Хуманитарна акција „Дете за дете“ во ОУ „Дебрца“

Основното училиште „Дебрца“организираше хуманитарна акција за Новогодишните празници под мотото од „Дете за дете“. Учениците заедно со нивните родители и наставници активно се вклучија во оваа хуманитарна акција покажувајќи ја својата солидарност и детска топлина за нивните другарчиња на кои им е потребна поддршката. Во акцијата се приклучија и градоначалникот на Општинана Дебрца, Игор Трајкоски и директорот на Јавното комунално претпријатие Дебрца. Новогодишни подароци ќе бидат дониранирани на сите дечиња од социјално загрозените семејства во Дебрца, покажувајќи им дека и тие се дел од Новогодишната и Божиќната магија.

повеќе...

Форумот на жени на СДСМ Охрид – дел од хуманитарната акција „Дарувај од срце”

Форумот на жени на СДСМ Охрид беше дел од големата традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце” која по повод Новогодишните и Божиќните празници ја организира Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст во сите поголеми градови во државата. Топла облека, покривки и обувки се донираа во Црвениот крст од каде ќе се дистрибуираат до социјално загрозените семејства. „Секоја година даруваме со желба за добробит и благосостојба на поединецот во општеството, а секоја наредна година се соочуваме со истата сурова реалност: се поголем број на граѓани отфрлени од…

повеќе...

Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ „Дарувај од срце“

Денеска, Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвен Крст ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“, ширум Македонија. Целта на оваа хуманитарна акција е да се помогне на социјално загрозените семејства во Република Македонија, преку донирање топла облека и обувки. Хуманитарната акција се спроведе во сите градови во Република Македонија, од членките на локалните форуми на жени на СДСМ. Во Скопје, акцијата започна во паркот Жена борец. По собирањето донации, тимот на Форумот на жени на СДСМ се упати кон просториите на Црвен крст и таму ја…

повеќе...

Кампања „Помислете и на нас“ по повод Денот на гладта и Недела на борба против гладта

По повод Денот на гладта, 16-ти октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „Помислете и на нас“ Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани. Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври, во поголемите маркети ќе бидат поставени видно обелечени корпи во кои хуманите сограѓани…

повеќе...

Учество на СДСМ во хуманитарна акција на САД

СДСМ се вклучи во крводарителната акција и акцијата за донирање на храна што ја организираа Американската амбасада во Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, за одбележување на 11-ти септември – Денот кога се случија трагичните настани во 2001 година, во САД.

повеќе...

Хуманитарна акција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид „Биди хуман – донирај“

Утре, Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ – Охрид ќе спроведе хуманитарна акција под мотото „Биди хуман – донирај“. Сите граѓани кои сакаат да донираат чиста облека, обувки, средства за хигиена, употребливи апарати за домаќинство и/или играчки, истите ќе можат да ги достават на штандот кој ќе биде поставен кај Стариот Чинар (фонтаната) од 17 часот.  Собраните средства ќе бидат донирани на многудетни семејства, семејства со социјален ризик, деца без родители и родителска грижа…

повеќе...

СВР Охрид со хуманитарна акција за помош на поплавените семејства во Тетово

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Тетово. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/078/ 143-400.

повеќе...

Хуманитарна забава „Подај раче за другарче“ во повеќе градски игротеки

Во рамки на својата програма Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности „ЦКА-ПХВ“, Црвен крст Охрид организира голема детска хуманитарна забава која под мотото „Подај раче за другарче“. Настанот ќе се одржи утре сабота, 18-ти април во повеќе градски игротеки. Младинците од Клубот на млади на Црвен крст Охрид ги покануваат родителите да ги донесат своите деца да учествуваат на хуманитарната забава, каде преку игра ќе помогнат да се обезбедат средства за помош на седумгодишно девојче без родители од Охрид. „Почитувани родители и Драги дечиња, изберете хуманост и во сабота,…

повеќе...