Македонската ракометна репрезентација остана без пласман на ОИ

Македонската машка ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Тунис со 32-26, по кој ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри во Рио 2016. Рано во натпреварот во Гдањск, Тунис го превзема водството кое во 15-та минута изнесуваше 7 голови (10-3). Иако на моменти Македонија успеваше да намали, завршницата на првото полувреме повторно му припадна на Тунис и на пауза се замина со 17-10. И покрај обидите на нашите репрезентативци во второто полувреме да фатат резултатски приклучок и во неколку наврати успеваа да намалат на 4 гола негатива, Тунис…

повеќе...

Никола Ѓорѓев ќе игра за репрезентацијата на Македонија

Големиот талент и фудбалер во првиот тим на швајцарски Грасхоперс, Никола Ѓорѓев ќе игра за репрезентацијата на Македонија. Младиот офанзивен фудбалер Никола Ѓорѓев е роден на 22. август 1997 година во Баден, Швајцарија и досега настапуваше за младинските селекции на земјата во која е роден. По разговорите кои претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и стручниот штаб во А репрезентацијата ги водеа со Ѓорѓев и неговите родители, младиот фудбалер реши да го промени спортскиот пасош и да настапува за Македонија. „Среќен сум што ќе имам можност да бидам…

повеќе...

Македонија на рекордно најниско 141 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад на ФИФА рејтинг листата. По поразите во пријателските натпревари, Македонија падна -3 места и се најде на 141 место – рекордно најниско досега.  Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде се искачи Аргентина, Белгија падна на второто место, а на трето место се искачи репрезентацијата на Чиле. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Гвинеја-Бисао, со скок од +45 места се најде на 102 место, додека пак најголем пад од -24 места има репрезентацијата на Аруба која се најде на 137 место.…

повеќе...

Спортски ден за децата од сите објекти на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

По повод интернационалниот ден на Спортот 6ти април ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ организира спортски ден за децата ( средните и големите групи ) од сите објекти при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. ЈП „Билјанини Извори“ за децата организираше превоз со панорамскиот двокатен автобус до СРЦ „Билјанини Извори“ каде беа пречекани од вработените во претпријатието кои потоа ги прошетаа низ спортските објекти. Децата беа запознаени со спортската инфраструктура при центарот како и со спортовите за кого се наменети објектите.  ЈП „Билјанини Извори“ и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и во…

повеќе...

Успеси на СК „Охрид“ на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје

Иако стана член на СК „Охрид“ пред само две недели, младата пионерка Анастасија Мојсовска веќе зачекори кон врвот на македонското стрелаштво. Имено, таа се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 166 круга, на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма што викендов се одржа во Скопје, а на кое учествуваа околу 50-тина стрелци. И во екипна конкуренција пионерките на СК „Охрид“ во состав: Анастасија Мојсовска, Ивана Петреска и Јована Каланоска ја зазедоа втората позиција со резултат од 415 кругови, за 6 помалку од првопласираната екипа на СК „Кавадарци“. Кај…

повеќе...

Спортско едукативно дружење со охриѓани на повеќе локации во градот

Асоцијацијата на Спортови Спорт за сите – Сите за спорт по повод интернационалните денови на спорт и здравје, 6-ти и 7-ми април ( среда и четврток ) организира спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид на повеќе локации во градот. „Согледувајќи ги дневно месечните активности на граѓаните на Охрид, нивното слободно време, желбата за дружење, желбата за спортско рекреативни активности, заклучивме дека повеќе од потреба е спортската рекреација, повеќе од потреба е дружењето и социјализирањето, здравјето и здравиот начин на живот. Нема посоодветен момент од деновите на спортот и здравјето за…

повеќе...

Македонските кендо борци во добро издание на Европското првенство

Главниот град на Македонија, Скопје, во периодот од 31 март до 3 април беше домаќин на Европското првенство во Кендо. Добивањето на организација на ова Европско првенство не беше случајност, туку резултат на реализација на голем број проекти и активности од страна на Кендо федерацијата, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и сето тоа во насока на промовирање и развој на оваа боречка вештина. АМС од својот буџет одвои 600 илјади денари со што се овозможи добра организација на првенството. На овој мега настан учествуваа 37 земји…

повеќе...

Одржан третиот меѓународен теквондо турнир Скопје Опен

Викендов во Скопје со поддршка на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје, а во организација на Теквондо клубот Бутел, се одржа 3-от меѓународен теквондо турнир Скопје Опен, најголем од овој вид во Р.Македонија. Учествуваа повеќе од 300 натпреварувачи од клубови од Албанија, Македонија, Косово, Србија, Хрватска и Бугарија. Хваранг Фист, како член на Македонската Теквондо Федерација (WTF), заради тешката финансиска состојба учествуваше само со двајца свои натпреварувачи. Јосифоски Филип во категорија Јуниори до 63 кг –А класа (Фул контакт борби), го освои третото место, губејќи…

повеќе...

Заврши турнирот во фудбал за основци

Денес се одигра финалето од турнирот во фудбал за основци на фудбалскиот теренот за вештачка трева, кој го организира ЈП „Билјанини извори“. Во финалето играа екипите на ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Христо Узунов“, каде подобра беше екипата на ОУ „Григор Прличев“. Третото место го освои екипата на ОУ „Живко Чинго“-Велгошти. Наградата за победниците на турнирот ја додели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

повеќе...

Фудбалски турнир за ученици од основните училишта во Охрид

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, а под покровителство на Општина Охрид, утре и задутре 31 март и 1-ви април (четврток и петок) на фудбалскиот терен со вештачка трева кој е дел од СРЦ „Билјанини Извори“, организира фудбалски турнир за деца (машки) од основните училишта и тоа 6 и 7 одделение. Турнирот ќе се реализира во соработка со Сојузот на училишен спорт Охрид и Бирото за развој на Образованието. Турнирот е дел од годишната програма за работа на ЈП „Билјанини Извори“ и е почеток на многубројните спортски настани наменети пред се за најмладите…

повеќе...