СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Втор ден во училишните клупи во охридското село Коњско наместо ученици седат родители, а никој од надлежните не реагира. Родителите со право протестираат, отакако 1-ви септември им донесе непријатно изненадување. Во една училница беа седнати три генерации ученици, од прво, второ и трето одделение, да им предава еден учител. И ова се случува во 21-от век. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието. Тоа што од буџетските средства на општина…

повеќе...

Свечено одбележан првиот училишен ден во ОУ „Св.Климент Охридски“

И на првачињата во ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид овој ден ќе им остане засекогаш во нивните сеќавања како ден кога првпат заиграле, нацртале и обоиле, а најважно од сè се дружеле со своите врсници во училишниот двор. Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце. Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен…

повеќе...

Заврши петтата по ред Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со предавањето на надвојводата Карл Фон Хабсбург, член на династијата Хабсург и поранешен австриски европратеник вчера заврши петтата по ред Школа за млади лидери, што од 19 до 28 август се одржа во Охрид, по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. На годинешната Школа учествуваа вкупно 38 учесници, како и 21 предавач од Македонија, Европa, САД, Канада и Кина. Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и…

повеќе...

Претседателот Иванов оствари средба со учесниците на Школата за млади лидери

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, синоќа во Охрид ги прими учесниците на петтата по ред Школата за млади лидери, што по негова иницијатива, се одржува од 19 до 28 август во Охрид. Посакувајќи им добредојде во Вилата Билјана, претседателот Иванов пред младите лидери ја истакна потребата нашето општество да образува лидери во секоја област, што ќе нудат решанија за предизвиците на новото време. „Потребни ни се лидери во сите области, не само во политиката. Новото време носи нови предизвици. Во овој свет што брзо се менува, потребни ни се…

повеќе...

Учесниците на Школата за млади лидери во посета на општините Охрид, Вевчани и Ресен

Учесниците на петтата по ред Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се одржува во Охрид, денеска, поделени во три групи, ги посетија општините Охрид, Вевчани и Ресен. Пред младите лидери беше претставена работата на општините, предизвиците со коишто овие три локални самоуправи се соочуваат во својата работа, предностите и недостатоците, но и потенцијалот со којшто располагаат. По одржаните презентации, младите лидери, со своите ментори ќе предложат одржливи решенија за претставените проблеми, а предлог-проектите ќе им бидат доставени до градоначалниците на овие…

повеќе...

Потребни ни се лидери за предизвиците на новото време – отворена петтата Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Живееме во свет, кој е многу повеќе поврзан и зависен од кога било во историјата на човештвото и чуствува глобални предизвици. За животот во таков век потребни се и лидери, кои ќе знаат да излезат во пресрет на сите предизвици што ги носи новото време, рече Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на отворањето на петтата Школа за млади лидери, што од денеска до 28 август се одржува во Охрид. Целта на Школата, како што подвлече претседателот Иванов, е да создаде луѓе кои ќе растат во височина, кои ќе…

повеќе...

Школа за млади лидери на претседателот Иванов во Охрид

Вкупно 40 учесници и 20 предавачи од Македонија,Европa, САД, Канада и Кина ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, годинава по петти пат ќе се одржи од 19 до 28 август во Охрид. Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности. Програмата опфаќа предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот од страна на…

повеќе...

Завршен концерт на летната музичка работилница

Еден од значајните настани за македонската наука и уметност, како и за високото образование стана потпишувањето на договорот за соработка помеѓу Македонската Академија на науките и уметностите и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – најстариот универзитет во Република Македонија. Како резултат на овој договор интензивирана е соработката со факултетите на Универзитетот од која произлегуваат проекти значајни за сите нивни чинители и учесници. Во овој процес е вклучен и Факултетот за музичка уметност – Скопје. Во периодот 28 јуни – 3 јули 2014 година во рамките на манифестацијата „Научна…

повеќе...

Свечено отворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Синоќа во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид свечено беше отворена Интернационална летна школа за архитектура и дизајн што веќе втора година се одржува во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн. На свеченоста присуствуваа и Токиските архитекти, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, основачи на  едно од најиновативните архитектонски бироа во светот.  „Штотуку пристигнавме и немавме прилика да видиме многу од архитектурата во Охрид но ова што се случува тука со летната школа е прекрасна работа. Задоволство е да се биде тука. Веднаш ја…

повеќе...