пијанист Филип Маџунков дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Белград, а своите пијанистички способности ги усовршува во школата „Алфред Корто“ во Париз. Неговите настапи секогаш се проследени со воодушевување од страна на публиката и критиката, која го нарекува пијанист со „богата творечка…

повеќе...

Концерт за виолина и пијано вечерва на „Охридско лето“

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на класична музика. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ.  Сихана Бадивуку-Хоџа своите студии ги започнува на возраст од само 16 години на Државниот конзерваториум во Киев, а една година подоцна заминува на Државниот конзерваториум во Москва, каде што ги завршува своите додипломски и постдипломски студии по виолина. Веднаш потоа започнува да работи како професор по виолина на Факултетот за уметности во Приштина, а подоцна и како концерт-мајстор…

повеќе...

Публиката на „Охридско лето“ не ги штедеше аплаузите за Дуке Бојаџиев

Блескав настап на познатиот македонски и светски композитор и пијанит Дуке Бојаџиев и совршен флуид помеѓу него и публиката понуди синоќа „Охридско лето“. На Антички театар се пееја „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Си заљубив едно моме“, „Не плачи мило либе, не жали“, но и нумерите од филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“ и композициите од последниот албун на Бојаџиев под наслов „Љубовта е патот“. Дуке Бојаџиев со новиот проект „Сон, верба, љубов“ не само што ја воодушеви публиката , туку таа потпевнуваше заедно со ѕвездите на сцената…

повеќе...

АГБУ Софискиот камерен оркестар вечерва на „Охридско лето“

На фестивалот „Охридско лето“ вечерва со почеток во 21 часот,  во црквата „Света Софија“ ќе настапи АГБУ Софискиот камерен оркестар, под диригентство на Бедрос Папазјан од Бугарија со учество на солистите: Филип Маџунков – пијано (Србија) и Софија Никоска-виолина, (Македонија). АГБУ Софискиот камерен оркестар е создаден во 2006 година, по повод 100 години од основањето на организацијата „Парекордзаган“, со цел да се популаризираат ерменската и бугарската музичка култура, дострелите на класичната музика, како и дела од современите автори. Диригентот и уметнички директор на оркестарот е Бедрос Папазјан, и во него ги спојува…

повеќе...