Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигнување на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, Охрид при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на подготвеноста и капацитетите на ОУ „Ванчо…
повеќе...Tag: ученици
Австралиска донација за учениците од општина Дебрца
Учениците во општина Дебрца денес добија донација од страна на фондацијата Вржовски сопственост на Крис Вржовски од Перт Западна Австралија. Вржовски на учениците им додели 12 комплети тренерки со што им посака успех во образовниот процес. Донацијата беше организирана од страна на почесниот Конзул на Република Македонија во Западна Австралија, Зоран Ќосески. На примопредавањето присуствуваа градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски и директорот од ОУ „Дебрца“, Иван Димоски.
повеќе...Библиотека на тркала во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани
Во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, денес, училиштето „Св. Наум Охридски“ во Пештани, беше посетено од Библиотеката на тркала. Во активностите што ги реализираа од фондацијата активно учество зедоа учениците од прво до петто одделение од централното училиште, заедно со своите наставници и родителите.Со учеството во повеќето групни активности за забавно учење, учениците поминаа повеќечасовно учење и дружење заедно со координаторите од фондацијата каде преку игра го развиваа логичкото и проблемското размислување и го вежбаа изразното читање и изразување. Во групната активност за забавно…
повеќе...Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го посетија Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје
Викендов, Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид, организираше посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, музеј на ВМРО и музеј на жртвите од комунистичкиот режим. Училишната екскурзија имаше за цел усвојување и проширување на знаењата на учениците, развивање позитивен однос кон националните, уметничките, научните и културните вредности во Република Македонија, развивање чувство за патриотизам, толеранција и соживот, како и поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и подршка, солидарност и подобро взаемно запознавање.
повеќе...Ново електронско помагало за наставниците и учениците
Министерството за образование и наука денеска промовираше електронско помагало, односно агрегатор на видео содржини www.eduvideos.mon.gov.mk, преку кој се презентираат наставни содржини, пренесе МИА. Наставниците и учениците од основните и средните училишта, но и родителите, како што појасни заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, може да споделуваат едукативни видео содржини поврзани со темите од наставните програми што се изучуваат. „Овој систем обезбедува контролирано објавување и класифицирање на видео содржини. Секое доставено видео, кое може, но и не мора да биде сопствено, односно во авторска продукција на оној кој сака…
повеќе...Средношколците од Охрид и Струга реализираа едукативна екскурзија во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието
На 18-ти септември во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и УСАИД, за средношколците од Охрид и Струга се реализира еднодневна едукативна екскурзија и посета на туристичките локалитети во Охрид. „Целта беше запознавање на нашето заедничко културно историско наследство со кое се презентираме пред светот и преку кого се осознаваме самите.Беа вклучени учениците од прва до четврта година од охридската гимназија „Св.Климент Охридски” и струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо”. Убавите впечатоци од дружењето, наскоро ќе се обноват и со возвратна посета на Струга во организација на нашите…
повеќе...Конкурс за доделување ученички стипендии
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува КОНКУРС за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2015/2016 годин Општина Охрид за учебната 2015/2016 година ќе додели вкупно 80 ученички стипендии и тоа: – 20 (дваесет) стипендии за талентирани ученици од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ; – 20 (дваесет) стипендии за ученици кои живеат во…
повеќе...Ученици од Турција во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид
Ученици и наставници од средното техничко училиште „Мерсинли“ од Измир, Р.Турција во периодот од 16-ти до 20-ти септември беа во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Двете училишта во 2013 година потпишаа спогодба за пријателство, соработка и споделување на културни вредности. Учениците и наставниците од овие училишта имаа заеднички часови и работилници во кои разменуваа знаења, вештини и искуства, а во попладневните часови домаќините им ги покажаа убавините на Охрид и регионот преку заедничките прошетки во стариот дел на градот, манастирот Св.Наум и посета на Битола и спомен собата на Кемал…
повеќе...УМС на ВМРО-ДПМНЕ донираше прибор за социјално ранливите семејства
На стартот од школската година, Унијата на млади сили на ВМРО–ДПМНЕ од Охрид, донираше училишен прибор, ранци, тетратки, боици, пенкала, на деца од социјално ранливи семејства. Во акцијата беа опфатени повеќе семејства од Охрид и охридско. Целта на ваквата акција е да им се подаде рака на ваквите семејства кога имаат потреба од тоа.
повеќе...Одбележан почетокот на учебната година во ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани
Со свечена приредба која ја подготвија учениците и наставниците во ОУ „Св.Наум Охридски“, Пештани се одбележа почетокот на новата учебна 2015/2016 година. Учебната година највозбудено ја дочекаа околу 20 првооделенчиња. Учениците добија нови униформи. Директорот на училиштето, Илија Стојаноски ги посети подрачните училишта и на сите ученици им посака добар почеток. Со среќа првачиња! WebOhrid
повеќе...