Македонија на 136 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа пад од -3 места и сега се наоѓа на 136 место. Шанса за подобрување на рејтингот нашата репрезентација ќе има на 5 јуни на пријателскиот натпревар против Турција, како и на квалификацискиот натпревар против Шпанија на 11 јуни, се разбира доколку биде забележан позитивен резултат. Следниот рејтинг ќе биде објавен на 6 јули. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Бразил, Аргентина и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Нов Зеланд од +17 места се искачи на 95 место.…

повеќе...

Утре започнува спортската манифестација „Охрид трчаТ“

Останува само еден ден од официјалниот почеток на долгоочекуваната спортска манифестација „Охрид трчаТ“. Неделата на трчањето, забавата и дружењето започнува утре со почеток од 10 часот со трката на 1000 метри за учениците од основните училишта поточно од деветто одделение. Трката ќе се одржи на Кеј Македонија во цела нејзина должина со старт во 10 часот пред споменикот на Ден Долард на самиот почеток на Кејот, а ќе заврши пред споменикот на Св Кирил и Методиј. Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ школската трка ја организира заедно…

повеќе...

Селекторот Милевски објави два списоци, едниот со 17 фудбалери за ЕП, а другиот со новата генерација 1996/97

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски на денешната прес–конференција објави два списоци за репрезентативните собири на Македонија до 21 година. Едниот е со 17-ет играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Полска, а другиот е со новата генерација 1996/97, која се подготвува за циклусот квалификации за пласман на ЕП во Италија. Од тој список, Милевски ќе повика шест или седум фудбалери кои ќе патуваат за Полска. На списокот на фудбалери кои се сигурни за континенталниот собир во јуни нема големи промени. Имињата се истите кои го понесоа товарот…

повеќе...

Македонија ќе игра пријателски натпревар против Турција на 5 јуни во Скопје

Македонската А репрезентација на 5 јуни ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Турција на Националната арена во Скопје. Против селекцијата на Турција имаме одиграно седум натпревари со биланс од една победа, реми и пет порази. Во 1994 и 1995 година двапати загубивме на контролни пресметки со 0:2 и 1:2, а во квалификацискиот циклус за СП 2002 година на „Градски“ загубивме со 1:2, а на гостински терен одигравме 3:3 (Артим Шакири, Игор Саша Николовски и Жарко Серафимовски). Во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2004 во Португалија повторно бевме во…

повеќе...

Успешна учебна година на спортската секција при ОУ „Христо Узунов“

Спортската секција при ОУ „Христо Узунов“ – Охрид во изминатава учебна година имаше завидни резултати во одделни спортски дисциплини, на ниво на општина Охрид. Училиштето ги има постигнато овие резултати по спортски дисциплини: АТЛЕТИКА – женски (пионерки) 1. Марија Устијаноска – Освоено Прво место во дисциплината 300 метри 2. Стефанија Ристеска – Освоено Прво место во Скок во далечина 3. Марија Петреска – Освоено Трето место во дисциплината Фрлање ѓуле 4. ОУ Христо Узунов – Освоено Прво место во Штафетно трчање 4×60 метри АТЛЕТИКА – машки (пионери) 1. Филип Ѓоргоски…

повеќе...

Селекторот Ангеловски го објави списокот за Шпанија

Македонската А репрезентација на 11 јуни против Шпанија во Скопје на Националната арена „Филип Втори“ ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Пет дена претходно, на 5 јуни нашиот најдобар национален тим ќе одигра пријателски натпревар со Турција исто така на домашен терен. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот од 6 коло во Г групата од мундијалските квалификации и контролниот дуел со Турција. Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со…

повеќе...

„Спортот и семејните вредности 2017“ промовиран во Охрид

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортските федерации и Општина Охрид, денеска во спортската сала на ОУ „ Григор Прличев“ беше промовиран проектот „ Спортот и семејните вредности“ . Децата, заедно со родителите, со помош на професорите се рекреираа и спортуваа играјќи штафета со топка,подавање под нозе и со глава, фудбал и ракомет, штафетно пресоблекување дрес и шутирање топка на мали голчиња. Семејниот спорт и рекреација, според организаторите на проектот, имаат многу предности,меѓу кои најважно е позитивното влијание на детското здравје, односно здравјето на целото семејство,развој…

повеќе...

МОК домаќин на Конференцијата на Европскиот олимписки комитет и Форум на Меѓународниот олимписки комитет

Во периодот 18-21 Мај, Македонскиот олимписки комитет е домаќин на Меѓународниот олимписки комитет и на Европските олимписки комитети на собирот на кој ќе се презентираат извештаи за зимските Олимписки игри ПјонгЧанг 2018, Младинските олимписки игри Буенос Аирес 2018, Европските игри Минск 2019, летните Олимписки игри Токио 2020, зимските Олимписки игри Пекинг 2022, а извештај ќе поднесе и Светската Анти Допинг Агенција како и организаторите на зимскиот Европски младински олимписки фестивал Ерзурум 2017 и Летниот Европски младински олимписки фестивал Ѓер 2017. Олимпискиот канал, спортскиот и финансискиот менаџмент, користењето на социјалните мрежи…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи Семинар на ракометни тренери

На 10 и 11 јуни 2017 година во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи Семинар на ракометни тренери. Рокот за пријавување на Семинарот е 20 мај 2017 година.

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ победник на финалниот турнир во одбојка од училишните спортски лиги

На ден 16.05.2017 во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше финален турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта. Учествуваа четири екипи, кои со заеднички сили се потрудија да одиграат најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа два натпревари, а постигнати беа следните резултати: Натпреварот за трето мессто се играше помеѓу учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани и ОУ „Живко Чинго“ Велгошти и како победник на овој натпревар е екипата на ОУ „Св.Наум Охридски“…

повеќе...