Студенти од Виенската академија за дипломатија во посета на МНР

Околу 40-тина студенти од Виенската дипломатска академија во рамки на нивната посета на Македонија денеска во просториите на Министерството за надворешни работи присуствуваа на предавање на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. По тој повод Попоски изјави дека посетата, која не е прва на група студенти од оваа оваа врвна светска дипломатска институција е значајна од фактот што овозможува да ги продлабочиме врските со членка на ЕУ која е од стратешко значење на Македонија и која во континуитет не поддржува од моментот на потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација…

повеќе...

Најдобри 25 студенти овој месец на наградно патување во Барселона

Дваесет и пет најдобри студенти во завршна година од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 20-ти до 23 мај ќе престојуваат во Барселона на трошок на Министерството за образование и наука. Тие ќе ја искористат новата стимулативна мерка и се избрани на првиот конкурс на МОН за наградно патување за студентите со просек од најмалку 9.5 од првите три пласирани универзити на националното рангирање. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на прес-конференција соопшти дека на јавниот…

повеќе...

Студенти од Факултетот за безбедност во посета на МВР

„Образовниот процес, без дилема, е најважниот стадиум во академското профилирање на младите луѓе. Оттаму инсистирањето на квалитет во тој процес е логична нужност доколку сакаме институционална функционалност, ефикасност и одговорност“. Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред студенти од Факултетот за безбедност коишто денеска во МВР, во рамки на нивната образовна програма, присуствува на презентации подготвени од страна на претставници на министерството, а посветени на организационата и нормативна поставеност и функции на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Потенцирајќи ја целосната…

повеќе...

Стартува мерката „Патување за најдобрите студенти“

Министерството за образование и наука, вчера објави Јавен повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија.Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми апелираше до студентите што ги исполнуваат условите, да ги достават потребните документи во МОН. Стимулативната мерка „Патување за најдобрите студенти“, важи за најдобрите студенти од трите најдоброрангирани универзитети во Македонија – „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот на Југоситочна Европа-Тетово и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, рече Адеми. „Од податоците кои ги добивме од овие универзитети, се работи за вкупно 201…

повеќе...

Груевски: Намалена партиципација за 50 отсто за студентите од самохрани и еднородителски семејства

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес промовираше нови значајни проекти за младите лица. Првиот од нив е наменет за младите кои доаѓаат од самохрани или еднородителски семејства. Ќе ја намалиме партиципацијата за 50 отсто за студентите од самохрани и еднородителски семејства.. ВМРО-ДПМНЕ континуирано води грижа сите граѓани да имаат еднаков пристап до високото образование. Социјалниот статус не треба да биде пречка. Предвидуваме намалување на партиципацијата за 50 проценти на државните факултети, сите години од студирање, рече Груевски. Мерката ќе почне да се реализира од септември 2017-тата, во соработка со МОН…

повеќе...

Ристовски: И годинава ќе се реновираат и градат студентски домови

Студентскиот дом Невена Ѓорѓиева-Дуња во Скопје ќе се урне и на негово место ќе се гради нов, најави денеска заминик министерот за образование Спиро Ристовски кој беше во работна посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Тој истакна дека и постојните штипските студентски домови влегуваат во Програмата на Владата и на Министерството за образование за реновирање и нивна санација. „Истовремено стои приоритетот за изградба на нов Студентски дом во Штип. Јас не можам да гарантирам дека во 2016 година ќе почне со градба, но соодветно на потребите Универзитетот и во…

повеќе...

Груевски: Бесплатно наградно патување за студентите со просек над 9,5

Државата ќе им обезбеди бесплатно патување со авион во Париз, Венеција или Барселона на студентите кои студираат на првите три рангирани универзитети во Република Македонија, согласно листата што ја прави Шангајскиот универзитет и имаат просек над 9,5. Премиерот Никола Груевски појасни дека мерката за студентите, наградно патување за сите оние кои имаат висок просек ќе се реализира од следната година. Ќе има две тури годишно, едната во мај-јуни, а втората во септември, најдоцна почетокот на октомври. „За оваа мерка деновиве повторно зборувавме на Влада. Усвоивме уште една информација во правец…

повеќе...

Резултати од Конкурсот за стипендирање на ученици и студенти

По завршувањето на постапката по конкурсот за стипендирање на ученици и студенти, објавена е листата на избраните ученици и студенти. Учениците и студентите кои добиле право на користење на општинските стипендии во наредните пет дена во Одделението за образование во општина Охрид, треба да достават трансакциона сметка. ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ СТИПЕНДИСТИ ЛИСТА НА СТУДЕНТИ СТИПЕНДИСТИ

повеќе...

Конкурс за доделување стипендии за ученици запишани во Спортската академија за учебната 2015/2016 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 12-а од Закон за Спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14, 129/15 и 146/15), а согласно Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија („Службен весник на Република Македонија” бр.191/15) и Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за учениците во Спортската академија во Република Македонија за учебната 2015/2016…

повеќе...

Доделени признанија за најдобрите албански студенти

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и министерот за економија, Беким Незири ги посетија најуспешните албански студенти и при што министерот Незири им додели признанија за нивните постигнувања. Во своето обраќање, министерот за образование, Адеми истакна дека целта на средбата е да им се даде признание на истакнатите студенти на ДУТ и ЈИЕУ, но исто така преку нив да им се оддаде почит на основачите на овие две институции за високо образование на албански јазик. „Овие универзитети се веќе воспоставени и од ден на ден докажуваат дека тие се…

повеќе...