Завршува летниот распуст за 275.000 основци и срeдношколци

За околу 275.000 основци и средношколци завршува летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 20.000 првачиња. Од вкупниот број ученици, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци. Во Македонија има 105 средни и 337 основни училишта.

повеќе...

Свечено затворена шестата Школа за млади лидери

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, синоќа се обрати на свеченото затворање на шестата Школа за млади лидери, што се одржа од 16-ти до 27-ми август во Охрид. Претседателот Иванов на учесниците на школата им додели сертификати за учество и успешно завршување на десетдневната интензивна лидерска обука. На годинешната школа учествуваа 20 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко, кои ги пренесоа своите искуства и видувања за лидерството на 44 учесници на школата. Meѓу предавачите на шестата Школа за млади лидери беа…

повеќе...

Започнува Школата за млади лидери во Охрид

Шеста Школа на млади лидери, по иницијатива на претседателот Ѓорѓе Иванов ќе се одржи во Охрид од денес до 28-ми август. На школата за млади лидери ќе има вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко. Меѓу предавачите на шестата по ред Школа за млади лидери се поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија Франко Фратини, поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, директорот на Кралскиот институт за меѓународни односи од Белгија Марк Оте, членот на Извршниот комитет на Трилатералната Комисија…

повеќе...

Од недела започнува Школата за млади лидери во Охрид

Шеста Школа на млади лидери, по иницијатива на претседателот Ѓорѓе Иванов ќе се одржи во Охрид од 16-ти  до 28-ми август. На школата за млади лидери ќе има вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко. „Преку Школата за млади лидери на претседателот Иванов, сакаме да ги мотивираме младите да ја развиваат својата визија како идни трансформациски лидери на Република Македонија. Визијата на еден трансформациски лидер дава насока, фокус, цел и просперитет. Во Македонија имаме прекрасни млади луѓе кои се добро едуцирани, кои ја…

повеќе...

Охрид домаќин на Петтата меѓународна летна школа

Заменик градоначалникот Ангел Јанев, денеска во Конгресниот Центар се обрати на Петтата меѓународна летна школа под наслов „Направи разлика, стани европски креативен лидер на промени“ што од вчера до 15-ти август се одржува во Охрид. „Градот домаќин Охрид, уште пред многу векови ја направил суштинската разлика помеѓу светлината на знаењето и темнината на неукоста. Благородната мисија на Светите Климент и Наум во описменувањето на населението од овој крај и штедрото ширење на истото на поширокиот Балкански регион, го сврстува Охрид како град светилник на писменоста, духовноста и културната размена со…

повеќе...

Учебната година ќе започне на 1-ви септември

И покрај барањата на хотелиерите, Владата на седница донесела одлука учебната година да почне редовно, на 1-ви септември.  „Во овој момент, безмалку триесетина дена до почетокот на новата учебна година, е предоцна да се прават какви било корекции. Го разбираме барањето и иницијативата на дел од туристичките работници, меѓутоа секогаш се водиме од најдобриот интерес на учениците. Учебната година, како и секогаш, ќе почне на 1-ви септември и апелирам до учениците и нивните семејства да си ги реализираат своите подготовки за почеток на наставата“, изјави заменик- министерот за образование и наука,…

повеќе...

Хотелиерите бараат учебната година да почне на 15-ти септември

Хотелиерите бараат учебната година да почне на 15-ти септември. Тие сметаат дека во тој период туристичката сезона ќе биде подобра. Мајските случувања во земјава, јунските временски прилики ја скратија туристичката сезона и многу аранжмани беа откажани, па затоа сметаме дека од одложувањето на почетокот на учебната година на 15-ти септември бенефит ќе имаме сите, сметаат туристичките работници од Охрид и Струга. И првиот човек на ХОТАМ смета дека политичките случувања се одразиле на туризмот Претседсателот на ХОТАМ, Крсте Блажески во интервју за Прес24, тврди дека политичките случувања во земјава изминатиот…

повеќе...

Градежни активности во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти

Во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти започна градежен зафат за средување на надворешните ѕидови кај влезот на училиштето, со што училиштето ќе добие свеж и подобар изглед. Имено, во ова училиште покрај реконструкцијата се направи и опреми училница за првоодделенците, со што се реши деценискиот проблем првоодделенците да учат во иста смена поради нивна подобра социјализација и комуникација. Се адаптира и среди нов простор за училишната библиотека, се набавија нагледни средства за одделенска настава за Кембриџ наставата, се изградија училишни кабинети, информира директорот Ѓоко Чингоски. На прашањето од WebOhrid за мотивот…

повеќе...

Се уредува дворот во ОУ „Братство Единство“

ОУ „Братство Единство“ започна со подготовки за новата учебна година. Деновиве интензивно се работи на уредување на училишниот двор и бојадисување на оградата „Правиме напори со вложување минимални финансиски средства да го направиме овој простор подобро место за учење на нашите сегашни и идни ученици. Акцијата за разубавување на нашето училиште беше поддржана и од вработените, така што дел од нив покажаа волја активно да го поминат својот годишен одмор,“ изјави директорот на училиштето Муамер Доко. Вакви и слични активности ќе продолжат и во текот на летниот распуст, со цел…

повеќе...

„Акватика“ врши упис на нови членови во школата за едрење

Клубот за спортови на вода „Акватика“ врши упис на нови членови на возраст од 7 до 12 години во школата за едрење која започнува на 15- ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето. Уписите ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа на плажа Горица 1, до поранешен х.Парк (Голден Бич) од денес 10-ти до 14-ти  јуни, од 11:00-17:00 часот. Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. „Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски…

повеќе...