Проектот „АРМ – мој вистински дом“ презентиран пред припадниците на АРМ во Скопје и Куманово

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски денеска во скопските касарни „Страшо Пинџур“ – Петровец и „Илинден“, како и во кумановската касарна „Боро Менков“ беа дел од презентацијата на проектот „АРМ – мој вистински дом“ пред припадниците на Армијата. „Имавме средба со припадниците на АРМ заинтересирани да купат стан преку проектот ’АРМ – мој вистински дом’. Кон крајот на декември и средината на јануари ќе започнеме со градба на првата зграда, а во тек сме да добиеме градежна дозвола од општината…

повеќе...

АРМ и КФОР имаат одлична соработка – Средба на министерот Јолевски со генералот Миџлиета

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија имаат одлична соработка со КФОР на Косово, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерот Зоран Јолевски и командантот на КФОР, генерал-мајор Гуџлиермо Миџлиета. Министерот Јолевски на средбата посочи дека Република Македонија во континуитет дава придонес кон напорите на меѓународната заедница за мир и стабилност на регионот. „Дел од тие напори е и логистичката поддршка за КФОР“, истакна министерот Јолевски. Генералот Миџлиета се заблагодари за средбата и додаде дека како и досега, потребно е и во иднина да се одржуваат постојаните…

повеќе...

Министерот Јолевски ги повика заинтересираните млади луѓе да се пријават на огласот за пилоти во Армијата

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за време на денешната презентација на петтата генерација слушатели во Центарот за обука на пилоти ги повика сите граѓани на Република Македонија, кои имаат завршено високо образование, говорат англиски јазик и се помлади од 28 години да се пријават на конкурсот за обука на пилоти. Оние кои ќе го поминат селективниот процес воден од искусни пилоти-инструктори од Израел ќе имаат можност да добијат висококвалитетна обука и да станат пилоти на Армијата на Република Македонија. Јолевски за кадетите истакна „Пред нас се талентирани…

повеќе...

Учество на припадниците на АРМ на „6-те Воени светски игри “ во Јужна Кореа

Екипа на АРМ од 2-ри до 12-ти октомври, учествува на „Шестите воени светски игри“ во Јужна Кореа, кои се во организација на Меѓународниот совет на воени спортови (МСВС). На најпрестижниот и најголем спортски настан каде учествуваат сите армии во светот, членки на МСВС, припадниците на АРМ ќе се натпреваруваат во следните спортски дисциплини: борење-слободен стил, трчање на 800, 1500, 5000 и 10 000 метри, како и маратон на 42 километри. Шестите воените светски игри се одржуваат во градот Мунгијонг, Јужна Кореа под мотото „Пријателството низ спортот“, каде припадниците на АРМ ќе…

повеќе...

Јолевски: Армијата е добро организирана за справување со мигрантите

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и Командантот на ЗОК на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски денеска ги посетија припадниците на АРМ кои се ангажирани за асистенција на Граничната полиција на јужната граница на Република Македонија со Република Грција. Јолевски и Величковски беа запознаени со состојбата на теренот, соработката и координацијата со останатите надлежни институции и локалната самоуправа, како и со практичното извршување на задачите за спречување на илегален премин на граничната линија од страна на мигрантите. „Главна цел ни е да дадеме…

повеќе...

Свечено примопредавање на должност Командант на Здружената Оперативна Команда

Денес, пред Здружената Оперативна Команда (ЗОК), во касарната „ Боро Менков“ во Куманово се реализира воена свеченост по повод прием на должноста командант на ЗОК од страна на бригаден генерал Васко Ѓурчиновски. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана на Република Македонија г-дин Зоран Јолевски, началникот на генералштабот на АРМ и досегашен командант на ЗОК генерал потполковник Методија Величковски, останатите генерали од ГШ на АРМ, команданти на потчинетите единици на ГШ на АРМ и команданти на потчинетите единици на ЗОК. На свеченоста согласно Правилото за воен протокол пред стројот на припадниците…

повеќе...

Груевски: Кризната состојба е за да се регулира неконтролираниот влез на мигранти

Привремените регулациски мерки на Владата кон мигрантите се во насока на обезбедување поефикасен транзит низ државата, изјави премиерот Никола Груевски со врска со владината одлука за прогласување кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти. „Ние имавме една дискусија по прашањето за мигрантите кое е прашање за Европа, не само за Република Македонија. Македонија е транзитен коридор и исклучително важно е како ние ќе се справиме со овој предизвик. Кога го донесовме законот со којшто на мигрантите им дадовме одредени можности, тогаш…

повеќе...

Свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ

Денес, по повод Денот на АРМ пред зградата на МО и ГШ на АРМ се организира свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски и останати припадници на МО и ГШ на АРМ. „Армијата на Република Македонија со особена чест и гордост го прославува 23 роденден на Армијата“ истакна во својот говор НГШ на…

повеќе...

Спортски натпревари по повод Денот на АРМ

Денес во рамките на програмата за одбележување на „18-ти Август“ – Денот на АРМ, на Воениот стадион во Скопје, свечено беа отворени финалните спортски натпревари по повод Денот на АРМ. Финалните спортски натпревари ги отвори Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Насер Сејдини, кој на присутните им честита за покажаната желба и борба во текот на натпреварите. Генералот Сејдини во оваа прилика потенцираше дека спортот е значаен фактор во армиската обука и физичката подготвеност, но и во развивањето на натпреварувачкиот дух кој придонесува за подобро…

повеќе...