Фолк пејачот Гаги Тришески го живее македонскиот сон во Швајцарија

Фолк пејачот Гашо Тришески, пoзнат како Гаги по потекло e од Кичево, а веќе долги години наназад работи и живее во Базел-Швајцарија. Во музичките води сериозно запливува уште кога живеел во Кичево но неговите големи и забележителни успеси се на швајцарска територија. Имено,неофицијално дознаваме дека Гаги на своите настапи низ градовите каде што има македонци низ Швајцарија, зема вртоглаво големи хонорари и дека е доста баран по тамошните забави и свечености. Кога го прашавме за хонорарор, тој скромно ни одговори дека секој човек кој својата работа ја работи со љубов…

повеќе...

Охрид домаќин на конференцијата „Adventure next Balkan 2016“

Работните групи на Секторот за туризам од швајцарската „IME“ програма и Секторот за туризам од општина Охрид, денеска одржаа состанок на кој учествуваа: Пјетро Бертиели, професор по менаџмент со специјални фокус групи во туризмот на Универзитетот „St. Gallen“ од Швајцарија, Ангел Јанев, заменик градоначалник на општина Охрид и Габриела Крешини, фокус лице за туризам на „СВИС Контакт“ од Швајцарија. На состанокот беше утврдена методологијата за управување со туристичка дестинација по која што ќе се развива Охрид со поддршка на „IME“ програмата. Исто така беа посочени проблемите во областа на авантуристичкиот…

повеќе...

Претседателот Иванов на проштална средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Лазарото

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Н.Е. д-р Стефано Лазарото. На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Лазарото во развојот и негувањето на билатералните односи, како и во интензивирањето на целокупната соработка меѓу двете земји во сите сфери од заемен интерес. Македонскиот претседател изрази уверување дека традиционално блиските и пријателски односи со Швајцарската Конфедерација ќе продолжат и во иднина, притоа нагласувајќи дека Македонија високо ја цени континуираната поддршка и помош од Швајцарската Конфедерација…

повеќе...

Фида: Две белгиски и една швајцарска компанија пред одлука за инвестирање

Две белгиски и една швајцарска компанија ја избраа Македонија како најдобра инвестициска локација и планираат своите капацитети да ги прошират во нашата земја. „Едната белгиска фирма од областа на земјоделството веќе достави бизнис план. Се работи за компанија што сака да инвестира во збирен центар за јаболка и исто така сакаат тие самите да засадат јаболка. Втората компанија е од областа на производството, која сака да отвори погон за производство на грејни тела,“ истакна министерот без ресор Висар Фида. Третата е швајцарска компанија од автомобилската индустрија. „Оваа компанија разгледува 4…

повеќе...

Силна поддршка од дијаспората за политиките на СДСМ: Вака продолжете

„Вклучете се, заедно да и помогнеме на Македонија“, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на синоќешната трибина со иселениците во Локарно, Швајцарија. На дебатата, во салата Крусал, на тема “Иднината на Македонија“ присуствуваа околу 1000 граѓани од дијаспората. Иселениците дадоа силна поддршка на отворените политики на претседателот Заев и на раководството на СДСМ и порачаа партијата да продолжи со чекорите што водат кон перспективи на земјата и на народот. Се интересираа за актуелните состојби во државава и за политичките случувања, за коишто слушаат загриженост и од меѓународната заедница. Претседателот Заев…

повеќе...

Македонските и швајцарските искуства се темелат на почитување на различностите

Република Македонија и Швајцарската Конфедерација имаат добри билатерални односи и соработка. Двете земји ги поврзува нивната посветеност кон афирмација на човековите права и моделите на соживот кои се негуваат во нив, оценија претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и претседателот на Швајцарската конфедерација г. Дидије Буркхалтер на средбата во Берн. Двајцата претседатели изразија задоволство од развојот на билатералните односи и од соработката меѓу двете земји во годината кога се одбележуваат две децении од воспоставувањето на дипломатските односи. Македонскиот претседател на средбата истакна дека Република Македонија и Швајцарската Конфедерација ги…

повеќе...

Четириесет основци ќе бидат дел од интеркултурен камп во Швајцарија

Околу 40 ученици од пет основни училишта во Охрид, Струга, Гостивар, Штип и Битола ќе бидат дел петти-от интеркултурен камп во Детското Село Песталоци во Троген, Швајцарија. Овој камп ќе се реализира од 03 – 17 јули оваа година. Преку различни активности, кампот ќе им овозможи на младите да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите со различи култури. Досега на интеркултурните кампови организирани од Коалицијата на младински организации СЕГА учествувале 160 ученици од 5 основни и 10 средни училишта од…

повеќе...

Во домашните компании експерти од Швајцарија преку владиниот проект

Македонската компанија за производство сончеви колектори за топла вода  „Камел солар“ ќе ја зајакнува позицијата  на домашниот и на странските пазари  преку нови модели и маркетинг стратегии за кои добива совети од швајцарскиот експерт Питер Гунтер. Фирмата, што се занимава и со истражување и развој на нови технологии и производи за енергетска ефикасност,  веќе десет дена добива помош од експертот преку проектот на Владата за помош на домашните компании со странски експертска помош  со цел подобрување на конкурентноста, извозот на странски пазари и отворање нови работни места. „Изненаден сум од…

повеќе...