Првачињата од ОУ „Живко Чинго“ станаа членови на Детската организација

Денес во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти во организација на Детската организација од училиштето, се одржа свечена приредба со пригодна програма, во која настапија учениците од прво до петто одделение. Преку разни точки за рецитирање и пеење песни, со оваа програма се одбележаа Денот на учителот (5ти октомври), како и Денот на народното востание на Република Македонија (11 октомври). Во рамки на оваа програма се одбележа и Детската недела која траеше од 1ви до 7ми октомври. Во рамки на приредбата се направи прием на првачињата во Детската организација на училиштето,…

повеќе...

Со низа активности ќе се одбележи патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Основното училиште „Христо Узунов “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето. По тој повод во петок (21 април)  во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена прослава. Погледнете ја програмата:

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Со свечена приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти вечерва го одбележа патрониот празник на училиштето. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „На крилјата на љубовта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво се заблагодари на сите присутни во салата за како што рече нивното доаѓање за прославата – патронен празник на ова училиште. „Веќе 141 година ОУ „Живко Чинго“ е колевка на образовани и воспитани генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа наоѓајќи го…

повеќе...

Предновогодишна приредба во ОУ „Христо Узунов“

Во ОУ „Христо Узунов“ традиционално се одржа предновогодишна приредба, подготвена од вредните ученици од училиштето. На приредбата, на која беше присутен и Дедо Мраз, учениците се претставија со повеќе новогодишни точки. Тие ги израдуваа и насмеаа своите родители, баби и дедовци.  На крајот од Новогодишната програма, на учениците им беа доделени и новогодишни пакетчиња. WebOhrid

повеќе...

Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Од денес, Основното училиште „Христо Узунов“- Охрид започна со прославување на својот патронен празник.  Годинава се одбележуваат 111 години од смртта на Христо Узунов. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва беше отворена изложба од ликовни педагози и детски ликовни творби. Патронатот продолжи со пригодна свеченост. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Синџир алки од стихови ковани“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Во продолжение на прославата следуваше богата програма во изведба на учениците од ОУ „Христо Узунов“. Свеченостите продолжуваат во недела со полагање на свежо…

повеќе...

Со низа активности ќе се одбележи патронатот на ОУ „Григор Прличев“

Основното училиште „Григор Прличев “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето(6-ти февруари). По тој повод во четврток, 4-ти февруари со почеток во 18:30 часот, во Подрачното училиште „Григор Прличев“, населба Рача ќе се одржи свечена приредба. Свеченостите продолжуваат и во петок (5-ти февруари) со полагање на лавров венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште, потоа ќе се одржи панихида и ќе се положи цвеќе пред гробот на Григор Прличев. Во 11 часот во ОУ „Григор Прличев“ ќе се…

повеќе...

Новогодишна приредба во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

По повод Новогодишните празници во Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти денес се организираше новогодишна приредба збогатена со богата културно-уметничка програма. Учениците со нивните настапи ги израдуваа, ги насмеаа и ги забавуваа своите родители, баби и дедовци. „Учениците од нашето училиште имаат посебен уметнички сенс и афинитет, кој само треба да се насочи и канализира, ние како училиште тоа го постигнуваме преку работа во секции во предметна настава и откривање и работа со таленти во одделенска настава“, – вели директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски. На крајот од Новогодишната програма на радост на најмалите-првооделенчињата…

повеќе...

Охридската Гимназија го одбележа патрониот празник

Со свечена приредба, вечерва Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. „Со вечерашната свеченост, Вие се вклучувате во неколкудневната прослава во чест на великиот светител и просветител Свети Климент Охридски, чие име гордо го носи Вашата гимназија. Тоа свето име не обврзува сите нас постојано да се навраќаме на неговото дело кое со векови било и сега е инспирација за негување и унапредување на нашиот културен и духовен идентитет. Тоа не прави препознатливи во општоцивилизациските светски…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на детето во ОУ „Христо Узунов“

Светскиот ден на детето, 20-ти Ноември, посветен и на Конвенцијата за правата на детето, денеска се одбележува под мотото „Стоп на насилството врз децата“. Во пораката по повод Светскиот ден на детето македонскиот Народен правобранител истакнува дека почитувањето на правата на детето е една од најважните работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот. Во Основното училиште „Христо Узунов“ со игри, песни и читање на правата…

повеќе...

Најмладите од „Јасна Ристеска“ во петок ќе го одбележат патрониот празник

Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид ќе го одбележи патрониот празник. Свеченоста ќе се одржи во петок на 6-ти ноември во спортската сала „Билјанини Извори“. По тој повод, најмладите од градинката заедно со нивните воспитувачи ќе бидат дел од свечената програма која е предвидено да се одржи и во селото Рамне, со почеток во 18 часот.

повеќе...