Прием на младите македонски каратисти во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска оствари средба со членовите на македонската карате репрезентација за деца од 11-14 години, кои остварија одлични резултати и освоија 22 медали на неодамна одржаното Балканско првенство во Херцег Нови, Црна Гора. „Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се…

повеќе...

Ќе се формира туристичка инспекција

На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, на седумдесет и шестата седница на Владата на Република Македониа оддржана на 26-ти Мај, одлучено е да се формира туристичка инспекција. „Владата на Република Македонија ја прифати иницијативата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и одлучи да се формира туристичка инспекција како самостојна институција, со ингеренции и организациона поставеност по моделот на Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите кои ќе бидат дел од туристичката инспекција ќе бидат преземени од Државниот пазарен инспекторат.“– информираат од…

повеќе...

АХВ за сточарите испечати информативни летоци за превенција на болеста Син јазик

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати информативни летоци за болеста Син јазик, кои ќе им бидат поделени на сточарите со цел навремено преземање на превентивни мерки за заштита од појава на оваа болест, која минатата година нанесе големи штети на сточарите и го десеткува добиточниот фонд. Земајќи го во предвид фактот дека оваа болест се пренесува преку убод на инсекти и вообичаено се јавува во периодот од мај до октомври, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира одгледувачите на животни навремено, редовно и правилно да вршат дезинсекција во своите…

повеќе...

АППТ: Безбедносната ситуација во РМ е на високо ниво

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека на веб-страната на МНР е поставено известување за политичко безбедносната состојба во РМ. Воедно информираат дека МНР до сите свои дипломатско- конзуларни претставништва во светот достави допис во кој се укажува дека безбедносната ситуација во РМ е на високо ниво и дека туристичките работници се подготвени да ги примат странските туристи во РМ. ДКП-ата на РМ се задолжени, во контакт со институциите од земјите на прием, да ги пренесат овие укажувања. Повеќе информации на следниот линк.

повеќе...

Македонија произведува безбедна храна- За дома и за извоз

Воспоставување на нови бизнис партнерства за идна соработка, размена на искуства за производство на храна и презентација на најновите технолошки достигнувања за квалитет и безбедност во производствениот процес се главните цели на „Фестивалот за хигиенски дизајн и храна“ кој од денес до петок се одржува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид со поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија. Како што објасни Владимир Какуринов, извршен директор на Консалтинг и тренинг центар „КЛУЧ“ од Мекедонија – регионална секција на највлијателната европска…

повеќе...

Свечено отворени „Малите олимписки игри“

На отворањето на деветтите по ред Државни училишни спортски игри годинава насловени како „Мали олимписки игри-Карпош 2015“ учествуваа околу 1000 ученици од основни училишта од цела територија на Република Македонија. Основците во наредниве два дена ќе се натпреваруваат во ракомет, одбојка, кошарка атлетика и мал фудбал. Претседателот на организацискиот одбор на игрите проф. д-р Зоран Поповски на отворањето истакна дека на игрите нема победници, ниту поразени, со самото доаѓање тука сите се победници. Манифестацијата е поддржана од Агенцијата за млади и спорт, како и од Федерацијата за училишни спортови и…

повеќе...

„Летање во природа“ – Zip Line нов туристички производ

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р Македонија реализирајќи ја својата програма за 2015 во делот на поддршка на туризмот на 12.05.2015 година (вторник) оствари работна средба со директорот на Националниот Парк Маврово Онер Јакуопоски, на која се предаде комплетна документација во вид на основен проект за „Летање во прирда“ (Zip Line). Проектот подразбира поставување на систем за летање поврзан со дрвени платформи како и придружни објекти за опрема. Со оваа нова содржина која ќе се реализира до Август 2015 година се овозможува збогатување на туристичката забавна, рекреативна…

повеќе...

„Араб Инвестор“ ги разгледува бизнис и туристичките потенцијали на Македонија

Министерството за надворешни работи на Р.Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со НЕ Сашо Ташевски, првиот Амбасадор на РМ во Абу Даби го поддржаа гостувањето и посетата на Македонија на генералниот директор на списанието “Arab Investor”, Nazim Mohammad Mahmood Sabbah. НЕ Сашо Ташевски, првиот Амбасадор на РМ во Абу Даби, ОАЕ за шест месеци од започнувањето на својот мандат ја стави во комплетна функција новоотворената Амбасада и се залага за промовирање на инвестициските можности во Македонија. Во изминатиов период донесе потенцијални инвеститори од Обединетите Арапски…

повеќе...

Известување од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Известување од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот: „Во изминатиов период Македонија преживеа тешки моменти. Вооружена криминална група создаде закана по безбедноста на граѓаните на што полицијата реагираше соодветно и решително. Кримниналната група беше неутрализирана, а опасноста целосно отстранета. Воедно, Ве информираме дека планираните патувања кон Македонија од странските партнери течат според предвиденото, односно, без откажувања во однос на резервациите кон Македонија. Би сакале да подвлечeме дека според Светската туристичка организација (UNWTO), Македонија последните години е помеѓу земјите со најбрз раст во туризмот од земјите во Европа во однос…

повеќе...

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја негува релацијата со стопанството

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со претставници од Проектот ИМЕ финансиран од „Swisscontact” Швајцарија одржаа средба со претставници од Општина Охрид, туристичкиот кластер, локалната туристичка комора, туристички агенции, туроператори и од представници од хотелиерската асоцијација – ХОТАМ. На состанокот се презентираше 4 – годишната програма од ИМЕ Проектот (Increasing Market Employability) за развивање на Охрид како препознатлива туристичка дестинација која ке ја реализира фондацијата „ Swisscontact „ заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. „Меѓу активностите кои ги реализираме…

повеќе...