Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и фестивалот „Охридско лето“ по повод одбележувањето на македонското претседавање со Централно европската иницијатива (ЦЕИ), во четврток (30.7.2015 година) со почеток во 21 часот во црквата „Света.Софија“ во Охрид, организира концерт на камерениот оркестар на Музичка Младина на Македонија. На концертот, во рамки на 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ камерниот оркестар ќе настапи под диригентската палка на Елена Митревска, а ќе бидат изведени дела од: Eдуард Толдра, Јоханес Брамс, Бела Барток и Петар Илич Чајковски.…
повеќе...Tag: охридско лето
Албанските уметници даваат значаен придонес во музичката програма на „Охридско лето“
На програмата на „Охридско лето“ значајно место зема и учеството на албанските уметници кои даваат значаен придонес во музичката програма. Тоа се уметници потврдени на светската сцена. Во фестивалската историја ќе бидат запаметени извонредните уметници од Албанија, како Петрит Чеку, Рудин Ленго, Теди Папаврами, итн. Оваа година, во неа ќе се запишат пијанистката Мерита Реџа Тершана, виолинистот Клаиди Сахтачи и челистот Пјетер Гураљуми. Вечерашниот концерт е во стандардниот термин 21 часот во црквата Света Софија. Пијанистката Мерита Реџа Тершана е една од најактивните музички уметници во Албанија. Во текот на…
повеќе...Летра: Кинотеката на Македонија и „Охридско лето“ ja потврдуваат вредноста на нашето аудиовизуелно наследство
Шестдецениската дејност на филмското платно на актерот Емил Рубен беше прикажана синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“ а во соработка со Кинотека на Македонија. Фестивалската публика проследи три етапи од неговото појавување пред објективот на камерите преку филмовите „малиот човек“, „Истрел“ и „Трето Полувреме“. Како што истакна претседателот на Управниот одбор на фестивалот „Охридско лето“ Зоран Велјаноски-Летра, синоќа се празнуваше филмската уметност преку достојно одбележување на еден од најзначајните јубилеи. „Филмовите имаат значително влијание врз уметноста. Токму затоа Кинотеката на Македонија и Охридско лето веќе традиционално ја потврдуваат вредноста на нашето…
повеќе...Вечер на ЕУ – незаборавен настап на словенското трио и врвно камерно музицирање
Во рамките на традиционалоната вечер на Европска унија на фестивалот Охридско лето, во црквата Св. Софија, незаборавен настап имаше словенското трио составено од врвните уметници, Мојца Злобко Вајгл (харфа), Ева Нина Козмус (флејта) и Кармен Печар (виолончело). „Со особено интересниот избор на програма, преку впечатливите изведби на овие сјајни уметници, тие покажаа што значи врвно камерно музицирање. Брилијантните уметници сплотувајќи ја својата индивидуалност во извонреден камерен звук, и дарија на публиката многу емоција, топлина и им ја разгалија душата на присутните. Задоволната публика ги награди со многу аплаузи, а тие…
повеќе...Коњановски: Фотографиите на Рудиќ будат асоцијации на совршенство, спокој и убав сон
Еден од доајените на македонската фотографија и еден од најпознатите современи уметници во Македонија, Боро Рудиќ синоќа претстави дел од своите фотографии преку изложбата „Настанување –исчезнување“ што беше отворена во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Отворајќи ја изложбата, претседателот на Фото-клубот „Охрид“ Лазар Коњановски рече дека авторот преку оваа негова последна изложба доловува дел од пејсажите кои човек никогаш не би ги доживеал освен на оваа изложба, и тоа, преку посебен агол и со посебна светлина. „Ако се занимавате со фотографија веднаш ќе препознаете неколку факти. Колку знаење од фотографска…
повеќе...Концерт на саксофонистот Димов и пијанистката Поповиќ во „Света Софија“
„Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ ги носи македонските уметници, саксофонистот Нинослав Димов и пијанистката Маја Поповиќ. Концертот ќе започне во 21 часот, а на програмата се дела од Ида Готковски, Педро Итуралде, Виктор Мороско, Ари Бенјамин Мејерс и Жан Матитиа. Нинослав Димов дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Стојан Димов. По дипломирањето, продолжува со своите студии во Берлин, кои успешно ги завршува во 2006 година, по што специјализира со посебната програма наречена „Концертексамен“ („Konzertexamen“). Покрај многубројните рецитали, Димов бележи и…
повеќе...Златна маска за маестро Иво Погорелиќ од Охридско лето
Фестивалот Охридско лето на хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ, кој со двата концерти во црквата Св. Софија направи вистински музички бум, му подари реплика на Златна маска од Требениште, а неговиот менаџер на поклон доби пеперутка од филигран. Селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска, заблагодарувајќи се на големиот маестро за неповторливиот настап и вториот концерт со кој матадорот на пијаното, маестро Иво Погорелиќ, ја маѓепса публиката, рече дека уникатната изведба, исполнета со многу енергија, длабока емоционалност и сензибилитет ја остави без здив многубројната странска и домашна публика.…
повеќе...Вечер на ЕУ на „Охридско лето“
Фестивалската програма на 55-тото издание на „Охридско лето“ вечерва продолжува со традиционалниот концерт насловен како „Вечер на Европската Унија“ . Во црквата „Св. Софија“ со почеток од 21 часот ќе имаме можност да го слушнеме одличното словенечко трио во кое членуваат харфистката Мојца Злобко Вајгл, флејтистката Ева Нина Козмус и виолончелистката Кармен Пецар. Харфистката Мојца Злобко Вајгл се вбројува меѓу водечките музичари во Словенија, со богата интернационална кариера како солист и како камерен изведувач. Дипломирала на Музичката академија во Љубљана, а своите постдипломски студии ги завршила на Академијата за музика…
повеќе...Необичен музички театарски перформанс донесе Подвижниот театар од Битола на Охридско лето
Младото театарско „Охридско лето“ синоќа донесе монотеатарска опера. Подвижниот театар од Битола го долови „Дневникот на Лудиот“ од Николај Василевич Гогољ, во режија и адаптација на Марјан Нечак. Преку ова театарска поставка, актерот Озрен Грабариќ и претстави на фестивалската публика специфичната форма на изразување преку музика . „Музиката според мене е средство на изразување, наспроти денешницата во која музиката се повеќе е само форма, убави гласови, убави тонови, но површни и досадни. Тоа е можеби најголемиот плус во оваа наша заедничка работа“, вели Грабариќ. Според него, независно специфичната поставка, главнината…
повеќе...Со истражувачкиот пијанизам Погорелиќ отвора нови видици кон музиката
Огромен интерес и силни емоции предизвика хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ кој синоќа го одржа и вториот концерт на фестивалот „Охридско лето“. Според селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска, од големо значење е настапот на матадорот на пијаното, маестро Иво Погорелиќ особено што тој на фестивалската публика и подари втор концерт без финансиска надохнада. „Уште еднаш се потврди дека големите уметници се пред се големи луѓе. Овој концерт предизвика огромен интерес не само кај домашната публика, туку имаме многу странски посетители кои дојдоа исклучиво да го слушаат…
повеќе...