Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...

ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ Охрид: Бараме одговорност за уништувањето на охридската пастрмка

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое бара одговорност за уништувањето на охридската пастрмка. „Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките законски и подзаконски регулативи. Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања…

повеќе...

Галеб улови крап

Повреден крап доплива кај старото пристаниште. Но, со оглед на тоа што нивото на вода на овој дел од Охридското Езеро е намалено, тој заврши како плен за галебите. И покрај тоа што крапот е релативно поголем, галебот храбро го колваше. WebOhrid

повеќе...

Писмо: Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба

Како претседател на Здружение на рекреативни риболовци „Св. Апостол Петар“ од Охрид должен сум да реагирам на Одлуката на организаторите на манифестацијата „Ден на рибарите“ со која одлучиле да на овој ден на брегот на Охридско Езеро прават рибна чорба од морска риба. Се прашувам, а и ги прашувам организаторите дали некаде во светот на места кои изобилуваат со рибен фонд и имаат вековна традиција наместо со автохтона риба, а со цел да „заштедат“ од некој си буџет купуваат замрзнат ослич и лосос кој патем можеби е и 20 години…

повеќе...

Охридското Езеро порибено со триста илјади единки подмладок ендемична пастрмка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка. Станува збор за триста илјади единки со должина од седум до осум сантиметри и тежина 2,5 до три грама, подмладок изведен од првото измолзување пастрмка спроведено на 17 јануари оваа година. Министерот Цветков при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид потсети дека за годинешното порибување на езерото со ендемичен вид охридска пастрмка се издвоени средства во износ од 7,5 милиони денари, за излов, одгледување и порибување со околу 2,4 милиони…

повеќе...

Змија лови риби пред очите на капачите

Водните змии претставуваат составен дел од секој екосистем, па и од екосистемот во и околу Охридското Езеро. Тие можат да се сретнат на диви плажи, плажи со густа вегетација. Често бегаат од капачите и бараат мирно место, како би фатиле некое рипче за да се прехранат. Во овој случај, една змија возбудена со својот улов и брзајќи да го изведе на копно, се појави на една добро посетена охридска плажа. Некои од посетителите на плажата кои за прв пат се соочија со вакво искуство имаа можност да гледаат „Опстанок“ во живо.…

повеќе...

Во тек е пријавување за полагање на испит за рибочувари и за вршење стопански риболов

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи: – Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и – доказ за уплатен надомест за полагање на испитот. Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Прашањата за полагање на испит…

повеќе...

При контрола одземени 13 парчиња риба белвица

Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по  консултација со јавниот обвинител, истите се одземени. Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми,…

повеќе...

Малолетник затекнат во незаконит риболов со подводна пушка

Едно малолетник од Охрид е затекнат во незаконит риболов вчера во 18 часот и 35 минути од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Малолетникот роден 1999 година е забележан на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор. На малолетникот одземена му е подводната пушка марка Ccessi-club, горен…

повеќе...

Цветков: Да се зачува охридската пастрмка

Зачувување на охридската пастрмка што е бренд за Македонија, ќе биде еден од приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што најави ресорниот министер Михаил Цветков, по посета на риболовниот пункт на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“ ќе бидат разгледани риболовните основи за зачувување и зголемување на рибниот фонд во езерата. „Постојано слушаме дека охридската пастрмка, која е бренд за Македонија ја нема како порано. Со концесионерот разговаравме како да ја вратиме повторно во Охридското Езеро, што можеме ние како држава и Министерство да помогнеме и да…

повеќе...