По повод Денот на гладта, 16 октомври и Неделата на борба против гладта, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” во кампањата што ја спроведе Црвен крст со повеќе активности се вклучи и општина Охрид. Активностите беа насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. И оваа година општина Охрид се вклучи во хуманитарната акција на Црвен крст во обезбедувањето на финансиски средства за набавка на…
повеќе...Tag: акција
Учениците од ОУ „Христо Узунов“ дел од кампањата „Од децата – за децата“
Учениците од Основното Училиште „Христо Узунов“ ја покажаа својата хуманост. Под мотото „ОД ДЕЦАТА -ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид, основците од ова училиште се вклучија во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта. Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни нерасипливи прехрамбени производи и средства за хигиена и облека. Од име на ОУ „Христо Узунов“ директорот Тони Симоновски упати голема Благодарност до учениците, родителите и колегите за овој хуман гест.
повеќе...ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата „Од децата – за децата“
Под мотото „ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта (16-22 октомври). Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности прибраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена. Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст каде понатака би ги спакувале во соодветни картонски кутии кои ќе им бидат поделени на децата од социјално најзагрозените семејства. Ваквите акции го подигнуваат нивото на свест кај…
повеќе...Спроведена хуманитарна акција „Од децата за децата“ во ОУТУ „Ванчо Питошески“
Под мотото „Од децата- за децата“ во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески“ се спроведе хуманитарна акција за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во општина Охрид, со што се одбележа „Недела на борба против гладта (16-22 октомври)“. Целта беше да ја поттикне хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани и деца кои живеат во тешки социо- економски услови и секојдневно имаат проблеми како да се прехранат. „Невидливи, стопени од сиромаштија стотина, илјада луѓе не знаат дали денес ќе јадат. Тажно е што…
повеќе...Црвен крст спроведува кампања „Помислете и на нас“ за помош на најсиромашните
По повод Светскиот Ден на храната, 16 октомври и Неделата на борба против гладта (17-23 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани. Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. Во текот на Неделата на борба против гладта од 17-23 октомври, во поголемите маркети во Охрид ќе бидат поставени видно обележени корпи…
повеќе...Реализирана Неделата на промоција на хумани вредности
Младост, гордост, хуманост, убавина беа најпрепознатливи обележја на синоќешното ПХВ ШОУ на волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид кое во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“. Својата хумана активност реализирана во рамки на овогодинешната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), при која изработија 8 проекти со кои помогнаа на 100 наши сограѓани од ранливите категории, преку 30 младинци на Црвен крст Охрид, вчера на многу креативен и едукативен начин ја прикажаа пред бројната охридска публика со испраќање…
повеќе...Реализирана хуманитарната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“
Градскиот плоштад во Охрид денес пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот, дружењето, здравјето и знаењето. Бројни посетители и учесници од сите возрасти, беа дел од хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со Стоматолошкиот центар д-р Баткоски, се реализираше на Градскиот плоштад во Охрид и уживаа во разновидните спортско-рекреативни, здравствено-едукативни и културно-забавни содржини. Главната трка го означи стартот на оваа акција, за потоа младите да го изразат својот спортски дух натпреварувајќи се во фудбал, баскет, бадминтон, пикадо, шах, прецизно возење велосипед,…
повеќе...Во тек е крводарителската акција во Центарот за култура „Григор Прличев“
Се бара кревет повеќе за да се дарува крв на денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид во соработка со Тамаро маркети се реализира во Центарот за култура „Григор Прличев“. Вработените во маркетите Тамаро, предводени од своите директори беа првите хуманисти, крводарители кои ја отворија денешната крводарителска акција. Од Црвен крст Охрид, се надеваат дека сите хумани охриѓани ќе го следат овој пример и ќе се приклучат на крводарителската акција, а воедно и ги покануваат на забава и дружба зачинета со дегустација на производи од маркетите Тамаро…
повеќе...Во сабота голема крводарителска акција во Центарот за култура
Црвен крст Охрид најавува голема крводарителска акција која во соработка со Тамаро маркети ќе се реализира на 16.09.2017 г. (сабота) од 10:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Со цел да се соберат што повеќе крвни единици за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид ги покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите Тамаро ја даруваат драгоцената течност. Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични…
повеќе...Основни училишта од Охрид и Дебрца добија прибор од акцијата „Дарувајте радост на првачињата“
Во рамки на хуманитарната собирна акција под мотото „Дарувајте радост на првачињата“, младите на Црвен крст Охрид собираа училишен прибор кој денес го донираа во 7 основни училишта во Охрид и Дебрца, наменета за 114 првачиња. Од Црвениот крст Охрид изразуваат благодарност до поединците, фирмите и институциите кои ја помогнаа оваа хуманитарна акција.
повеќе...