Заменик претседателката на СДСМ Шекеринска се сретна со амбасадорот на Шпанија Рамон Абароа Каранза

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранза, на којашто се разговараше за актуелната политичка ситуација и за назадувањето на земјата во европските интеграции. Преку воспоставување целосна контрола врз медиумите, затворање и казнување на критичките медиуми и тоталната контрола врз институциите на системот, оваа власт покажа дека унапредувањето на демократските процеси во земјата и европските интеграции не се нејзин приоритет, посочи заменик претседателката Шекеринска. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како најголема опозициска партија има обврска кон граѓаните на Р.Македонија да ја врати…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на Словенија Бранко Раковец

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец. Недостатокот од демократија и слобода во Македонија, економските проблеми на земјата, назадувањето на Македонија на европскиот пат, беа теми на разговорот. Словенечкиот амбасадор посебно се интересираше за политичката состојба во земјава и посочи дека забелешките од последниот Извештај на Европската комисија што се однесуваат на загрозување на демократијата и слободата треба да бидат сериозно сфатени. „Враќањето на државата на нормален колосек е приоритет од којшто…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и членката на И.О на СДСМ и претседателка на Комисијата за правда, Рената Дескоска, денеска имаа средба со амбасадорот на ОБСЕ во Р.Македонија, Ралф Брет и со раководителот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џејмс Де Вит. Актуелната политичка ситуација во Македонија беше главна тема на разговорите. Претседателот Заев, рече дека обврска на СДСМ е, како одговорна опозиција да овозможи реализација на слободната волја на граѓаните на Македонија и дека партијата останува посветена на оваа цел. „Тоа може да се реализира само преку отворање…

повеќе...

Орав: Извештајот годинава е посебно искрен, наведени се сите загрижувачки забелешки

Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија, Аиво Орав, оствари средба со пратениците Роза Топузовска-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, на кои им предаде копии од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Евроамбасадорот Орав истакна дека Извештајот годинава е посебно искрен, содржи пораки за сите, и за позицијата и за опозицијата, наведени се сите загрижувачки забелешки. Пораките се навистина сериозни и се аларм за властите во земјата. И покрај сè, Европската комисија, сепак, наведува дека се исполнети копенхашките критериуми и повторно дава препорака за почеток на…

повеќе...

Волерс: Охрид е еден од најубавите градови во светов

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на САД во Република Македонија ,Пол Волерс. Почесниот гостин интересирајќи се за актуелните состојби и случувања во Охрид, истакна дека градов е еден од најубавите во светски рамки во кои престојувал досега и дека повторно и секогаш би се враќал тука. За него и неговото семејство убавата клима, езерото и културно- историските споменици секогаш го прават посебен Охрид и токму затоа тоа е местото на кое ги повикувале да престојуваат и своите пријатели. Притоа градоначалникот Бакрачески и амбасадорот Волерс…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс

Шансите за евро – атлантска перспектива на Македонија, неопходноста од демократски капацитети за решавање на проблемите во државата и состојбата со меѓуетничките односи во земјава беа темите на разговор на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски со американскиот амбасадор, Пол Волерс. Претседателот Заев изрази очекување дека власта ќе ја сфати одговорноста што ја има, посебно пред есенскиот извештај на Европската комисија и дека ќе ги прифати предлозите на СДСМ за надминување на политичката криза. СДСМ останува цврсто на ставот дека нема да се врати во…

повеќе...

Претседателот Иванов оствари средба со амбасадорот Метју Нимиц

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за разликата околу името. На средбата беше разгледана актуелната состојба во разговорите за надминување на ова прашање. Поздравувајќи го ангажманот на амбасадорот Нимиц, претседателот Иванов ја реафирмираше државната позиција на Република Македонија и посветеноста за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за разликата околу името. „Како и досега, и натаму Република Македонија активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение…

повеќе...

Средба на градоначалникот Бакрачески со кинескиот амбасадор Вен Џеншун

Градоначалникот Никола Бакрачеси денеска имаше прва протоколарна средба со неодамна именуваниот амбасадор на Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун. На средбата, заеднички беше оценето дека Република Македонија и Република Кина имаат одлични меѓудржавни односи, кои  се добра основа за соработка меѓу градови од двете земји. Позитивно беше оценета досегашна соработка меѓу градот Далиан и Охрид и беше предложено да се воспостават пријателски односи со градот Шенжен. Градоначалникот Бакрачески го запозна амбасадорот Џеншун со можностите на Охрид за соработка во областа на туризмот, културата, стопанството, образованието и другите сектори. Амбасадорот…

повеќе...

Средба на вицепремиерот Пешевски со новиот кинески амбасадор Вен

Проектите за изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, кои се во фаза на реализација и каде се ангажирани кинески компании беа тема на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија, Зеншун Вен. На средбата, информираат од Кабиентот на вицепремиерот, станало збор и за потенцијалните инвестиции во енергетските проекти. „Двете страни изразија желби за понатамошен поттик за промоција на инвестициите, економската соработка помеѓу двете земји и зголемување на трговската размена. Вицепремиерот му посака добредојде на новиот…

повеќе...

Средба на министерката Канческа-Милевска со полскиот амбасадор Мултановски

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Минисњтерството за култура оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски. На средбата беа потенцирани традиционално добрите културни врски меѓу двете земји кои се одвиваат во рамките на Програмата за соработка во областа на културата меѓу македонското Министерство за култура и Министерството за култура и национално наследство на Република Полска, како и за интензивирање на соработката меѓу институциите од областа на културата. Ова ќе биде потврдено и со потпишувањето на новата програма за соработка меѓу…

повеќе...