ДЗС: Повеќе патници во меѓународниот и меѓуградскиот превоз

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 1.8%, во приградскиот превоз за 4.4%, а во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.7%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 78.0%. Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 9.2%, во приградскиот превоз за 29.4%, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 10.0% и во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува…

повеќе...

Усвоени измените на Законот за туристичка дејност предложени од пратениците Николоски и Василевски, со кои се регулира дејноста на кајчарите

Како резултат на интензивните контакти со граѓаните, како и координацијата со локалнатасамоуправа, Министерството за економија и Пазарниот инспекторат, се дојде до зaклучок дека еден од најпрепознатливите белези на Охридското езеро како и на останатите две природни езера во Македонија, водениот превоз од мал обем со чамци тн. кајчиња не е соодветно законски регулиран. Заради ова оние кои вршат превоз се соочуваат со сериозни проблеми при вршењето на таа дејност. Со цел да се надмине оваа состојба, а и да се задржи и унапреди оваа туристичка понуда пратениците Александар Николоски и…

повеќе...

Во првиот квартал зголемен товарниот патен превоз

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз бројот на превезените патници изнесува 2 090 000, во железничкиот превоз 156 000, во градско-приградскиот превоз 19 987 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 268 046. Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 14.3%, во воздухопловниот превоз е намалено за 19.4%, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 19.6%.

повеќе...

Колку патници користеле такси превоз во 2014?

Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2 372 патнички автомобили од 178 извештајни единици. Во 2014 година, со 2 372 патнички автомобили се превезени вупно 27 755 000 патници, од кои 24 321 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 3 434 000 патници. Со истиот број на возила се остварени вкупно 69 450 000 километри од кои 61 852 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 7 598 000 километри.

повеќе...

Заштитени гуми

Временските услови и тоа како влијаат врз гумите на возилата. Со оглед на тоа што нема гаража, поаѓајќи од изреката: „Добра гума глава чува!“, сопственикот на ова Југо се решил на ваков начин да ги заштити гумите. WebOhrid

повеќе...

Ќе се интензивираат и координираат системските мерки на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај

Ќе се интензивираат и координираат системските мерки на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај со републичките и општинските сообраќајни инспектори по патен сообраќај и со овластени лица од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид. Ова е еден од главните заклучоци на состанокот што на иницијатива на СВР Охрид, денес се одржа со републичките и општинските сообраќајни инспектори по патен сообраќај, овластените лица од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, претставници на такси компании и правните субјекти кои вршат линиски превоз во…

повеќе...

Дрва за огрев пристигнуваат дури и со една коњска сила

По енормно ниските температури во Охрид, особено во текот на изминатиот месец, видно се намалија и залихите на дрва за огрев. Деновиве можеше да се забележи како нашите сограѓани набавуваат повеќе дрва за огрев, а не се бира ниту превозот. Зимата календарски сеуште трае, а убавите сончеви денови се користат за набавка на повеќе дрва за огрев, без разлика дали тие стигнуваат и со една коњска сила. WebOhrid

повеќе...

За таксистите – одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати до 31 декември

Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.16 од 03.02.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување од 1 февруари 2015 година до 31 декември 2015 година. Ова значи дека за околу 9.000 авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2015 година. Успешен старт на Проектот „ГПРС-фискализација“ Со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555…

повеќе...

Превезени патници и стоки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 711 000, во железничкиот превоз 191 000, во градско-приградскиот превоз 22 000 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 349 626. Во истиот период, во споредба со второто тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 1.6%, во железничкиот превоз за 2.4%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 15.8%.

повеќе...

Над 5.100 пензионери и студенти искористиле бесплатен превоз со воз

Претстојниот викенд, сите возрасни лица може бесплатно да се возат со воз во земјава, а утре сите студенти. Ова е овозможено согласно владините одлуки донесени минатиот месец, а кои досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст. Портпаролот Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата е задоволна од опфатот на лицата кои ја искористиле можноста бесплатно да го користат железничкиот сообраќај и посочи дека најмногу возрасни лица над 50 проценти патувале од Скопје, потоа следуваат Велес, Прилеп и…

повеќе...