Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 39.3% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 65.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 2.9%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските, градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, грозјето, алкохолните пијалаци,…
повеќе...Tag: производи
Градоначалникот и најблиските соработници донираа производи за помош на ранливите категории на граѓани
Со купување на прехранбени производи за ранливите катогории на граѓани, градоначалникот Никола Бакрачески и неговите најблиски соработници, се вклучија во одбележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на храната и неделата на борба против гладта. Бакрачески во оваа пригода ги истакна програмите кои Општина Охрид и Советот ги реализираат во социјалната сфера, а посебно за оваа кампања истакна: „Општина Охрид заедно со општинската организација на Црвениот Крст, по четврти пат се вклучи во кампањата, со цел да се подигне свесноста за солидаризирање и помагање на ранливите категории на граѓани. Ги повикувам…
повеќе...Анализа и вреднување на туристичкиот производ на Охрид
На туристичкиот пазар, како специфичен сегмент на севкупниот економски пазар, производителите и понудувачите настојуваат да ги стават на располагање своите производи и услуги чија што основна цел е да се задоволат потребите на потрошувачите – туристите. Охрид и охридскиот регион поседуваат потенцијални можности да се приклучат на кругот на туристички најатрактивни дестинации, а за достигнување на таа цел потребно е константно обликување на развојната туристичка политика. Сите досегашни стручни анализи и констатации на Секторот за туризам и локален економски развој укажуваат дека за развој на туризмот имаме доволно можности и…
повеќе...Намален индексот на цените во земјоделството во октомври
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5.3%, а кај аутпутот е намален за 2.8%. Во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.5. Во делот аутпут, во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, индексот на…
повеќе...Обука за советници за органско производство
Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Зголемување на пазарната вработливост“ имплементирана од Швајцарски контакт, со поддршка на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделието. Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 03 до 07 ноември 2015, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015. Учество ќе земат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско…
повеќе...Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 3.7% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 25.9%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 17.3%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето и рибата, а намалување е забележано кај: индустриските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата,…
повеќе...Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 1.2% на годишно ниво. Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.3%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.6%. Во октомври 2014, во споредба со октомври 2013, продажните цени…
повеќе...Доставени сите материјали за извозот на земјоделските производи во Русија
Македонската Влада ги достави сите потребни информации до Руската Федерација во врска со извозот на земјоделски производи во оваа земја. Целокупниот предмет беше комплетиран и во понеделникот преку Министерството за надворешни работи и македонската Амбасада во Москва е предаден на федералната служба за фитосанитарен и ветеринарен надзор на Руската Федерација во соодветна процедура. Ова го соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој рече дека Владата во изминатата недела задолжила поголем број институции да извршат увид за проверка на фактичката состојба во врска со извозот на земјоделски производи во Руската Федерација.…
повеќе...Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0.1% на годишно ниво. Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%, пониски во групата Капитални производи за 3.7% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати…
повеќе...Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2014 година изнесува 1 430 755 илјади денари што претставува зголемување за 7.8% во споредба со септември 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 5.9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 10.6%. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните растенија, грозјето, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување се забележува кај…
повеќе...