Културно-уметничкото друштво „Гердан“ од Охрид, вечерва во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ го одржа традиционалниот годишен концерт. На посетителите им беше понудена убава вечер со прекрасната македонска народна игра и песна. „Концертот е традиционален, секоја година во месец јуни го организираме. Настапуваат сите групи од најмалечките до големите до првиот состав. Тие се носители на програмата.“ -изјави Менде Бараковски, раководител на КУД „Гердан. На концерот настапи и естрадниот уметник Милован Секулоски. Како гости на вечерта настапија КУД „Беочин„ од Нови САД, КУД „Бриле“ од Србија и КУД „Панче Пешев“…
повеќе...Tag: песни
Јубилеен концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид
Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид, по повод 10 години од своето постоење, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ одржа јубилеен концерт. Овогодинешниот концерт им понуди вистинско уживање на присутните многубројни љубители на фолклорот, традицијата и народната уметност. WebOhrid/А.Андриоски
повеќе...Републичка ревија на песни, музика и игри на пензионерите на РМ
Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ, во Македонската опера и балет се обрати на свеченото отворање на Републичката ревија на песни, музика и игри на пензионерите, манифестација која во континуеитет ги афирмира македонската традиција, македонскиот фолклор и изворното творештво. На манифестацијата, на која присуствуваа и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, заменик-министерот Недељковиќ истакна дека Републичката ревија на песни, музика и игри е плод на силната желба, посветеноста и длабоката почит на пензионерите во негувањето на трајните културни вредности…
повеќе...Јубилеен концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, по повод 65 години од своето постоење, синоќа во Македонската опера и балет одржа јубилеен концерт … На концертот, покрај многубројната публика, присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Низ својата културна мисија низ децениите, Танец кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ. Изведувајќи ги “Тешкото”, „Невестинското”, „Комитското” и другите македонски фолклорни игри на бројните настапи во…
повеќе...Една, сепак, успешна приказна на македонска ѕвезда во Ѕвездите на Гранд
Во последно време македонската јавност, особено онаа музичката, е преокупирана со учество на македонски таленти и ѕвезди на разни музички национални и интернационални фестивали и натпревари од типот на „Јас имам талент“, …. „Ѕвездите на Гранд“ и слично. Токму последно спомнатиот музичко реалити шоу „Ѕвездите на гранд“ е мегдан каде учествуваат и македонски надарени музички пејачи. Еден од нив кој успеа делумно да ги оствари своите музички желби и сни е кичевчанецот Христијан Тришоски… WebOhrid: Како почна приказната на Христијан? Кој е Христијан Тришоски и од каде кичевчани во „Ѕвездите…
повеќе...Поезија од Пере Ристески објавена во Јужна Кореја
Јужнокорејското списание Imminent Quarterly објави дел од поезијата на Пере Ристески. Преводот и препевот се на Соња Гаврилоска – Љулкова. Ова реномирано јужно-корејско списание објавува поезија, проза и друг вид уметност, а неговата цел е да поттикнува амбиент на отворена размена и соработка меѓу медиумите и уметниците. Ристески за првпат објавува сиџо (sijo) поезија, надвор од нашата земја. Кратката поетска форма сиџо потекнува од древна Кореја, и датира уште од 14 век. Во делот поезија, творештвото на Ристески се најде меѓу поезијата на: Серлина Рејнолдс, Шон О’ Горман, Адам Талбот,…
повеќе...Од недела „На зајдисонце“ во Трпејца
Од 20 до 28 јули Трпејца ќе биде домаќин на Културно – забавната манифестација „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Со својот ненаметлив концепт и бесплатните приредби и активности интересни за сите генерации таа е широко прифатена во јавноста, а оценките се повеќе од позитивни. . По чинот на Свеченото отворање на летната сцена „Кај бунарот“ ќе биде промовирана химната на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ во изведба на „Распеани ѓерданчиња“. Истата вечер ќе биде отворена изложбата под наслов: „Далеку,а блиску“ од авторите Рома и Лука Фрашчек од Полска. Младите сопружници фотографиите од Трпејца,…
повеќе...Свечено затворање на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014
Вечерва,11 јули (петок) свечено на сцената Долни Сарај со почеток во 21.оо часот, ќе биде затворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014. Фестивалот ќе биде затворен со настапите на Ансамблот „Туфаг” од Јалова , Турција- КУД „Илинден”од Велгошти, МАКЕДОНИЈА- КУД „Отекс”, Охрид, МАКЕДОНИЈА. Влезот е слободен.
повеќе...